Author: НОВА ТВ Balaban

Видео со порака „Многу емоции, една љубов“  објави денеска премиерот Димитар Ковачевски на својот профил на Фејсбук со коешто им дава поддршка на нашите фудбалери кои вечерва во Порто играат против репрезентацијата на Португалија за пласман на Светското фудбалско првенство во Катар.

Read More

Дваесет и двегодишен жител од Неготино-Полошко вчера (28 март) во 18 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека неговиот соселанец У.С.(29) пред околу два месеца му продал златен накит, за кој подоцна утврдил дека е измамен и дека станува збор за бижутерија. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Read More

Ова што се случува во Украина, можевме да го видиме во Сирија, изјави главната секретарка на Амнести интернешнал, Агнес Каламард, посочувајќи ги намерните бомбардирања на цивилната инфраструктура, куќи, домови, училишта Амнести интернешнал ги обвини светските сили дека создале плодно тло за серија судири што се случија во текот на минатата година, а резултираше со кршења на човековите и хуманитарните права во големи размери. Во денеска објавениот годишен извештај организацијата што ги следи состојбите со човековите права во 154 држави во светот наведува дека меѓународната заедница минатата година гледала како се „раѓаат нови, а се продлабочуваат нерешените судири“. – Во Авганистан,…

Read More

„Уплатниците кои ги приложив во текот на вчерашниот ден се за уплати по претходно издадени фактури и уптатите се извршени во рамки на рокот даден во фактурите“, објаснува Фетаи Вишата јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, е децидна дека не го прекршила Етичкиот кодекс на обвинителите, ниту закони, со нејзиното патување во Палермо, Италија. За тоа зошто уплатата кон туристичката агенција за сместувањето е направена вчера, односно пет дена по патувањето, Фетаи за „А1он“ посочи дека истото е во рамки на рокот даден во фактурата. Моментално, Фетаи е во Португалија. И сега ќе ја бодри македонската репрезентација, а од Обвинителството за „А1он“ посочија…

Read More

Повеќечасовната драма заврши околу 1.30 часот кога Специјалната антитерористичка единица (САЈ) изврши акција со која заврши крвавата драма. Во Заечар, источна Србија, ноќва се случи трагедија во која три лица загинаа, меѓу кои и еден полицаец, јавува телевизијата Н1. Повеќечасовната драма заврши околу 1.30 часот кога Специјалната антитерористичка единица (САЈ) изврши акција со која заврши крвавата драма. Првите истрели во зградата се слушнале околу 22 часот . Oткако граѓаните пријавиле, се појавиле полициски службеници кои ја блокирале целата населба. Од тој дел на градот се слушнале експлозија и пукотници. Засега мотивот за нападот не е познат. Утрово МВР на Србија…

Read More

Трудот на вработените што имаат различно ниво на образование и извршуваат работа со различна сложеност не може и не смее да се воедначува или девалвира, порачуваат од академскиот синдикат  Независниот академски синдикат НАкС се приклучува кон барањата на синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати и на СОНК за усогласување на платите врз основа на зголемувањето на минималната плата, така и кон повикот за доследно почитување на Законот за минимална плата и соодветно анексирање на колективните договори. Загрижувачки е тоа што заради немање слух на надлежните министерства, коишто треба да бидат социјални партнери на сите нивоа и да делуваат во согласност…

Read More

Со нив бил извршен службен разговор и било утврдено дека визите ги набавиле преку турска агенција за што платиле повеќе од 500 фунти На 27.03.2022 во 13:00 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, при извршена пасошка контрола, било констатирано дека патните исправи и британските визи на Ј.О.(31) и Ј.Ј.(23), двајцата од Република Турција, биле фалсификувани. Со нив бил извршен службен разговор и било утврдено дека визите ги набавиле преку турска агенција за што платиле повеќе од 500 фунти. Тие биле приведени и предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.

Read More

Во непосредна близина на наплатната станица Гостивар, во движење настанал пожар во патничко моторно возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки Двајца браќа од Гостивар се здобиле со повреди откако нивниот автомобил се запалил додека се движење на автопатот Тетово – Гостивар. Од СВР Тетово информираат дека случајот кај нив е пријавен околу 19 часот. – Во непосредна близина на наплатната станица Гостивар, во движење настанал пожар во патничко моторно возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот гостиварец Н.Ј., а во кое се превезувал и неговиот брат Б.Ј.(29). Двете лица се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, информираат од тетовската…

Read More

Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена. Денес во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата. Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да…

Read More

Тој изјави дека има „сериозна и непосредна закана по здравјето, безбедноста и благосостојбата на граѓаните“ во подрачјето на реката Игл, на периферијата на градот За жителите на предградие на Енкориџ во Алјаска е наредена евакуација, откако огромна лавина го затрупа патот. Се стравува и од други лавини. Градоначалникот на Енкориџ, Дејв Бронсон вчера ден издаде налог за евакуација. Тој изјави дека има „сериозна и непосредна закана по здравјето, безбедноста и благосостојбата на граѓаните“ во подрачјето на реката Игл, на периферијата на градот. Лавината се спуштила ноќта во четвртокот, покривајќи го главниот пат со снег висок 24 метри. Отсечени се околу…

Read More

Веќе од четврток ќе има повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни. Ќе дува засилен јужен ветер. Во петок и сабота, во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер. Променливо време со локален дожд се очекува во текот на неделава. Синоптичарите за утре најавуваат слаб локален дожд, а во среда ќе биде суво, но претежно облачно. Веќе од четврток ќе има повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни. Ќе дува засилен јужен ветер. Во петок и сабота, во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од…

Read More

Ја пренесуваме прес-конференцијата на премиерите на Бугарија – Кирил Петков, Северна Македонија, Димитар Ковачевски, Романија – Николае Чука и на Црна Гора – Здравко Кривокапиќ кои се на состанок во Софија за предизвиците за регионалната безбедност во врска со руската воена инвазија на Украина.

Read More