Author: НОВА ТВ Balaban

Исчезнатото дете Петар Џобоски утре од рано изутрина ќе се бара и во  напуштениот рудник „Партизанка“ – спасителите планираат да се спуштат во окно длабоко и до 100 метри, а во кое никој не влегол веќе 40 години. Ова е единственото неистражено место околу прилепското село Врбско во изминатите пет дена, колку што трае потрагата по детето. Рудникот се наоѓа покрај пат и на само 3,5 километри од селото, кадешто живее 10 годишниот Петар, на кој му се губи трага од петокот. Од МВР потврдуваат дека потрагата трае. Дарко Неданоски е спелеолог и е еден од спасителите од службата „Златоврв“,…

Read More

Тој се претставил како бизнисмен од странска земја и нудел  предмети на продажба, а притоа барал да му се плати во злато Во Полициската станица Карпош вчера (1.03.2022) бил приведен Л.Г.(18) од Романија. Тој се  сомничи дека на 17.02.2022 измамил 77-годишна жена од Скопје, односно дека сторил кривично дело по член 247 од Кривичниот законик. Според пријавеното, тој се претставил како бизнисмен од странска земја и нудел  предмети на продажба, а притоа барал да му се плати во злато. Со Л.Г. бил извршен службен разговор во присуство на Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде…

Read More

Итно мора да се завршат случаите покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство, истакна вечерва американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, во ексклузивно интервју за ТВ21. Таа нагласи: – Сметам дека искуството и, особено тоа што уште има случаи од поранешното СЈО кои се во системот, покажува дека луѓето сакаат правда. Сакаат случаите да поминат низ системот, да бидат обработени од способни професионалци, без политичко мешање и со конечно решение со кое ќе се одреди одговорноста за криминалот што ќе се докаже дека бил извршен, вели Кејт Мари Брнз. Амбасадорката додава дека увиделе дека итно мора да се завршат случаите од поранешната…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.781 тестови, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 270, Прилеп – 25, Куманово – 24, Битола – 21, Кавадарци и Кичево – по 18, Гевгелија – 16, Велес – 13, Тетово – 12, Гостивар – 9, Неготино – 8, Охрид – 7, Струга и Крива Паланка – по 5, Кочан – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Струмица, Берово ,Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Ресен , Дебар, Пробиштип , Крушево и Македонска Каменица…

Read More

Подваријантата Стелт станува доминантна – таа денеска е потврдена кај 54.4 отсто од  испитуваните 47 примероци во Лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје, односно овој поттип на вирусот е откриен кај 25 заразени, додека 21 лице, или 45.6 отсто, се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот БА1. Примероците пристигнале за тестирање во лабораторијата во периодот од 21  до 28 февруари годинава. – Во лабораторијата за вирусологија на ИЈЗ денеска е изведен PCR  тестот за детекција на варијанти на SARS CoV-2. Изработени се 47 примероци (од клиника и пунктови) позитивни на SARS CoV-2 со RT -PCR (три гена) од…

Read More

Во потрагата по детето Петар Џобоски од денеска се приклучи и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). – Во потрагата се ангажирани седум припадници на ДЗС од кои четири од Тимот за брз одговор за спасување од планини од ПОЗС – Битола, еден припадник од Тимот за спасување од високи објекти од ПОЗС – Прилеп и двајца вработени од Секторот за оператива и логистика, соопштија од ДЗС. Денеска е четврти ден од потрагата по 10 годишното дете кое, како што веќе објавивме,     исчезна во петокот попладне, кога, според пријавата на таткото Стојан, се оддалечило од својот дом во прилепското…

Read More

Воената инвазија на Русија врз Украина веќе резултираше со бројни човечки жртви и над половина милион бегалци и раселени лица. Кога е загрозено човековото право на живот, тоа значи рушење на сите права и слободи на луѓето, кои се најголемиот цивилизациски дострел. А тоа што состојбата брзо ескалираше до закани со нуклеарна војна, нѐ соочува со опасноста од планетарна, а со тоа и цивилизациска катастрофа, соопштија денеска од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.  Во моменти кога главниот збор го има оружјето, акцент ставаме на нацрт-резолуцијата претставена на Генералното Собрание на Обединетите Нации за брз прекин на воените…

Read More

Почнувајќи од денес, 1. март, па сѐ до 31 март, кога се очекува да заврши вонредната состојба во Италија, нема да има повеќе ограничувања за влез во земјата, информираше Амбасадата на Италија. Како што се наведува во соопштението, во Италија ќе може да се влезе и за туристички патувања, со приложување на Европскиот ковид сертификат, добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА. Амбасадата, во оваа прилика, потсетува и дека Италија во Северна Македонија донираше 250.000 дози од вакцината Фајзер, што им овозможува на оние кои сè уште не го сториле тоа да го завршат циклусот, зголемувајќи…

Read More

Во Националната опера и балет денеска и утре ќе се изведе „Ана Каренина“, балетска претстава во два чина со одбрана музика од рускиот композитор Петар Илич Чајковски. Кореографијата е на Лео Мујиќ од Хрватска, сценографијата е на Александар Ношпал. – Во повеќе од два часа, балетските уметници на Националната опера и балет, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова Атанасовска како Ана Каренина, Никола Хаџитанев (Бугарија) како Вронски, Емил Јорданов (Бугарија) како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска…

Read More

Пријавени се 68 смртни случаи во 19 градови во текот на изминатата недела, за 45,6% помалку  во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (27) Активноста на коронавирусот во земјава значително се намалила во минатата недела – регистрирани се за 39 отсто помалку заразени, а за 45 отсто помалку починати. Вкупно 543 граѓани се инфицирале по вторпат, што е помалку за 37 отсто, а еден и по третпат фатил ковид-19, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 февруари годинава. Кавадарчани најмногу се заразувале  Тестирани се вкупно 19.217 материјали во…

Read More

Прилепското Основно јавно обвинителство отворило предистражна постапка за исчезнувањето на десетгодишниот Петар Џ. , кој од страв би можел да се сокрие дури и од луѓето што го бараат   Еве веќе три дена го бараме 10 годишниот Петар, но се уште, за жал, нема никаква трага од детето, кое пак би можело да се крие и од луѓето коишто го бараат, вели за НОВА ТВ  Роберто Илиески, раководител на Доброволното противпожарно друштво Архангел од Битола кој, заедно со уште петмина доброволци од друштвото, повеќе од 100 полицајци, противпожарни служби, ловџии, како и граѓани доброволци од неколку градови трагаат по Петар…

Read More

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари по литар, реши  денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат, во просек, за 1,93 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 86, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 75,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за еден денар за литар и ќе чини 74,5 денари. Со одлуката на РКЕ, за 1,249 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот…

Read More