Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Доколку ги победиме Романците, вторите натпревари во баражот се на 11 и 17 април, а ќе играме против Чешка. Двојките за првиот бараж којшто ќе го играме за пласман на Светското првенство во ракомет беа извлечени денеска во Будимпешта. Поради пласманот на актуелното Европско првенство, Македонија ќе мора да победи две репрезентации – првата ќе биде Романија, против која ќе играме двомеч. Натпреварите од овој бараж ќе се играат помеѓу 14 и 20 март. Доколку ги победиме Романците, вторите натпревари во баражот се на 11 и 17 април, а ќе играме против Чешка.
Кај нив биле пронајдени и одземени шест рибарски мрежи со вкупна должина од 360 метри со улов на риба и пловен објект. Три лица од охридското село Љубаништа заработија кривични пријави поради илегален излов на риба од Охридското Езеро. Лицата Б.С., С.Н. и М.С. во текот на вчерашниот ден биле затекнати при вршење незаконит риболов на локалитетот „Ќоше“ кај автокампот „Љубаништа“ од страна на полициски службеници на Станицата за граничен надзор „Охридско Езеро“. Кај нив биле пронајдени и одземени шест рибарски мрежи со вкупна должина од 360 метри со улов на риба и пловен објект. Лицата се лишени од слобода…
„Овие протести се национални по обем. Тие се огромни. За жал, тие се поларизираат“, изјави вчера началникот на полицијата во Отава, Питер Слоули. Стотици канадски возачи синоќа одржаа протест со камиони до Отава против барањето за вакцинација доколку сакаат да ја преминат границата со САД. Учесниците во, како што го нарекуваат „Конвојот на слободата“, кој привлече се поголемо внимание во последните денови, патуваат кон канадскиот главен град од најоддалечените провинции на земјата, како што се Британска Колумбија и брегот на Пацификот. Местото за собирање на демонстрантите е центарот на Отава. Од средината на јануари, Канада и САД бараат вакцинација против…
Игор Младеновски ја искористил финансиската поддршка од мерката за вработување и во 2018 година ја основал компанијата „Метал Декор Дизајн” за изработка на внатрешен и надворешен ентериер, изработка на огради, натстрешници и браварски услуги. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во придружба на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, денеска го посети претпријатието „Метал Декор Дизајн“. На посетата премиерот се сретна со основачот на „Метал Декор Дизајн”, Игор Младеновски, кој го основал претпријатието благодарение на мерката за самовработување од Оперативниот план за вработување на Министерството за…
Зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари. Во зона А од 50 денари се намалува на 40 денари, во зона Б на 30 денари и во зона Ц и Д, цената за еден час паркирање ќе чини 25 денари Согласно Статутот на јавното претпријатие, а на иницијатива на градоначалничката на Град Скопје г-ѓа Арсовска, вчера на седница на Управниот одбор на претпријатието се донесе одлука со која е предвидено намалување на цените на услугите за паркирање на јавните површини во зоните на паркирање во градот Скопје, истакна директорот Христовски на денешната прес конференција. Тој додаде дека…
Ние не бегаме од отворените прашања, меѓутоа не можеме да дозволиме односи меѓу Северна Македонија и Бугарија да се темелат само на тие прашања, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на маргините на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“, во врска со коментар за изјавата на бугарскиот претседател, Румен Радев, дека е „добро е што се формираат работни групи и меморандуми во однос на инфраструктурата и економија, но меѓутоа „прво треба да се решат оние тешки политички клучни прашања“. – Сметаме дека има потенцијал во многу други области, впрочем затоа се формираа и…
Со сума од 500 до 600 илјади евра државата конечно ќе може да ги затвори прашањата поврзани со воените инвалиди и семејствата на загинатите од 2001 година, вели Ангелов На денешната прес-конференција на Достоинство ја информиравме јавноста за одржаната средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски како и разговорот со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во врска со напредокот на Иницијативата за праведно обесштетување на четворица ранети, повредени и трауматизирани Бранители од 2001-та кои со камата го враќаат назад на државата земениот паричен надоместок на нематеријална штета, објави на својот Фејсбук профил Стојанче Ангелов. Тој денеска информираше…
Скопјанец е тешко повреден откако со автомобилот излетал од пат во близина на охридскиот аеродром. -На 28.01.2022 година во 06.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај влезот за аеродромот во Охрид, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(64) од Скопје излетал надвор од коловозот, информира СВР Охрид. Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи од СВР Охрид.
Несреќата се случила на стариот дел од автопатот меѓу Предејане и Владичин Хан кога автомобил “Голф 5“ излетал од патот и паднал во реката Морава. Денеска рано изутрина се случила тешка сообраќајна несреќа во Србија, во кој две девојки го загубиле животот, а две се повредени и пренесени во Здрaвствениот центар во Врање. Несреќата се случила на стариот дел од автопатот меѓу Предејане и Владичин Хан кога автомобил “Голф 5“ излетал од патот и паднал во реката Морава. Од реката е извлечено безживотното тело на една девојка, а по друга се уште се трага, додека другите две патнички во автомобилот…
Денеска (29.01.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи во рамки на Бирото за јавна безбедност, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на целата територија на државата, во која биле исконтролирани 347 угостителски објекти. При контролата во повеќе угостителски објекти после полноќ констатирано е присуство на 56 малолетници, спротивно на законот, а на подрачјето на СВР Велес утврдено е кривично дело „точење на алкохол на малолетно лице“, казниво по член 204 од Кривичниот законик и сите се соодветно санкционирани. На подрачјето на СВР Скопје…
Да го слушнам секој еден глас, кој ќе ми каже во која насока се движи македонската демократија, колку високи се стандардите, каде има отстапки, додаде Ќучук. Европа ќе ги финансира сите добри идеи насочени кон заштитата на човековите права и слободи и гарантирање на перспективата земјите да бидат културно, цивилизациски и образовно поврзани во рамките на Европската Унија, изјави европратеникот Илхан Ќучук на маргините на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“. – Дадовме една добра оценка за постигнатото во изминатите неколку недели. Поставиме почеток на една заеднички дискусија и продолжуваме со нашата програма, при што…
Народната банка применува напредни практики во однос на транспарентноста и ужива висока доверба од јавноста, благодарение на водењето на конзистентни политики кои овозможуваат макроекономска стабилност, се наведува во Извештајот од мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), спроведена во рамки на Кодексот на транспарентноста, а објавен на 28 јануари 2022 година. Народната банка е втора централна банка во светот, за којашто ММФ направи оцена на применуваните практики за транспарентноста, со предвидените принципи во рамки на ревидираниот Кодекс на транспарентноста на ММФ, донесен во јули 2020 година. – Оваа оцена беше направена на иницијатива на Народната банка, со што се потврдува континуираната заложба на…