Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека процесот на имунизација нема да биде прекинат, најавувајќи пристигнување на нови вакцини и продолжување на процесот со истата динамика. Како што најави тој, се очекува пристигнување на руски и кинески вакцини.

Тој вчера се слушнал со рускиот амбасадор, кој треба да исконтактира со Институтот во Москва и да информира кога треба да пристигнат вакцините.

„ За Спутник и Синовак сè уште немаме точни датуми. За Спутник имаше најави дека испораката ќе биде околу крајот на мај, но досега не се пристигнати. Најавата за пристигнување на вакцините Синовак е за почетокот на јуни. Како што рекоа, првата недела или првите 10 дена, треба да почекаме“, изјави Филипче.