Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Министерот за здравство, Венко Филипче, меѓу сите министри во Владата најдобро си ја врши работата, вака се изјасниле најголем број граѓани во анкетата на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). На прашањето на ИРИ „Кои три министри од владата најдобро си ја работат својата работа, со изедначен вкупен процент од 17% се премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Филипче. Како највредни во Владата, 13 отсто од испитаниците прво го спомнале претседателот на Владата Заев,а прв избор на граѓаните од министрите е Филипче, по него министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Локалните избори, квалитетот на животот и…
Американскиот претседател Џо Бајден Прес конференцијата ја почна со кусо образложение на разговорите со Рускиот претседател Путин на кој му рекол дека ,, мојата агенда не е против Русија но е за Америка“ и дека човековите права се дел од ДНК на Обединетите држави и затоа како претседател ќе ги штител и унапредувал демократските слободи и права. Разговорите со Путин, Бајден ги оцени дека биле ,, разговори со позитивен тон и убедливи“. Рече дека му соопштил на Путин што имал намера да прави, оценувајќи дека меѓу двете земји има многу полиња од заеднички интерес на кои може да се работи…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 452.093 граѓани, информираа од Министерството за здравство. На вакциналните пунктови во државата, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 263.083 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.606 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 5.611 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 458.131 дози вакцини, а ревакцинирани се 195.048 граѓани. Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е…
Состанокот меѓу американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин, почна денеска околу 13 часот. Вилата ,, Ла Гранж“ од 18 век со поглед на Женевското езеро и опкружена со паркови од 30 хектари, каде се одржува Самитот, е буквално забарикадирана од неколкуилјадното обезбедување од копно, вода и воздух. Поточно, за безбедноста се грижат меѓу 3.000 и 4.000 полицајци. Во собата во која се одвиваат разговорите во вилата ,, Ла Гранж“ има голема библиотека со илјадници стари книги напишани на кинески, француски, на персиски и на турски јазик и ниту една на англиски или на руски јазик. На еден…
Московскиот градоначалник, Сергеј Собјанин, денеска нареди воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот за сите вработени во услужниот сектор, како дел од борбата против драматичната епидемиолошка ситуација во рускиот главен град. – Едноставно, треба да сториме се што е можно за да извршиме масовна вакцинација што е можно поскоро и да ја запрема оваа страшна болест и да ја запреме смртта на неколку илјади луѓе, рече Собјанин. Градоначалникот на Москва цела оваа недела ја прогласи за неработна поради зголемениот број на заразени со коронавирусот. Во моментов во Москва се хоспитализирани 12.000 лица. Најавата на Москва за задолжителна вакцинација против коронавирусот е прва…
Од следната недела земјите членки на ЕУ ќе дозволат влез за патници од Македонија со потврда за вакцинација или PCR тест, дознава НоваТВ. По надолниот тренд на ширење на коронавирусот, земјите на ЕУ почнаа да ги креваат рампите за влез. Како што претходно јави ДПА, Европската унија треба постепено да ги олесни корона ограничувањата за влез за патниците од САД и седум други земји по договорот од средата меѓу 27-те земји-членки. Патниците од САД, Албанија, Хонг Конг, Либан, Макао, Македонија, Србија и Тајван треба полесно да влегуваат во Унијата, изјави португалското претседателство со ЕУ за германската агенција. Меѓутоа, останува на секоја…
И покрај големата скепса кај голем број аналитичари и тинк-тенк организации, за тоа што би донела американско-руската средба на врвот што ќе се одржи во швајцарската метропола Женева во вилата ,,Ла Гранж“, не е мал бројот и на оние кои сметаат дека со самото тоа што претседателите Џо Бајден и Владимир Путин се среќаваат тет-а-тет, за почеток барем ќе ја испрати пораката дека и едната и другата страна, барем пред светот, си придаваат важност кога е во прашање кроењето на светската геостратегиска мапа. Организаторите на средбата , се погрижиле во сè да има симболика што ќе праќа порака, па дури…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата, Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе оствари работна посета на Софија. Целта на посетата, како што информираат од владината прес-служба, е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија. Премиерот и владината делегација ќе остварат работни средби со претседателот на Бугарија Румен Радев, со премиерот на Бугарија Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во Република Бугарија.
Франција триумфираше синоќа над Германија на „Алијанц Арена“ во Минхен со минимални 1:0 (1:0) во последниот натпревар од првото коло во групната фаза на ЕУРО2020. Победата на Французите, кои никогаш досега не загубиле воведен натпревар на Европските првенства, им ја донесе Матс Хумелс со автогол во 18 минута. Франција беше блиску до удвојување на предноста во 52 минута кога обидот на Адријан Рабио заврши во стативата, а набрзо потоа Серж Гнабри на спротивната страна пропушти колосална шанса за израмнување на резултатот. Килијан Мбапе и Карим Бензема во завршните 25 минути ја сместија топката во германската мрежа, но и двата гола беа поништени…
За случајот 27 април се изнесуваат невистини. Критиката од опозицијата е секојдневна, но ниту една нереална критика којашто не е заснована на факти, не допира до мене. Политиката кај мене нема влијание, рече денеска во претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Таа пред почетокот на тркалезна маса во одговор на новинарско прашање околу изнесените критики од ВМРО-ДПМНЕ, дека за претседателка е избрана поради затворските пресуди кои ги донела за осудените во предметот за упадот во Собранието на 27 април, посочи дека станува збор за невистини поради кои се доведува во заблуда јавноста. – Не може да стане збор за уставобранители…
Возбудата беше преголема, а речиси сите останавме без глас од скандирањето за Македонија! Презадоволни сме што во живо во Букурешт завчера го гледавме првиот настап на нашите фудбалери на европското првенство. Да можеме, би оделе и задутре на втората утакмица со Украина – раскажува Велимир Тричковски, физиотерапевт на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Тој зедно со уште 20 колеги присуствуваа на првиот меч на македонската репрезентација против Австрија, којшто, за жал, го загубивме со 3:1. Во Романија отпатуваа инфектолози, специјалисти, лаборанти, медицински сестри, болничари, физиотерапевт. Тие вчера се вратија во Скопје, а некои веднаш преземале смена и продолжиле со…
Донација од 20.000 дози вакцини на Астра Зенека од грчката Влада денеска пристигна во Македонија. – Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини Астра Зенека. Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција, Н.Е. Русос Кундурос и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче. За време на примопредавањето на вакцините на скопскиот аеродром на министерот Филипче и на амбасадорот на Република Грција, Н.Е. Русос Кундурос, им се придружил и премиерот Зоран Заев, кој се…