Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спикерот Џафери на 30 јули ќе го обелодени ставот за локалните избори

0
By НОВА ТВ Balaban on July 21, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 21, 2021 16:08

Спикерот на Собранието, Талат Џафери, на 30 јули, односно пред летниот одмор на пратеницте, ќе одржи брифинг со новинарите на кој би требало да го соопшти ставот за локалните избори, информираат од неговиот кабинет по изјавите и шпекулациите во јавноста околу можниот датум за одржување на политичката трка.

– Претседателот Џафери следниот петок, односно на 30 јули, ќе има брифинг со новинарите и тогаш ќе го  каже неговиот став за локалните избори – ни изјавија од кабинетот на  Џафери.

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека ќе бара согласност од партиите за локалните избори да се одржат на 31 октомври, за да се избегнело нивното поклопување со пописот. Ова, практично, би значело одложување на изборите со оглед на тоа што претседателот Талат Џафери, претходно најави дека изборите би требало да се одржат на 17 октомври, според Уставот.

– Имаме причина за одложување на изборите, а тоа, секако, е пописот кој ќе се спроведува во септември и не сакаме кампањата да се поклопи со него, и секако причината е пандемијата за одлагањето. Така што, ако не се промени тоа со закон, изборите треба да бидат до 17 октомври и ќе имаме поклопување на кампањата со Пописот. Предлогот доминанатно од партиите е да биде 31 октомври, ако се согласат и тоа ќе биде вградено во Изборниот законик, изјави вчера Заев.

Според Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ „датумот не може да се определува според личната желба на политичарите“..

– Уставниот и законски термин за локалните избори е 17 октомври, првиот круг. Сè друго би било неуставно и би можело да го загрози целиот изборен процес како незаконит и незаконски да им се продолжи мандатот на градоначалниците на коишто им истекува мандатот и на советите на општините, изјави пратеникот Милошоски.

Според изјавите, за партијата ДУИ сеедно е кога ќе се одржат изборите, додека за Алијанса за Албанците е прифатлив само  17 октомври  како датум за локалните избори.

Инаку, крајниот рок за распишување на изборите е 7 август, а промената на датумот за избори би требало да биде предложена со закон. Но, за тоа ќе треба да се сложат сите политички партии, бидејќи неопходно е двотретинско мнозинство за измена на Изборниот законик.

(Љ.Б.)

30 јули Антонио Милошоски датум Зоран Заев локални избори Собранието Спикерот Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.