Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Oсновно сидро кое овозможува надминување на многуте предизвици во минатото, но и сега, е цврстата определба на Народната банка за примена на монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот, како клучен столб на стабилноста на македонската економија. За ефикасното спроведување и функционирање на монетарната политика, особено во неизвесни периоди, важен придонес имаат финансиските пазари и банките коишто ги следат сигналите на централната банка и соодветно реагираат преку своите деловни политики и активности. Ова беше истакнато од страна на вицегувернерката Емилија Нацевска во поздравното обраќање на 27то Годишно собрание на АЦИ здружение на финансиските пазари. Енергетската криза од крајот на 2021…
Станува збор за тест кој дава анализа на вредностите, со што се поттикнуваат позитивните страни на поединецот и се избегнуваат потенцијалните конфликти во групата, изјави за љубљанскиот весник „Дело“ претседателката на Парламентот, Уршка Клакочар Жупанчич. Новиот словенечки премиер Роберт Голоб го користи своето корпоративно искуство за избирање луѓе кои ќе преземат важни функции, па сите парламентарци од неговата партија морале да одговорат на 12 прашања од тестот Галуп, со кој во компаниите се мери ангажираноста и мотивацијата на вработените. Станува збор за тест кој дава анализа на вредностите, со што се поттикнуваат позитивните страни на поединецот и се избегнуваат потенцијалните…
Силното невреме од дожд и град предизвика поплави и големи сливови на вода во рудникот Суводол, од каде се носат најголемите количини јаглен за РЕК Битола. Силното невреме кое вчера го зафати подрачјето на рудникот предизвика големи дотоци во откопното поле и на позициите каде се лоцирани големите багери и системи за транспортирање на јагленот. Комбинатот во моментот работи со сите човечки и технички ресурси кои ги поседува на санација на состојбата и на непречен ископ на јаглен, кој сепак се одвива под отежнати услови, инфомрираа денеска од РЕК Битола, АД ЕСМ-подружница Новаци, Битола. Раководителот на производство во Рудници-РЕК Битола, Димитар Петковски,…
Кралицата Елизабета Втора од 2 до 5 јуни ќе го прослави платинестиот јубилеј, 70 години на британскиот трон. Настанот ќе биде проследен со 16.000 улични забави низ Англија, а Кралските совети во Англија објавија дека добиле „голем број апликации“ од граѓани кои сакаат да учествуваат на прославата на 70-годишнината од британскиот трон, пишува лондонскиот дневен весник Гардијан. Во текот на викендот, неколку Кралски совети низ Англија се откажаа од административните такси за затворање на патиштата, а на 4 јуни во Мерсисајд ќе се одржи улична парада, на која ќе настапат играчи, тапанари и акробати, како и ученици од локалните училишта.…
На 28.05.2022 по претходно преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од Единица за внатрешни работи – ОКР Аеродром и Драчево при СВР Скопје околу 02.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Аеродром лишен е од слобода 17-годишник од с.Зелениково, скопско, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“ на 27.05.2022 во 18.30 часот во спортска обложувалница во нас.Драчево. Тој е приведен во полициска станица и при извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници, признал дека извршил десет кривични дела „разбојништво“ и ги појаснил истите. Имено, на 27.05.2022 околу 09.00…
Сите околности во аферата “Криминални парцели“ во која се проневерени околу 1,6 милиони евра водат до луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, Белиот дворец и блиски на Христијан Мицкоски. Шест од седум осомничени во оваа криминална афера се тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, изјави денеска на прес-конференција Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ. Таа додаде: Оттука, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“? Дали 1,6 милиони евра завршиле за финансирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ? Или за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ? Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор Никола Груевски и преку…
Русите нема да можат да го заземат регионот Луганск во наредните денови, како што предвидуваа аналитичарите. Ќе имаме доволно сила и ресурси да се браниме. Сепак, можеби ќе треба да се повлечеме за да не бидеме опколени, објави тој на Телеграм. Гувернерот на украинската област Луганск, Серхиј Хајдај денеска изјави дека во тој источен регион, што речиси целосно е под руска контрола, се наоѓаат околу 10.000 руски војници. – Овие единици се постојано во регионот на Луганск, обидувајќи се да нападнат и да напредуваат во која било насока, изјави Хајдај за украинската телевизија. Западните медиуми не можеа независно да го потврди…
Премиерот Димитар Ковачевски вчера при посетата на Мавровскиот регион направи увид на делницата Извор – Гарски Мост, во должина од 19 километри. Со овој пат ќе се овозможи целосно подобрување во врските меѓу Кичево, Дебар и албанската граница што значи побрзо и непречено одвивање на сообраќајот во југозападниот плански регион, при што ќе се скрати времето на патување меѓу Кичево и Дебар, информираа денеска од Владата. Премиерот Ковачевски истакна дека овој патен правец е значајна врска со Дебар и до границата со Република Албанија.„Патот има посебно значење за регионот, за развој на туризмот, како и за подобрување на условите за живот…
Со сите овие награди, „Ана Каренина“ е најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско народно позориште – Нови Сад, а истовремено го вбројува македонскиот режисер Дејан Пројковски во редот на најзначајните театарски режисери на денешнината, не само во Македонија туку во целиот регион. Прексиноќа, 26.05.2022 година на завршната вечер на 39-то издание напрестижниот Театарскиот фестивал „Денови на Нушиќ“ во Смедерево, Србија, свечено беше прогласен победникот на Фестивалот, претставата „Ана Каренина“ според романот на Толстој, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а во продукција на Новосадско Народно Позориште – Нови Сад. Претставата на нашиот Пројковски, еден од најнаградуваните и најпродуктивните македонски…
Оштетената, исплашена и испаничена во тој момент, влегла во автомобилот, а осомничениот веднаш по неа влегол и седнал на задните седишта. Тој и наредил да го стартува автомобилот и да вози кон неговото живеалиште, заканувајќи и се дека таму ќе ја силува. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено дека при вршење семејно насилство, сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од КЗ, кривично дело – Присилба од член 139 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Неизвршување на судска…
Невреме со грмотевици го погоди северозападниот дел на Хрватска, а дуваше силен ветер и паѓаше пороен дожд, јавија утринава хрватските медиуми. На подрачјето на Бјеловар и Копривница, пожарникарите синоќа имаа технички интервенции за отстранување на дрвја и гранки од сообраќајниците, а имаше и повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија, пренесува Хина. Во Копривница и околината пожарникарите цела ноќ беа на терен и ги отстрануваа последиците од невремето. Бидејќи ветрот скрши многу дрвја, дел од патиштата беа привремено непроодни.
Министерството за финансии веќе работи на подзаконски акт за да може да се воведе категоријата на даночен застапник при што ќе се олесни на дистрибутерот на електрична енергија да може да ја презема и да издава фактура на домаќинството кое не е даночен обврзник. Во однос тоа кога граѓаните ќе можат да инсталираат на своите покриви, јас би кажал кога ќе се олеснат условите и поедностават постапките за инсталирање на фотоволтаични централи на покривите на граѓаните, веќе е во изработка законско решение. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за законските измени за енергетика. „Тоа прво треба…