Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Лука Макаловски во 20. минута за резултат од 1:0. Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа над Велс во натпревар од групата Б на меѓународниот турнир „Влатко Марковиќ” што се одржува во Хрватска. Како што информираат од Фудбалската федерација на Македонија, стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Лука Макаловски во 20. минута за резултат од 1:0. Во составот на македонската репрезентација беа Онур Бешир, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Даим Кадриовски, Хисар Али, Лука Макалоски, Беркај Шаини, Албион Муслији, Бобан Кузмановски и Каменчо Андоновски.
Трагедија утринава ја потресе Србија. Српските медиуми јавуваат дека мајка од балкон си го фрлила детето, петгодишната ќерка, па скокнала по неа. Во улицата „Грге Јанкеса“ во Миријево утрово околу 8 часот мајката М.К, и нејзиното дете, паднале од третиот кат од ходникот на зградата, а сосетката, која била сведок на страотната несреќа, кажала дека глетката била шокантна, јавува kurir.rs. – Слушнав дека нешто пукна. Таа прво го фрли детето, па скокна по него, а малата врескаше и плачеше. Кога стаса Итната помош, го довикуваа детето, но тоа не одговараше, рекла таа. Жената изјавила и дека сосетката бил проблематична, викала…
Со победата над Швајцарецот Стин Вавринка со резултат 2:0, во сетови 6:2, 6:2, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четврт-финалето на АТП турнирот во Рим. Ова претставува 89 четвртфинале на Мастер турнири во кариерата за најдобриот тенисер на светот. Противник во петок ќе му биде Феликс Огер-Алиасим, деветтиот тенисер во светот, кој во осминафиналето беше подобар од Американецот Маркос Жирона со резултат 6:3, 6:2. Ова е прва средба на Ѓоковиќ и 21-годишниот Ојер-Алијасим.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 14.05.2022 година (сабота), во периодот од 09.00 до 12.00 часот, поради натпревар „Триоги Триатлон“, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по одредени сообраќајници во Скопје. Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и по десната коловозна лента од бул.„Илинден“, потоа на потегот од крстосницата на бул.„8 Септември“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и обратно. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници,…
Децата се најранливата категорија учесници во сообраќајот. Како пешаци, патници или возачи на велосипеди. Едукацијата на децата и надградување на нивните знаења и способности придонесуваат за подигање на свесноста и одговорноста во сообраќајот. Во знак на 11 мај Денот на културата во сообраќајот и 1 јуни Меѓународниот ден на децата, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата министерката Тренчевска, потпиша Декларација за поголема безбедност на децата во сообраќајот „Безбедни деца-безбедна иднина“. Целта на Декларацијата е намалување на бројот на повредени и загинати деца на патиштата во државата, преку имплементација на национални и локални стратегии, едукативно -…
Мајката ги роди во дувло коешто сама го направи и таму сокриени го поминуваат поголемиот дел од денот. Во ЗОО Скопје се родија бебиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus arctos). Стари се три недели, а белата боја на крзното, како на нивните родители, ќе ја добијат со текот на времето. Волчињата се заедно своите родители и тие се грижат за нив во нивното живеалиште. Мајката ги роди во дувло коешто сама го направи и таму сокриени го поминуваат поголемиот дел од денот. Во многу земји на Европската Унија овие волци се строго заштитени со Бернска конвенција, Белите волци…
Полицијата, најверојатно, спречила кошмар, посочи Реул. Германската полиција во Есен приведе 16-годишно момче, откако во неговиот дом пронашла материјали за изработка на бомби. Тинејџерот е приведен под сомнение дека планирал напад во училиште. Министерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вестфалија, Херберт Реул изјави дека материјалите за правење бомби и други експлозивни материи биле откриени утрово за време на рација во домот на тинејџерот. Набргу потоа, полицијата започна голема операција во две училишта во Есен. – Полицијата, најверојатно, спречила кошмар, посочи Реул.
Во моментов во ЈДГА „Буба Мара“ се згрижени 1.120 деца, а на листа на чекање се 275, додека во „Срничка“ се згрижени 1.356 дечиња и 643 се на листа на чекање, ни изјавија од Општината, а нагласија дека уписот на деца во градинките се спроведува во согласност со правилниците и со запазување на предноста на децата што подолго чекаат. Недоволен е бројот на места за сместување деца во градинки и во скопската општина Аеродром, а на листата на чекање се повеќе од 900 деца! Родителите кои поднеле барање реагираат дека додека стасаат на ред детето ќе биде можеби веќе и…
Александар Стојковски е новиот директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП), информираат од Градот Скопје. Стојковски е дипломиран машински инжинер на Машинскиот факултет во Скопје. Има над 20 години работно искуство, а на функцијата доаѓа како претходно вработен во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на новиот директор му посакува успешна работа, да продолжи со досегашната успешна организациска поставеност на ЈСП, со грижата за вработените и да работи пред се во служба на сите граѓани, воспоставувајќи одлуки кои ќе бидат во интерес за сите граѓани. ЈСП Скопје ќе продолжи со сите расположливи средства и ресурси да…
Времето утре ќе се задржи сончево и многу топло со краткотрајна нестабилност кон крајот на денот во југозападните делови. Утринските температури ќе се движат од 6 до 12 степени, а дневните од 21 до 31 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. За време на викендот во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град, информираат од УХМР.
Согласно со Законот за заштита на правата на пациентите, Градот Скопје формира постојана Комисија за унапредување на правата на пациентите, во согласност со прописите од областа на локалната самоуправа. За таа цел, Град Скопје распиша Јавен повик за ангажирање членови во Комисијата за унапредување на правата на пациентите. Комисијата се состои од 11 члена и тоа: двајца претставници на пациентите – членови на здруженијата на пациентите, двајца претставници од здруженија што се занимаваат со човековите права и граѓанските иницијативи, еден претставник од здружение кое се занимава со правата на жените, еден претставник од здруженијата за заштита на правата на лицата со…
Со телесни повреди се здобила сопатничката Г.С.(27) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. На 11.05.2022 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Елисие Поповски – Марко”, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.А. (28) од Скопје изгубил контрола и удрил во ограда. По несреќата Љ.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и набргу починал. Со телесни повреди се здобила сопатничката Г.С.(27) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје