Author: НОВА ТВ Balaban

Во општина Карпош се поставува „Репелент” – средство за превенција, односно заштита од змиите , откако беше спроведена редовната дезинсекција и дератизација, како и акција за спречување на појава на влекачи по населените места. – Службите поставуваат „Репелент” во Жданец, Трнодол, околу градинките и детските игралишта. Средството е безопасно за луѓето, животните и околината, а ја намалува појавата на влекачи. Истите се појавуваат во повисоките места и долж Вардар, каде што вегетацијата е распространета, информираат од општина Карпош.

Read More

Улиците „Димитрије Чуповски“ и „Даме Груев“, како и дел од булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ во центарот на Скопје денеска ќе имаат изменет режим на сообраќај, поради одржување на „Парада на гордоста“ од 12 до 17 часот, информираа од Министерството за внатрешни работи. – Предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена Борец“, која започнува во 12:00 часот е по улица „Димитрије Чуповски“, свртување на улица „Даме Груев“ и булевар „ВМРО“ кон Владата на РСМ, па по булевар „Илинден“ до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка“ во Градскиот парк во 17:00 часот. Единицата за безбедност на патниот…

Read More

Американската влада го објави долгоочекуваниот извештај кој требаше да потврди или демантира дали 144-те објекти кои ги виделе пилотите на американската авијација во 2004 година се неидентификувани летечки објекти. Но, и најновиот извештај кој го објави Конгресот, откако им бил даден на увид не може да ги потврди овие појави кои владата на САД ги нарече „неидентификувани воздушни појави“. Во обемниот извештај стои дека сите наводи на воените и на разузнавачките аналитичари, не располагале со доволни податоци за да го утврдат потеклото на мистериозните летечки објекти кои ги гледале воените пилоти, вклучувајќи го и прашањето дали станува збор за напредни…

Read More

Поранешниот полицаец Дерек Шовин кој го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд минатата година на улица во Минеаполис,се соочи со 22,5 години затворска казна. Начинот на кој беше убиен Флојд, предизвика планетарна осуда како и осуда во Американското општество каде повторно излегоа на површина темите за вредноста на човековите права, расните разлики , полициската бруталност.   Американскиот претседател Џозев Бајден, казната за Шовин ја оцени како „соодветна“ и дека не е запознат со сите детали.    Обвинителството на државата Минесота бараше 30 години затвор за Шовин, а тој во април беше осуден за ненамерно убиство од втор степен,за убиство од трет степен…

Read More

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ноќеска во 01:18 часот ја погоди Црна Гора. Епицентарот на земјотресот бил на седум километри северно од Херцег Нови на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за материјални штети.

Read More

Во политичките партии почна изборот на кандидати за градоначалници и советници коишто ќе се тркаат на локалните избори во октомври годинава. Во Социјалдемократскиот сојуз јавниот повик е отворен до 30 јуни, па веќе почнале да се одржуваат состаноци во општинските организации на кои паѓаат предлози кои личности да бидат кандидирани за претстојните локални избори. А на повикот може да се јават и оние коишто не се членови на оваа партија. Засега од партиите не откриваат колку од актуелните градоначалници со својот „минат труд“ заслужија пак да бидат ставени на изборните листи за градоначалници, а колку од номинираните ќе бидат сосема…

Read More

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби официјално известување од Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ дека Република Северна Македонија (РСМ) го доби статусот на земја слободна од болеста чума кај малите преживари (овци и кози), со што го исполнивме условот земјава од страна на Европската Комисија да биде одобрена за извоз, не само на месо од овци и кози, туку и на живи животни и нивни производи, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство. – Добивањето на сертификатот за слободна земја од оваа болест, согласно препораките од Научната комисија за болести кај животните и Светското…

Read More

Тропските горештини што ја зафатија и нашата земја кулминираат денеска и утре со температури и над 40 степени Целзусови во југосточниот регион, па активирано е портокалово, а во јужновардарскиот регион и црвено ниво за опасност. Скопјани, но и жители на другите градови, почнаа да колабираат среде улица, но и пред банка, на пазар, но и во градски автобус, и покрај тоа што возилата се климатизирани. Еден од најтоплите градови денеска е Гевгелија, каде во 14 часот температурите веќе достигнале 41 степен, а, како што прогнозираат од УХМР, до 17 часот ќе се зголемат до 43 степени! Во Скопје во 14…

Read More

Грчката полиција уапси поп кој претходно нападнал група епископи во манастирот Петраки во Атина, фрлајќи им киселина. Седум епископи кои се состанаа да разговараат за разрешувањето на свештеникот се здобија со изгореници на лицето и рацете и итно биле пренесени во болница, објави Ројтерс. Со изгореници се здобил и чуварот на манастирот, кој успеал да го фати свештеникот пред портата и бил пренесен во болницата. Инаку, попот во 2018 година бил фатен со неколку грама кокаин, по што се соочил со исклучување од црквата, пренесе агенцијата АТА.

Read More

Утре ќе се задржи многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината, кои на места во југоисточниот дел од земјата ќе го надминат 40-тиот степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Извесно опаѓање на температурата ќе има в недела и понеделник, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што најави претходно УХМР, денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд…

Read More

Најмалку две лица се пренесени во болница откако 12-катна зграда се урна во Мајами. Не е познато колку луѓе имало во моментот на уривањето во зградата. Локалните медиуми јавуваат дека под урнатините се слушале повици за помош. Сведок на несреќата раскажува дека луѓе се обидувале да се спасат од терасите. BREAKING: Multi-level building collapse reported in Surfside, Florida. Multiple emergency agency’s responding. #miami pic.twitter.com/xDlVUeTfle — Izzy (@YWNReporter) June 24, 2021 Полицијата спасува луѓе, објавија репортерите од местото на настанот, а повеќе од 80 пожарникарски екипи стасале на местото на несреќата. Зградата била изградена во 1981 година и имала 130 станови.…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери на крајот на јули или почетокот на август ќе ги распише локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври. Тоа, како што истакна, ќе зависи од информациите кога завршуваат мандатите на градоначалниците. Претседателот на Собранието на средбата со новинарите рече дека нема да остави простор некој да искористи некој формален аспект на „пропуст”, што потоа би бил подлога за суштински аспект со што би го довел во прашање целиот изборен процес. Доколку изборите би се одржале на 17 октомври, Џафери предупреди дека тогаш изборната кампања би можела да се поклопи неколку…

Read More