Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Навивачите од Инфективна: Сите скокнавме кога Пандев го даде голот, би оделе и на мечот со Украина

0
By НОВА ТВ Balaban on June 15, 2021 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 15, 2021 13:14

Возбудата беше преголема, а речиси сите останавме без глас од скандирањето за Македонија! Презадоволни сме што во живо во Букурешт завчера го гледавме првиот настап на нашите фудбалери на европското првенство. Да можеме, би оделе и задутре на втората утакмица со Украина – раскажува Велимир Тричковски, физиотерапевт на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Тој зедно со уште 20 колеги присуствуваа на првиот меч на македонската репрезентација против Австрија, којшто, за жал, го загубивме со 3:1.

Во Романија отпатуваа инфектолози, специјалисти, лаборанти, медицински сестри, болничари, физиотерапевт. Тие вчера се вратија во Скопје, а некои веднаш преземале смена и продолжиле со работа на клиника.

Медицинарите од Инфективна раскажуваат дека, заедно и со другите навивачи од Македонија, биле убаво пречекани во Романија, а нагласуваат дека се задоволни од одличната организација на првенството, особено од односот на полицијата и од волонтерите на УЕФА.

– Ги освоивме и срцата на жителите на Букурешт и тие ни ја дадоа целата поддршка и за нашата репрезентација и нам како навивачи – нè поздравуваа секаде кадешто се движевме. Букурешт  беше обоен во црвено и жолто од нашите знамиња што ги виоревме постојано и низ градот, а особено на трибините во Националната арена. Домаќините беа одлични, а пријатно сме изненадени и од тоа што полицијата беше целосно во служба на нас, навивачите и тоа од влезот во Романија и прифаќање на граница на нашиот автобус за директно да возиме за Букурешт, па сè до организиран транспорт до стадионот во неделата попладне – вели Тричковски.

Пред да влезат во градот, тие прво биле однесени на тестирање за Ковид -19, а за да влезат на стадионот поминале низ три контроли.

Пред натпреварот, вработените од Инфективна велат дека во Букурешт шетале најмногу во стариот град, заедно со останатите околу 2.000 навивачи од цела Македонија.

– Запоседнавме речиси 50 отсто од кафулињата во стариот град, додека Австријците беа помалубројни…Атмосферата беше многу добра цело време, а вистинското доживување и возбуда нè  преплавија на трибините – почнувајќи од интонирањето на нашата химна, а кога Пандев го даде голот со кој изедначивме, бевме пресреќни, сите скокнавме од радост! Само што на стадионот гласните жици веќе нè  издадоа, бидејќи уште кога тргнавме од Скопје почнавме да пееме и да скандираме… Но нè понесе сета атмосфера таму, тоа што Македонија првпат игра на европско фудбалско првенство и еве презадоволни се  вративме во Скопје. Се надевавме на победа, но тоа е фудбал… – додава Велимир.

ФФМ им подари билети на овие навивачи, а Телеком им го организираше автобускиот превоз.

Пишува: Љубица Балабан

Букурешт Велимир Тричковски Инфективна Македонија скандирање фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.