Author: НОВА ТВ Balaban

Американската атлетичарка Шелби Гулиган, шампионка на 1.500 и 5.000 метри во затворен простор во 2019 година е суспендирана на четири години поради позитивен тест за анаболен стероид. Неколку дена пред почетокот на квалификациите за Олимписките игри во американскиот тим, 28-годишната атлетичарка призна дека во нејзиниот примерок од јануари е пронајден нандролон. Гулиган, која беше кандидатка за медал во Токио 2020, тврди дека намерно не земала допинг и дека забранетата супстанца можела да влезе во нејзиното тело преку контаминирано месо. -Направив сè што можев за да ја докажам својата невиност. Поминав полиграфски тест, а косата ми ја тестираше еден од водечките…

Read More

Во Стопанската Комора на Букурешт во Романија од денеска до 18 јуни е отворена „Неделата на македонски производи“, каде што се изложени штандови со брендови од прехранбената, млечната, кондиторската и винската индустрија од повеќе македонски компании. Инаку, како што соопштија организаторите, пред отворањето на  „Неделата на македонски производи“ директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески денеска на романските стопанственици им ги презентираше македонската бизнис клима и извозните потенцијали. Присутните стопанственици беа запознаени со поволностите кои што се на располагање на инвеститорите, поддршката на извозот како и со условите за трговска соработка. -Традиционално добрите врски и пријателски односи меѓу…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 1.337 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3 и  Прилеп  – 1. Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Неготино и Македонска Каменица  –  по 1. Пријавено е 1 починато лице:  од Скопје (66г), во болнички услови. Направени се 1.337 тестови преку: ИЈЗ-28, ЦЈЗ Скопје-27, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми…

Read More

Владата и Здружението на судии постигнаа согласност за зголемување на платите на судиите од 15 проценти. Десет проценти оваа година, а пет години следната, изјави денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ. Ова зголемување, нагласи Маричиќ, очекуваме да важи и за судските службеници, а ќе се разговара и за јавните обвинители. Тој најави дека ќе се разговара и за зголемување на платите за уште дополнителни пет проценти за 2023 година и со цел да се стигне до посакуваните 20 проценти. –  Нашата Влада зазема став дека судската власт е особено важна и дека статусот треба постојано да се зајакнува – тоа…

Read More

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, истакна денеска дека препораката на ресорното Министерство е во заштитените подрачја да се легализираат само дивоградбите кои се дом на жители. – Сакам да се повикам на Законот за нелегални градби каде јасно е укажано дека без дозвола од МЖСПП кадешто ќе се предвидува и постоење на зелени површини околу тие градби, нема да се добијат дозволи за градба – тоа се нашите укажувања. Законот се врати пак на Влада, на владина расправа, нашата препорака од МЖСПП е дека треба да се легализираат само оние градби коишто се во сопственост на…

Read More

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови (ЕМА), рече дека вакцината „Астразенека“ има далеку поголема корист од ризици за сите возрасни групи, особено за луѓето постари од 60 години. Италијанскиот весник „Ла Стампа“ претходно го цитираше Кавалери кој, наводно, изјавил дека вакцината на „Астразенека“ треба да се избегнува за лица постари од 60 години, поради страв од ретки случаи на згрутчување на крвта. – За жал, моите зборови не беа добро интерпретирани во интервјуто за „Ла Стампа“. Вакцината на „Астразенека“ има многу повеќе придобивки отколку ризици за луѓето од сите возрасти, а особено за…

Read More

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се подготвува денеска да објави дека „Денот на слободата“ ќе се одложи за најмалку две до четири недели. Велика Британија, најверојатно, ќе го одложи укинувањето на сите мерки против пандемијата, за да се избегнат илјадници хоспитализирани. Претходно, Владата соопшти дека целосното отворање на земјата ќе биде на 21 јуни, кога требаше да бидат укинати последните ограничувања, но сега се очекува сите планови да бидат одложени поради брзиот пораст на бројот на заразени со индискиот делта вирус. Повеќе од 90 проценти од заразените во Англија последните денови ја имаат оваа варијанта на вирусот, а здравствените…

Read More

Владата на САД испитува протекување во кинеска нуклеарна централа во последните седум дена откако француска компанија, што е делумен сопственик, предупреди на непосредна радиолошка закана, јави Си-Ен-Ен. Предупредувањето вклучува и обвинувања дека кинеската безбедносна администрација ги зголемила прифатливите нивоа за откривање на радијација за да се избегне затворање на нуклеарната централа Таишан во провинцијата Гуангдонг. И покрај алармантната најава, администрацијата на Бајден смета дека ситуацијата се уште не е критична, пренесува Си-Ен-Ен, истакнувајќи дека иако американските власти веруваат дека ситуацијата во моментов не претставува сериозна закана за безбедноста, необично е странска компанија да бара еднострано помош од американската влада кога…

Read More

„Победа„, „Победа“! Еве подготвени сме да навиваме за нашите фудбалери и да ги бодриме утревечер директно од трибините на стадионот во Букурешт. Поаѓаме сега во 18.30 часот од Скопје, сите сме весели и расположени за скандирање „Напред, Македонија!“, а широко ќе ги развиориме и нашите знамиња на стадионот , изјави денеска за НоваТВ Велимир Тричковски, физиотерапевт на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, пред поаѓањето за Романија на Европското првенство ЕУРО 2020. Тој е еден од 20ина вработени од Инфективната клиника, коишто ќе утревечер бидат меѓу најгласните навивачи за нашата репрезентација. Фудбалската федерација на Македонија им подари…

Read More

И покрај бројните истражувања и клинички студии, изминатите 18 години (колку што поминаа од последниот лек одобрен за Алцхајмерова болест), беа одбележани со молк кога зборуваме за пронаоѓање на лек за оваа болест и сега за првпат по толку време овој молк е прекинат. Па 7 јуни, денот кога FDA (Food and Drug Administration) го одобри за користење aducanumab, веројатно долго ќе остане дата за паметење, не само меѓу научната јавност, туку и меѓу сите семејства кои имале и имаат свој близок со деменција, вели во интервјуto за НоваТВ, dr sci med. Габриела Новотни, невролог на Универзитетската Клиника за неврологија…

Read More

Градот Скопје ги известува граѓаните дека в понеделник, на 14.06.2021 година, ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира во раните утрински часови в понеделник, а во текот на денот ќе се врши дезинсекцијата од земја. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на…

Read More

По речиси 20 години, во контроверзна одлука, Американската управа за храна и лекови (ФДА),  го одобри првиот нов лек за Алцхајмерова болест, пренесува „Си-Ен-Ен“. Од ФДА ги игнорирале предупредувањата од независните советници дека третманот не покажал дека помага во забавување на болеста што го уништува мозокот. Од оваа Американска управа за храна и лекови соопштија дека даваат одобрување за користење на лекот на фирмата Биоген кај пациенти со Алцхајмер. Но ФДА побарала од производителот да спроведе дополнителна студија за да ги потврди придобивките на лекот за пациентите. Доколку студијата не ја покаже ефикасноста, ФДА може да го повлече од пазарот,…

Read More