Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
На Олимписките игри во Токио, според резултатите од новите тестови од 17 до 19 јули, се евидентирани уште девет случаи на инфекција со коронавирус, информира веб-страницата на организацискиот одбор Токио 2020 година. Случаите беа спортист од Јапонија, член на персоналот на една од екипите што пристигнаа во Јапонија, еден локален волонтер и шест локални изведувачи кои работеа на Олимписките игри. Вкупно, од 1 јули во Токио, бројот на заразени достигна 71 лице, вклучително и 31 странци. Сите тие се поврзани со Игрите. За потсетување, од 12 јули е воведена вонредна состојба во Токио поради влошената состојба на епидемијата. Летните олимписки…
Премиерлигашот Евертон на својата официјална веб-страница информира за отстранување од тимот на фудбалер кој е под истрага за сексуален престап – се води истрага за педофилија. – Во очекување на полициска истрага потврдуваме дека суспендиравме играч од првиот тим. Клубот ќе продолжи да ги поддржува властите во нивните истраги и нема да дава никакви други изјави во овој момент, се вели во соопштението. Претходно „Сан“ објави дека фудбалер на клубот од Ливерпул е уапсен под сомнение за сексуални злосторства врз деца. Играчот во моментов е ослободен со кауција во очекување на понатамошна истрага. – Полицајците уапсија 31-годишен маж на 16.…
Само што се вакцинирав, ни малку не ме болеше раката од вакцината, супер поминав! Не треба да се плашите од вакцина, таа многу ќе ви помогне ако се разболите од ковид-19, ни изјави 16-годишниот Бојан Наумовски денеска пред пунктот во скопската поликлиника Букурешт. Тој е еден од педесетте адолесценти кои до денеска напладне тука се имунизираа со вакцината Фајзер на првиот ден од вакцинацијата против ковид-19 којашто во целата земја почна и за деца на возраст од 12 до 17 години чии родители или старатели се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk. Бојан носеше маица со порака „Just do it“, па се…
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја разгледуваше епидемилошката состојба во државата. Лесно зголемување на позитивни од тестирани за ковид 19 има во Скопје и Тетово. Според анализите во Тетово, ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за ковид 19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации, информираа денеска од Министерството за здравство. Комисијата за заразни болести во моментов останува на досега препорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе…
Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, утре ќе му се приклучи на „клубот на астронаути“, со првиот свој лет преку неговата компанија „Блу ориџин“. Само две недели претходно, еден друг милијардер – основачот на „Вирџин Галактик“, Ричард Бренсон го имаше своето „огнено крштевање“ во вселената. Сепак, целите на „Блу ориџин“ се поамбициозни – во однос на височината до која ќе се издигне леталото „Њу Шепард“ на Безос, но и во однос на иднината. Имено, Безос ја основа вселенската агенција во 2000 година, со цел еден ден да се изградат вселенски колонии со вештачка гравитација во кои ќе работат и живеат…
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска заедно со волонтерите од Црвениот крст посети неколку семејства во Скопје, кои се дел од ранливите категории на граѓани и на кои им беа поделени хигиенски пакети. Преку проект поддржан од Светска Банка, Министерството за труд и социјална политика, обезбеди над 55.500 хигиенски пакети во вредност од 40 милиони денари, кои веќе се распределуваат низ државава. „За нас сите граѓани се важни. И никој не смее да биде изоставен. Социјалната реформа донесе значајни промени во помошта и поддршката која навистина им е неопходна на семејствата во ризик. Во време на пандемија…
Млади луѓе, за жал. сè почесто посегнуваат по својот живот. Последната трагедија што се случи пред три дена во Штип, кога се самоубија прво 25-годишно момче, а нецели 24 часа потоа и неговата 22-годишна девојка, односно вереничка, ја потресе јавноста не само во Штип, туку и во целата земја – граѓаните, особено родителите се исплашени и се прашуваат како и кога да се побара помош, како на лицата кои имаат такви суицидални намери блиските да се обидат да ги спречат во намерата, кога да побараат психијатриска помош пред да биде предоцна, пред јамката од јажето да биде ставена околу вратот……
Претседателот Стево Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, соопштија од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Законот е донесен со потребното мнозинство и притоа ниту еден пратеник, или пратеничка група не гласале против. Сите институции и поединци кои имаат сомневања во однос на уставноста на Законот, можат да се обратат…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 446.008 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.799 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.695 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 713.114 дози вакцини, а ревакцинирани се 267.106 граѓани. Со последните бројки 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 55% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 50% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина…
Вакцините против ковид – 19 ја намалуваат појавата на компликации и смртен исход од болеста, за да се постигне целта на вакцинацијата неопходно е да се вакцинираат што поголем број граѓани. Вакцини во нашата земја има доволно, а процесот на имунизација функционира одлично – за релативно краток период вакцинирани се голем број граѓани изложени на поголем ризик на компликации од болеста : 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 55% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина, 50% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина, 40% од…
Максимални температури од 39 степени Целзиусови вчера биле измерени во Демир Капија, Гевгелија и Скопје, а највисоките температури досега ова лето се измерени во јуни, 41 и 42 степени во Гевгелија и Демир Капија. А поради транспорт на прашина од Сахара, атмосферата вчера и денеска е заматена, велат синоптичарите од УХМР. Во врска со забелешките на многумина граѓани на Скопје дека вчера чувствувале како да било најтопло од почеток на летово, од УХМР појаснуваат: – Влагата во воздухот вчера не беше зголемена, а така е и денеска. Највисоки температури измерени во овој месец се на 1 јули со максимални 40…
Судијата Горан Бошевски, од Кривичниот суд Скопје, неодамна разрешен и суспендиран од Судскиот совет, постапувал по 28 предмети (два се веќе завршени) и истите се поставени во системот АКМИС за расподелување кај другите судиите од Секторот за организиран криминал, брифираат од Кривичниот суд Скопје. Додека судијата поротник Митко Сандев, освен во предметите Талир, Тендери, Титаник и Топлик учествувал и во пет други предмети. Од 2013 година согласно систематизацијата на Кривичен суд предвидени се да работат 200 судии поротници, односно актуелно во Кривичниот суд Скопје имаа 54 активни поротници и шест поротници избрани на 14 јули, кои дополнително треба да почнат…