Author: НОВА ТВ Balaban

Приморскиот град Валона, синоќа, кусо по полноќ повторно го вознемири убиство од мафијашки тип, пренесува Топ чанел. Пред вратата на неговиот дом убиен е Шкелзен Велај (42), кон кого напаѓачите рафално испукале најмалку 30 куршуми, од кои 15 завршиле во неговото тело. -Настанот се случил во населбата „24 Мај“, а Велај бил застрелан со „Калашников“ на влезот од неговот дом, на петтиот кат од зграда. На враќање кон домот Велај забележал дека е следен од сомнителен автомобил, по што излегол од неговото возило и со трчање се упатил во зградата, но убијците го стигнале токму пред влезната врата на станот,…

Read More

Активната транспарентност на министерствата, Владата и на општините за 2021 година во однос на минатата година е подобрена за 5 процентни поени, односно од 58 % на 63 %, објави Центарот за граѓански комуникации во редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност. За првпат откако се изработува индексот (од 2016 година), дури две институции добиле максимални 100 %, односно ги објавуваат сите предвидени информации. Станува збор за Министерството за одбрана, кое и лани беше на првото место, и Општина Карпош, која лани беше трета. Како што се наведува во извештајот, министерствата и Владата просечно објавуваат 79 %…

Read More

Кај дел од лицата кои прележале ковид-19 потврдено е дека и со една доза на некои од вакцините, најчесто „Фајзер“ но и кај други вакцини, се постигнува одличен имун одговор, поточно нивото на антителата кај овие лица е многу високо. Но ваквата состојба не е идентична кај сите прележани, затоа што имаше многу лица кои асимптоматски или без воопшто создавање на антитела ја прележале болеста. Досега нема официјална препорака за давање на само една доза на вакцина ниту од меѓународните здравствени организиции како СЗО, ниту од регулаторните тела ЕМА или ФДА или од производителите на вакцините, вели во интервју за…

Read More

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на Европско првенство во фудбал 2020 промовираше денеска АД Пошта на Северна Македонија. Но на настанот не присуствуваа ни потпретседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Лазар Ракиџиев, ниту селекторот Игор Ангеловски-Мрме. – За жал, потпретседателот на Фудбалската федерација не смогна сили да дојде и покрај поканата на овој настан кој е настан на целата држава, непотребно фрлен во сенка на еден искрен и чесен пристап на вработените на АД ‘Пошта на Северна Македонија’“, изјави генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, Јани Макрадули. На промоцијата, која се…

Read More

Ако не постеше Договорот од Преспа, сега на нашата северна граница ќе ја имавме ситуацијата што ја имаме југозападно од нас, ќе имавме Либија на нашата северна граница. Таму ќе имавме постојано присуство на Турција, вели лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за грчката регионална телевизија „Стар“, јави дописничката на МИА од Атина. Поранешниот грчки премиер истакна дека, како одминува времето, дури и оние што беа критични кон договорот ги сфаќаат придобивките што ги има за Грција. – Не е само тоа што донесовме решение кое обезбедува мир и стабилност во регионот, дека донесовме решение создавајќи сојузник на нашата…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-1 од: Скопје – 15, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 2, Битола, Струмица, Неготино и Радовиш – по 1. Регистрирани се 90 оздравени пациент од: Скопје – 50, Куманово – 8, Велес – 5, Тетово, Струмица, Кочани и Кратово – по 3, Битола, Гостивар, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Берово, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1. Пријавени се вкупно…

Read More

Вооружени лица денеска се обидоа да извршат атентат на министерот за труд на Уганда, генерал Катумба Вамала, но притоа ја убија неговата ќерка и возачот на автомобилот, а поранешниот командант на војската е ранет, соопштија армискиот портпарол и локалните медиуми. Четворица напаѓачи на мотоцикли отвориле оган кон возилото во кое се наоѓал генерал Катумба Вамала, во предградието на Кампала, Киасаси, јави локалната телевизија НБС. Снимките кои кружат на социјалните мрежи го покажуваат Вамала со отворена уста, во очигледна неволја покрај автомобил, и светло панталони испрскани со крв. На снимките од социјалните мрежи може да се видат и дупки од куршуми…

Read More

Во Сирија за време на една деценија војна имаше речиси половина милион жртви, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР). Сириската невладина организација ги објави новите податоци откако ја потврди смртта на 100.000 луѓе. „Огромното мнозинство на потврдени смртни случаи се однесува на периодот од крајот на 2012 година до крајот на 2015 година“, рече директорот на Опсерваторијата, Рами Абдул Рахман. Според Опсерваторијата, во сирискиот конфликт од 2011 година досега починале вкупно 494.438 лица. Војната во Сирија влезе во 11-та година во март, а повеќе од 12 милиони луѓе се раселени или протерани, според Обединетите нации. Исто така предизвика…

Read More

Добрите економски и билатерални односи меѓу Србија и Северна Македонија може дополнително да се унапредат со јакнење на динамиката и темпото на работа за изедначување на деловното опкружување и постигнување поголема вредност на регионот како една дестинација за инвестирање пред меѓународните пазари и институции, вели претседателот на Стопанската комора и ко-престедател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески во интервју за српскиот дневен весник „Вечерни новости“. Ова, како што истакнува, може да се направи преку заеднички проекти и заеднички инвестиции на сродни компании од двете земји, преку унапредување и продлабочување на економската соработка. -Еден од општите предуслови за поттикнување и продлабочување…

Read More

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека процесот на имунизација нема да биде прекинат, најавувајќи пристигнување на нови вакцини и продолжување на процесот со истата динамика. Како што најави тој, се очекува пристигнување на руски и кинески вакцини. Тој вчера се слушнал со рускиот амбасадор, кој треба да исконтактира со Институтот во Москва и да информира кога треба да пристигнат вакцините. „ За Спутник и Синовак сè уште немаме точни датуми. За Спутник имаше најави дека испораката ќе биде околу крајот на мај, но досега не се пристигнати. Најавата за пристигнување на вакцините Синовак е за почетокот на јуни. Како…

Read More

Утрово се сретнав со семејството на 40 годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи. Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на 10 месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест, никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче. Во неделата…

Read More

Независната угостителска комора бара да се дозволи музика на сите прослави, а не само на свадбите и предупредува дека препораката на Комисијата за заразни болести да се дозволат прослави ќе предизвика  хаос во работењето и во новото секојдневие. „Да не се чудиме ако од утре во сите угостителски објекти имаме секој ден пладневни и вечерни свадби сѐ со цел да овозможиме присуство на музичари и постанеме држава во која ќе има и по илјада свадби на ден поготово преку викенди“, велат од НУК. Оттаму додаваат дека Комисијата за заразни болести и понатаму предлага мерки и препораки за работењето на угостителските…

Read More