Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 900 деца и родители во Аеродром „плачат“ за место во градинка

0
By НОВА ТВ Balaban on May 12, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 12, 2022 13:45

Во моментов во ЈДГА „Буба Мара“ се згрижени 1.120 деца, а на листа на чекање се 275, додека во „Срничка“ се згрижени 1.356 дечиња и 643 се на листа на чекање, ни изјавија од Општината, а нагласија дека уписот на деца во градинките се спроведува во согласност со правилниците и со запазување на предноста на децата што подолго чекаат.

Недоволен е бројот на места за сместување деца во градинки и во скопската општина Аеродром, а на листата на чекање се повеќе од 900 деца! Родителите кои поднеле барање реагираат дека додека стасаат на ред детето ќе биде можеби веќе и за упис во училиште, а повеќето не можат да си дозволат да го запишат детето во приватна градинка. Надлежните од градинките смируваат дека ќе има повеќе слободни места наскоро, бидејќи се укинати  протоколите за ковид-19 и во предучилишните установи. Од Општината Аеродром потврдуваат дека над 900 дечиња чекаат на упис во градинка, а дека две веќе се градат. Од МТСП велат дека на ниво на Скопје во моментов е во тек изградба на шест детски градинки во: Сопиште, Ѓорче Петров, Карпош, Арачиново, Чаир и Аеродром, со што ќе има место за уште 1.000 деца до крајот на годинава.

Мајка од Аеродром реагира:

– Не можеме да го запишеме во градинка детето кое еве има 2,5 години. И двајцата сме вработени, а од 1 јуни треба да тргнам на работа со физичко присуство, па ќе нема каде да го згрижам детето или во спротивно – ќе морам да дадам отказ или речиси цела плата да оди за престој во приватна градинка. Ни кажаа дека 600 деца се на листата на чекање во Аеродром и дека ќе ни се јават, но чисто се сомневам дека ќе го повикаат нашето дете, вели оваа скопјанка. Со сличен проблем се соочуваат и многу родители од другите скопски општини.

Најмалку 5 деца повеќе во група, паднаа ковид-протоколите

Во градинката „Срничка“ најавуваат дека наскоро ќе ги контактираат дел од родителите, бидејќи групите, по повеќе од две години, ќе се зголемуваат.

– Среќа еве што се укинаа ковид-протоколите и во градинките, па ќе  може да се зголеми и бројот на деца, најверојатно за околу пет деца плус во група. Досега, според ковид-19 протоколот, во група беа дозволени најмногу по 25 деца на возраст од 2 до 6 години. Навалицата за упис трае цела година, а секако почнуваме да ги контактираме родителите и децата ќе ги распоредуваме во групи. Околу 400 деца се на листата на чекање, тоа е точно. Инаку при крај е изградбата на нова, голема градинка во Стар Аеродром, до објектот „Црвенката“, каде ќе може да се згрижат повеќе дечиња, ни изјавија од ЈДГА „Срничка“ во која има шест клона со 54 групи.

Вработените се сеќаваат на времиња кога и по 48 до 50 деца имало во една група во градинка.

И градинката „Буба Мара“ во Аеродром исто така има шест клона.

Предност за децата што подолго чекаат

Од Општината Аеродром за НоваТВ потврдуваат дека над 900 деца се на листата на чекање за место во градинка.   

– Во наредниот период се предвидува изградба на 3 до 4 градинки на територијата на Општина Аеродром со комплетирање на целокупната проектна документација. Во моментов во ЈДГА „Буба Мара“ се згрижени 1.120 деца, а на листа на чекање се 275, додека во „Срничка“ се згрижени 1.356 дечиња и 643 се на листа на чекање, ни изјавија од Општината, а нагласија дека уписот на деца во градинките се спроведува во самите институции во согласност со правилниците и другите акти, како и со запазување на предноста на децата што подолго чекаат.

Оттаму додаваат дека на територијата на оваа Општина има две  приватни градинки и досега не е доставена иницијатива за отворање на нови приватни градинки.

Во Скопје се градат 6 градинки за плус 1.000 деца, во земјава уште 13    

Во Министерството за труд и социјална политика велат дека вложувањето во детската заштита е приоритет.

– Од 2017 година досега изградени се 69 детски градинки, зголемен опфат за околу 4.300 деца на ниво на држава. До крајот на 2022 година завршуваат со градежни активности 13 градинки/објекти со вкупен капацитет за 1.360 деца и дополнително 15 градинки кои се во тек и се  планирани да се отворат во 2023 година со вкупен капацитет за 1.905  деца, одговорија од МТСП.

На ниво на Скопје во моментов во тек на изградба се шест детски градинки и тоа во: Сопиште, Ѓорче Петров, Карпош, Арачиново, Чаир и Аеродром, со што бројот на нови деца ќе се зголеми за околу 1.000 деца од предучилишно воспитание.

Љубица Балабан

аеродром градинка деца ковид-протоколите место МТСП родители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.