Author: НОВА ТВ Balaban

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски постојано се жалат дека нема пари, се жалат и нивните градоначалници дека општините немале пари. Колку пари чинеше вчерашната пропадната партиска забава на ВМРО-ДПМНЕ? Со кои пари беше финансирана?, се вели во денешното соопштение од СДСМ. Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано бараат средства, нивната партија се луксузира со прослави и отчети за 100 дена, снима спотови и организира настани каде промовира неработење и партизација на општините. Општините кои ги раководи ВМРО-ДПМНЕ мораат да ја ревидираат својата улога во енергетска криза, мора целосно да ги намалат непродуктивните трошоци и да се однесуваат одговорно кон парите на граѓаните. Во…

Read More

Хокеарската репрезентација на Канада ќе игра во финалето на женскиот турнир на Олимпијадата во Пекинг. Канаѓанките утрово во првото полуфинале ја победија селекцијата на Швајцарија со убедливи 10:3. Победникот беше решен веќе по првата третина која заврши со 5:1, а во следните два периода Канада само ја потврди доминацијата (3:2 и 2:0). Во второто полуфинале денес од 14:10 часот ќе се соочат репрезентациите на САД и на Финска. Победникот од овој меч ќе игра со Канада за златото, додека поразените ќе се сретнат со Швајцарија во дуел за бронзениот медал.

Read More

Според грчките медиуми, целта на Владата е во текот на следниот месец да бидат укинати речиси сите рестрикции што се однесуваат на вакцинираните Укинување на забраната за стоење во кафулињата и угостителските објекти и зголемување на бројот на гледачи на спортските натпревари, се можните мерки што според грчките медиуми, се разгледуваат во Грција, мерки кои се однесуваат само на вакцинираните, јави дописничката на МИА од Атина. Надлежната комисија на епидемиолози, в среда ќе го одржи редовниот состанок за да ја разгледа епидемиолошката слика во земјата и евентуално да препорача дополнително олабавување на мерките воведени за време на новогодишните и божиќните…

Read More

Денеска, за жал, имавме и доста злонамерни повици – со молчење од другата страна или ќе кажат нешто што нема врска со барање помош или пак, нешто недолично. Токму поради вакви јавувања, постои и „црна листа“ за  сите коишто ќе се обидат да ја злоупотребат оваа линија, вели за НОВАТВ, Владимир Зафирковски, одговорен на смена во 112  „Ало, студент колабираше во домот „Гоце Делчев“, се случи сообраќајка во Ѓорче, постар маж скрши рака, помогнете“!, ова се само дел од јавувањата на над 250 граѓани коишто го повикале новиот број 112 за итни случаи.  Оваа линија 112 почна да функционира денеска…

Read More

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, беше домаќин на средбата со заменик министерот за надворешни работи, за економска дипломатија и отвореност на Република Грција, Костас Фрагојанис. Вицепремиерот Маричиќ и заменик министерот Фрагојанис, на почетокот на средбата, изразија задоволство од динамиката на релациите помеѓу Северна Македонија и Грција во рамки на Договорот од Преспа и зајакнатата билатерална соработка. Од грчка страна беше потврдена силната поддршка за забрзување на евроинтегративниот процес како од политички, така и од аспект на обезбедување експертска и техничка поддршка на тимовите во земјава кои ќе работат на поглавјата со цел отпочнување на преговорите на…

Read More

На 10.02.2022 во 14.38 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресен пат Штип–Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген крафтер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(30) од Скопје и товарно возило „цитроен берлинго“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В.(44) од Радовиш. На местото на несреќата починал возачот М.В., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобиле возачот Ј.Ј. и сопатникот од истото возило А.Џ.(44) од Скопје, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Read More

На местото на несреќата починал возачот С.С.. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. На 10.02.2022 во 20.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Моински пат“ во Гевгелија, патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С.(56) од Гевгелија, изгубило контрола и удрило во паркирано патничко возило „фолксваген поло“, кое од ударот се придвижило и удрило во друго паркирано „опел вектра“, двете со гевгелиски регистарски ознаки. На местото на несреќата починал возачот С.С.. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршиле екипа од ОВР Гевгелија и Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, по чија наредба…

Read More

Американската вселенска агенција НАСА објави видео и фотографии од површината на Венера, од материјалот добиен од соларната сонда Parker во текот на прелетот минатата година. Научниците се надеваат дека првите фотографии од овој вид ќе им помогнат да дознаат повеќе за планета во Сончевиот Систем којашто е најслична на Земјата. Сондата Parker во текот на два прелета покрај Венера извршени во 2020 година и 2021 година, направи фотографии коишто ги објави пред неколку дена, заедно со анализа. – Венера е третото најсветло нешто на небото, но досега немавме многу информации за тоа како изгледа нејзината површина, бидејќи нашиот поглед е…

Read More

Минималната плата, според него, е историски исчекор направен со ССМ, бидејќи, како што рече, покрај тоа што платата е зголемена на 18 илјади денари, воведена е и нова методологија која што гарантира одржливост и континуиран расат на минималната плата сразмерно со покачувањето на продуктивноста на трудот. Сите работодавачи, без разлика дали се од приватниот или јавниот сектор, се должни да го почитуваат спроведувањето на Законот за минимална плата, а секое непочитување треба да се пријави во надлежните институции, вели премиерот Димитар Ковачевски. Според него, овој закон важи за сите работници во државата и во однос на неговото спроведување нема разлика…

Read More

Дваесет и едногодишна жителка на гостиварско село вчеравечер (10 февруари) во 23 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 21 часот и 10 минути во тетовската Клиничка болница физички била нападната од нејзината 36-годишна мајка Х.О. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Read More

НУ Драмски театар од 9 до 14 февруари ќе учествува на Меѓународниот фестивал „РУТА Група Триглав“ во Љубљана. На 13 февруари ансамблот на Драмски ќе ја изведе претставата „Мојот маж“ која претставува колаж од расказите на Румена Бужаровска. Претставата е во режија на Нела Витошевиќ и има добиено повеќе награди: за севкупен уметнички ангажман на авторот и актерите, за главна женска улога – Наталија Теодосиевска, за драматизација – Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова – Петровска и за костимографија – Роза Трајческа Ристовска. Улогите ги толкуваат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева – Вељиќ, Игор Ангелов, Филип…

Read More

Четири случаи на инфекција со подгрупата на вирусот омикрон БА.2, нарекуван и стелт омикрон, се регистрирани во Црна Гора, се наведува во денешното соопштение на Институтот за јавно здравје. Според Светската здравствена организација, новиот подсој на омикрон БА.2, не е „загрижувачки“. Засега не постојат докази, што укажуваат на тоа, дека оваа нова подваријанта на омикрон ќе ги влоши преносот на вирусот, сериозноста на клиничкиот тек на болеста, ефикасноста на постоечките вакцини, како и ефективноста на општите мерки против пандемијата. Од Институтот за јавно здравје апелираа граѓаните да се вакцинираат, како и да примат засилувачка доза. 

Read More