Author: НОВА ТВ Balaban

На почетокот на продолжението од полуфинален натпревар од Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити синоќа на „Сантјаго Бернабеу“ еден навивач влезе на терен со албанско знаме во рака. Навивачот втрча на теренот со албанско знаме и успеа да го прегрне Карим Бензема пред да го фатат од обезбедувањето. Албанските медиуми во Македонија откриваат дека човекот кој втрчал на стадионот се викал Агими и е од Скопје, а живее и работи во Германија, објави sportski.mk

Read More

Шеесет и тригодишен жител на Охрид е починатото лице, пронајдено вчера во водите на Охридското Езеро. СВР Охрид денеска соопшти дека во 7:25 часот било пријавено дека во водите на Охридското Езеро кај комплексот „Горица“ било забележано едно повредено лице. – Од извршениот увид било констатирано дека се работи за Н.Н.(63) од Охрид, кој паднал и починал. Смрт без траги на насилство констатирала екипа на Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, стои во информацијата. Од СВР Охрид ни изјавија дека ова е прва несреќа на охридското крајбрежје годинава.

Read More

Со почеток на оваа кампања МАГО ја најавува Неделата на женското здравје (8-14 мај 2022) која ќе се одбележи на 11-ти мај (среда) од 11:00 до 12:00 часот во Младинскиот културен центар. Македонското здружение на гинеколози и опстетричари-МАГО почнува  кампања за сексуална едукација иницирана од соработката со светската невладина организација Amaze. За таа цел, МАГО склучи меморандум за соработка со Amaze  преку кој беше овозможен пристап до повеќе од 20 едукативно-забавни кратки видеа и едукативни ресурси за сексуалното образование наменети за адолесценти, родители, воспитувачи и даватели на здравствени услуги. Основната мисија и цел на овие видеа е поттикнување природен и здрав сексуален развој на…

Read More

Денеска (05.05.2022), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп – Отсек за недозволена трговија ги лишиле од слобода Е.Е.(34) и С.Д.(29), двајцата од Прилеп. При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Е.Е. бил пронајден и одземен пиштол марка „Ekol Tuna” без муниција, додека кај С.Д. биле пронајдени и одземени пиштол марка „Застава” и 6 куршуми калибар 6,35 мм. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Read More

Во текот на 2021 година во Основниот кривичен суд Скопје, по поднесени обвинителни акти или предлози за кршење на мерката изолација се примени 569 предмети за 939 лица, а од нив се решени 391 предмет за 649 лица. Од нив  како правосилни, до овој момент, се заведени 206 предмети за 284 лица. Мерките против ширење на ковид-19 се укинати, освен задолжително носење маски во јавни и приватни здравствени установи, во домови за стари лица и во детски градинки, но и натаму може да заглавите и во затвор доколку ја прекршите мерката изолација додека сте заразени со вирусот. Оваа казна во…

Read More

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.Б.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, казниво по член 230 став 3 од Кривичниот законик. На 14.02.2022 на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини, при што го затекнале пријавениот како неовластено тргува со отпад без да поседува…

Read More

Владата на денешната седница одлучи да ги укине сите останати ковид-мерки, со исклучок на задолжителното носење заштитни маски во здравствените домови, аптеките, јавниот превоз и центрите за нега на стари лица и лица со посебни потреби, објави на Фејсбук првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Тој посочува дека одлуката на Владата следи по заклучокот на Комисијата за заразни болести за стабилната епидемиолошка состојба во земјава. – Владата препорачува практикување на основните превентивни мерки за лична заштита од ковид-19, објави Груби. Комисијата за заразни болести на последниот состанок во минатата недела  препорача да се…

Read More

Од Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска за ТВ21 истакнаа дека немаат никакво писмо во врска со поранешната градоначалничка Теута Арифи. „ЕУ не доби никакво официјално договорно писмо за смена на актуелниот шеф на мисијата од Владата на Северна Македонија“, изјавиле од Делегацијата на ЕУ во Скопје за ТВ21. Во јавноста претходниве неколку денови се појавија информации дека Теута Арифи ќе биде именувана за амбасадор. Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, денеска ги демантираше медиумските написи дека поранешната градоначалничка на општина Тетово, Теута Арифи била предложена за амбасадор во ЕУ. – Никогаш немало барање, пратено агреман…

Read More

По веста дека  ранец падна во двор од куќа во Неготино, при што за среќа, нема повредени, од МВР за НоваТВ потврдија дека ранецот бил сопственост на војник од сојузничка армија во состав на Мултинационална вежба „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион“ над подрачјето на Неготино. Штетата предизвикана на кровот на куќата ќе биде надоместена. – На 02.05.2022 во ОВР Неготино, Б.С.(35) од Неготино било пријавено дека дел од падобранска опрема паднала на кровот од неговата куќа и оштетила неколку ќерамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и бил пронајден еден војнички ранец сопственост на војник од сојузничка…

Read More

Седумнаесет од нив биле во критична состојба и се на интензивна нега. Осум лица починаа откако пиеле домашен алкохол во иранскиот град Бандар Абас, јавија локалните медиуми. Други 51 лице завршија во болница поради труење со алкохол, a 17 од нив биле во критична состојба и се на интензивна нега, информираше д-р Фатемех Новрузијан за време на прес-конференција. Полицијата соопшти за апсење на осуммина под сомнение за производство и дистрибуција на алкохол. Производство, продажба, како и конзумирање на алкохол, е строго забрането во Исламската Република, со исклучоци за одредени верски малцинства. Казната за консумирање алкохол од страна на муслиман е 80…

Read More

Тој веќе е голема ѕвезда. Има се за да биде голем шампион. Неодамна Надал престана да биде број 1 за мојот син, сега Алкараз му е омилен. И двајцата многу му се допаѓаат. Ја имитира нивната игра, форхенд и емоциите на Надал, тоа е многу убаво, истакна Ѓоковиќ.  Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ откри дека Карлос Алкараз станал идол на неговиот шестгодишен син Стефан. – Карлос е прекрасна личност, навистина ми се допаѓа, многу го почитувам. Денеска првпат тренирав со него, иако го видов минатата година на турнир. Неговиот пат до тенискиот врв е апсолутно неверојатен. Тоа што го постигна…

Read More

Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека од утре (4 мај) ќе започне со планираното пролетно гаѓање, кое ќе се реализира на стрелиштето „Еребино“, во атарот на тетовско Желино. Гаѓањето ќе се одвива  до 16-ти мај, секој ден од 8 до 15 часот. На 5-ти, 6-ти и 9-ти мај годинава, исто така, планирано е гаѓање на фудбалското игралиште под Брана во Маврови Анови, со кое ќе бидат опфатени полициските службеници од Полициското одделение Маврово, додека полициските службеници од Полициското одделение Ростуше истите денови ќе гаѓаат на импровизираното стрелиште во долнореканското село Аџиевци. На 9-ти, 10-ти и 11-ти мај,…

Read More