Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Според пријавеното, тие и рекле, исто така, дека се овластени од градоначалникот и дека во негово име бараат да поднесе отказ Денеска (21 март ) во 10 часот и 45 минути, 45-годишната Т.Л. од Тетово во СВР Тетово пријавила дека на 18 март годинава околу 15 часот С.С. (44) и В.А.(33) од Тетово телефонски ја повикале да дојде во просториите на Општина Тетово и откако влегла во една од канцелариите тие и соопштиле, односно побарале од неа, без никакво објаснување, во писмена форма да даде отказ од директорската функција во тетовско средно училиште, најдоцна до 21 март 2022 година. Според…
Не можеме да нацртаме трева или да ја избришеме парцелата, изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски Кај Кино Карпош ќе има една зграда 11-катница. Тоа е приватно земјиште, но мора на Совет да помине. Овој план е подговотвен од претходниот градоначалник. Има законски ограничувања на коишто ние не можеме да влијаеме. Не можеме да нацртаме трева или да ја избришеме парцелата, изјави градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, гостувајќи во „Студио 10“ . Предлог ДУП-от во Карпош предизвика многу реакции помеѓу граѓаните, а Јакимовски појаснуваше дека овие планови биле изработени од претходните градоначалници, а дека сегашната верзија е малку изменета. Како општина, додаде…
Началникот на секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа на Приједор, Раденко Башиќ, е убиен утрово во престрелка во Пеќани кај Приједор, јавуваат медиумите во регионот. На местото на убиството на началникот Башиќ, во населбата Пеќани, се уште се води истрага. Ова место од утринава е под опсада на полициски службеници коишто ги контролираат минувачите и возачите. Полицијата во Приjедор, Република Српска, соопшти дека утрово во 6.53 часот било пукано врз едно лице од огнено оружје, а човекот загинал. Под надзор на тужител од Окружното јавно обвинителство во Приједор се преземаат мерки за утврдување на околностите за пријавата. Во интерес…
На прашањето дали цените на горивото и состојбата во Украина ќе ги стопираат резервациите, таа одговори дека оди бавно, но, нема застој. Резервациите за туристичко сместување во Хрватска, поради ситуацијата во Украина, цените на горивото, инфлацијата и поскапувањето, оди бавно и е за 20 отсто помала, во споредба со 2019 година, информираше денеска министерката за туризам и спорт Николина Брњац, јави Хина. На прашањето дали цените на горивото и состојбата во Украина ќе ги стопираат резервациите, таа одговори дека оди бавно, но, нема застој. – Се разбира дека влијаат геополитичката ситуација, порастот на цените и инфлацијата, но, нема застој. Оди…
Осомничениот 26-годишник, во станот во кој престојувала неговата девојка на улицата „Миле Поп Јорданов“ во Скопје, неовластено заради продажба држел вкупно 115 таблети 3,4 – метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), како и 10 полиетиленски пакувања наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 6,21 грама Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кратово, со престојувалиште во Скопје, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 26-годишник, во станот во кој престојувала неговата девојка…
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко денеска најави „засилен полициски час“ во главниот град на Украина од 20.00 часот (по локално време) до 7 часот во среда. Градоначалникот Кличко рече дека продавниците, аптеките и бензинските пумпи нема да се отворат во вторник. Делови од градот постојано се под оган од руските сили. „Ги замолувам сите да останат дома – или во засолништа кога ќе се огласи алармот“, рече тој.
И покрај укинувњето на зелениот сертификат, останува условот за редовно проветрување, дезинфекција и носење заштитни маски од страна на учениците и наставниците. Од 21 март е отфрлен условот за „зелен сертификат” за сите активности и настани во Бугарија, досега ограничен, јави дописникот на МИА од Софија. Од истиот датум, наставата на универзитетите ќе се спроведува со физичко присуство според распоред, бидејќи не се дозволени симултани практични или семинарски вежби на повеќе од 50 отсто од групите, а нема да се дозволи мешање на групи. Предавањата ќе се одржуваат со 50 отсто исполнетост на салите. И покрај укинувњето на зелениот сертификат,…
Шведска стана првата земја во светот што ја забрани физичката казна за деца во 1979 година. Сега, ова е нелегално во 63 нации ширум светот, јави Би-Би-Си. Од денеска во Велс родители може кривично да одговараат доколку го удрат своето дете и според властите законските обврски се со цел да им се даде на најмладите „најдобар почеток во животот“. Првиот министер Марк Дрејкфорд изјави дека ова е историски ден за децата, бидејќи Велс стануваат втори во Велика Британија што забрануваат физичко казнување, јави Би-Би-Си. Според критичари, новиот закон е истуркан „од оние кои сметаат дека знаат подобро од родителите“. Џерси…
По Русија, најмногу „почесни“ граѓани доаѓаат од Кина – 19, потоа од Украина и Либан – по 14. Во периодот од 7 декември 2020 година до 15 февруари годинава, преку програмата за економско државјанство, усвоена од Владата на Црна Гора – државата инкасирала повеќе од 73 милиони евра, од кои две третини или 50 милиони инвестирале руски граѓани, пишува подгоричка „Побједа“. Според Центарот за граѓанско образование (ЦГО), Владата на Здравко Кривокапиќ доделила вкупно 317 почесни државјанства, од кои дури 293 се економски. Бидејќи програмата вклучуваше давање црногорско државјанство на странци, односно инвеститори, кои инвестираат меѓу 250.000 и 450.000 евра во…
Под фотографијата на девојчето која се споделува на социјалните мрежи каде со зелени крупни букви пишува „УРГЕНТНО“, стои дека операцијата во Бањица „ Фондот не ја поддржува“. Ја информираме јавноста дека за конкретниот случај во ФЗОРСМ ВООПШТО нема поднесено барање за лекување во странство, се вели во соопштението Фондот за здравствено осигурување реагира поради се почестата злоупотреба од граѓани, како што велат, кои собираат донации за лекување во странство. Има наплив на барања во последно време, кои кружат на социјалните мрежи со молба граѓаните да се солидаризираат и да помогнат со уплата на телефонските броеви за донација или директно на сметка…
Цистерна за нафта се преврте на обиколницата кон Тетово. Во сообраќајката е повреден возачот на цистерната кој е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ни потврдија од МВР. До предмалку полицијата вршела увид во сообраќајката и се очекува сообраќајот наскоро да биде нормализиран, откако двете ленти од патот биле блокирани повеќе од еден час. За среќа, цистерната била празна и во тек е нејзино отстранување од патот.
Демиркапијка пријавила напад од снаата, информираа денеска од СВР Велес. Вчера во СВР Велес, 71-годишна жена од демиркаписко село, пријавила дека, по кратка вербална расправија, била физички нападната од нејзината снаа. Се работи на расчистување на случајот.