Не можеме да нацртаме трева или да ја избришеме парцелата, изјави  градоначалникот Стевчо Јакимовски

Кај Кино Карпош ќе има една зграда 11-катница. Тоа е приватно земјиште, но мора на Совет да помине. Овој план е подговотвен од претходниот градоначалник. Има законски ограничувања на коишто ние не можеме да влијаеме. Не можеме да нацртаме трева или да ја избришеме парцелата, изјави  градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, гостувајќи во „Студио 10“ .

Предлог ДУП-от во Карпош предизвика многу реакции помеѓу граѓаните, а Јакимовски појаснуваше дека овие планови биле изработени од претходните  градоначалници, а дека сегашната верзија е малку изменета.

Како општина, додаде Јакимовски, не можеле да се прават видни измени бидејќи се работи за приватно земјиште. Со сегашниот план предвидени се и четири цркви, кои, какошто нагласи Јакимовски, се исклучиво по барање на  граѓаните.

– Нашиот план е на 10 до 12 илјади жители да има една црква. Предвидени се 4 цркви, бидејќи 98 отсто од населението во Карпош се христијани, рече Јакимовски.