Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ – Фрагојанис: Грција денес е силен лобист за нашата интеграција во ЕУ

0
By НОВА ТВ Balaban on February 11, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 11, 2022 13:22

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, беше домаќин на средбата со заменик министерот за надворешни работи, за економска дипломатија и отвореност на Република Грција, Костас Фрагојанис.

Вицепремиерот Маричиќ и заменик министерот Фрагојанис, на почетокот на средбата, изразија задоволство од динамиката на релациите помеѓу Северна Македонија и Грција во рамки на Договорот од Преспа и зајакнатата билатерална соработка. Од грчка страна беше потврдена силната поддршка за забрзување на евроинтегративниот процес како од политички, така и од аспект на обезбедување експертска и техничка поддршка на тимовите во земјава кои ќе работат на поглавјата со цел отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Унијата.

„Ме радува тоа што денес Република Грција е силен лобист за европската перспектива на Северна Македонија и наш пријател и партнер во исполнување на оваа наша стратешка цел за заокружување на долгогодишниот пристапен процес, со отпочнување на преговори за членство во ЕУ,“ истакна вицепремиерот Маричиќ.

Резултатот од Договорот од Преспа ги постигна своите цели и  освен решение на тридецениското отворено прашање меѓу двете соседни земји, создаде сојуз и партнерство, и ја разви билатералната соработката која отвори нови можности за двете земји.

На средбата од наша страна беше изразена подготвеност за повторно активирање на соработката во рамките на Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ, потпишан во април 2019 година. Маричиќ и Фрагојанис ги разгледаа можностите за продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете земји од аспект на поддршка на реформскиот процес, како и проширување на економската соработка во рамките на Меморандумот за формирање на управен комитет за економска соработка согласно Договорот од Преспа, чија процедура за ратификација беше финализирана во јули 2021 година.

Добрососедските односи резултираа и со зајакнување на прекуграничната соработка и ќе продолжиме да ја унапредуваме соработката во областите важни за граѓаните на двете држави, преку реализација на проектите финансирани од Програмата за прекугранична соработка.

​

​

​

Грција маричиќ силен лобист Фрагојанис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.