Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопјанецот Јовица спасил девојче на плажа во Саранда

0
By НОВА ТВ Balaban on July 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 21, 2021 11:52

Скопјанецот Јовица Ѓорѓиев на градската плажа во Саранда, Албанија, вчера успеал да спаси 15-годишно девојче кое било извадено од морето во бесознание, без знаци на живот и помодрено. Јовица, кој инаку работи како возач во скопската Служба за итна медицинска помош, на Фејсбук раскажа дека извршил итна реанимација која била успешна.

Јовица, кој е на летување во Албанија, во критичните моменти се затекнал на местото на несреќата и откако успеал да го спаси девојчето, сите коишто се затекнале на плажата и биле сведоци на неговиот подвиг, му кажале Браво.

Вработените во скопската Брза помош се горди на својот колега.

– Нашите возачи се перфектно обучени и да пружаат итна медицинска помош, но, за жал, не се соодветно платени. Во  странство овие служби се нарекуваат парамедикуси, а кај нас се уште немаат статус, иако сите колеги се навистина екстра способни и за помош при вакви животозагрозувачки ситуации. Барем да добијат статус како помошен медицински персонал, – изјави за НоваТВ, д-р Силвана Михајловска Масловарис, дежурна докторка во Службата за итна помош.

Ѓорѓиев на Фејсбук раскажа за итната реанимација.

„На ова место на Градската плажа во Саранда извадија 15-годишно девојче (давеник) во бесознание и циенотични усни, со добар пулс. Пристапив по протоколите за давање прва помош на давеници што сме ги давале и со нашите обуки во Брза помош, го реанимирав и девојчето поврати вода и ја доби бојата на лицето како на здрав човек. Така средена и освестена ја предадов на колегите од Брза помош – Саранда во стабилна состојба и сите на плажа ми дадоа големо БРАВО за мојата стручност, смиреност и професионалност. Верувам дека младата девојка ќе биде повнимателна во следните денови“, напиша Ѓорѓиев на Фејсбук.

(Љ.Б.)

Албанија девојче Јовица Ѓорѓиев плажа Саранда спаси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.