Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во интервју за Медиумската информативна агенција за време на неговото учество на Економскиот форум Делфи истакнува дека воената агресија на Русија врз Украина докажа дека мора да постои блиска соработка помеѓу земјите, особено помеѓу соседните земји. Акцентирајќи ги економските последици од оваа војната Ковачевски ги оцени како катастрофални за Европа, пред сé заради недостигот од енергенси, особено од гас и дека тоа се последици коишто ќе се чувствуваат и во иднината пред нас. „Гледаме дека цените на енергенсите имаат историски најголемо покачување. Цените на храната имаат историски најголемо покачување. Дури веќе…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест мерки за возач почетник. Изречени 48 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 40 мерки за управување под дејство на алкохол, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните…
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 13 степени. Времето ќе биде облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, локално проследени со грмежи. Дневните температури ќе се намалат за околу 10 степени. На планините над околу 1.200 метри во западните и северните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека мета на руската агресија е цела Европа и дека запирањето на инвазијата врз Украина е од суштинско значење за безбедноста на сите демократии. Тој во своето обраќање истакна дека Русија нема намера агресијата да ја ограничи само на Украина, туку „целиот европски проект е мета на Русија“. – Затоа не е само морална обврска на сите демократии, на сите сили на Европа, да ја поддржат желбата на Украина за мир. Ова е всушност одбранбена стратегија за секоја цивилизирана земја, нагласи Зеленски во обраќањето до јавноста откако Украинците продолжија да бегаат од источните делови…
Аналитичарите сметаат дека Ле Пен ја зголемила својата популарност зборувајќи за куповната моќ и грижите на Французите, но и поради падот на популарноста на кандидатот, исто така, на екстремната десница Ерик Земур. Речиси 49 милиони Французи денеска ќе излезат на првиот круг од претседателските избори, а според анкетите главната борба, како и на претходните избори во 2017 година, ќе се води меѓу претседателот во заминување, центристот Емануел Макрон и кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен. Фаворитот во анкетите со месеци, Макрон, кој најдоцна влезе во предизборната кампања, во изминатите недели се соочува со намалување на разликата во однос на…
Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска на партискиот Конгрес е реизбран за претседател на партијата.
Компанијата Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб, соопшти руската Државна дума. Во објава на Телеграм се наведува дека Јутјуб каналот Дума ТВ имал повеќе од 145.000 корисници, а видеата на тој канал имаат повеќе од 100 милиони прегледи. Државната дума соопшти дека била подготвена за таков потег, но е активна на други платформи. На корисниците им се предлага да се префрлат на каналите на Државната дума на мрежите РуТјуб, ВКонтакте и Телеграм.
Ќе има по 4000 денари за вештачко ѓубриво, за прихрана за пченицата за еден хектар насадена пченица. За сончогледот се добиваат по 2500 денари за ѓубриво по еден хектар, истакна Николовски За шест илјади хектари земјоделско земјиште ќе објавиме оглас за производство на житни култури, за пченица. Постапката за доделување привршува и огласот ќе го објавиме наскоро и ова е една од мерките која оди паралелно со другите мерки. Очекувам интерес. Имаме 900 договори со земјоделците од сите региони. Го мапираме целото слободно земјиште за да знаеме што имаме на располагање и што можеме да даваме на обработка. Сите овие…
Во врска со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, министерот за здравство, согласно Законот за здравствена заштита и Законот за санитарна и здравствена инспекција, иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на младиот ракометар, соопшти вечерва Министерството за здравство. По повод смртта на прерано починатиот хрватски ракометар, Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до семејството и неговите најблиски! Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, денеска соопшти дека врз основа на прегледаните видео записи идентификувани се три лица за кои предметниот обвинител по добивање на кривичната пријава ќе донесе Наредба за спроведување на истражна…
Освен светските лидери кои ветија дека ќе соберат милијарди долари во име на нивните земји за помош на украинските бегалци, во кампањата се приклучија и уметници како Елтон Џон, Аланис Морисет, Били Ајлиш, Ени Ленокс и Крис Рок. Како дел од меѓународната кампања за собирање средства за поддршка на Украина, собрани се 10,1 милијарди евра, објави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Варшава. Кампањата „Стани за Украина“ ја започна меѓународната организација Глобал Ситизен со поддршка на Европската Унија и канадскиот премиер Џастин Трудо. Освен светските лидери кои ветија дека ќе соберат милијарди долари во име на…
Александар Трајковски, адвокатот на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, вели дека денеска до Кривичниот суд ја поднел жалбата за притворот, кој му беше одреден синоќа. – Жалбата е поднесена до Кривичниот суд, кусо ни изјави адвокатот Трајковски, објави Фокус. Судија на претходна постапка доцна синоќа му одреди 30 дневен притвор на Зеќири, по отворена истрага за склучен договор за консултантски услуги, со кој, заедно со уште двајца хрватски државјани, наводно, незаконски присвоиле 145.000 евра. Притворот му беше одреден по сите три основи: поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на кривичното дело.
Британскиот премиер Борис Џонсон за време на денешната посета на Киев имаше средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави помошник на украинскиот лидер. Посетата на Киев, како што објавуваат дел од медиумите, била ненајавена. „Посетата на Борис Џонсон во Киев започна токму сега со тет-а-тет средба со претседателот Зеленски“, објави претседателскиот помошник Андриј Сибиха на Фејсбук. Сибиха на профилот објави фотографија од средбата на Зеленски и Џонсон. „Џонсон денеска е во посета на Киев на разговори со претседателот Володимир Зеленски како дел од „покажувањето на солидарност со украинскиот народ“, соопшти Даунинг стрит. „Тие ќе разговараат за долгорочната поддршка на Лондон…