Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
„Пред Судскиот Совет стои предизвикот за кадровско пополнување на судовите, како со судии, така и со администрација, особено заради фактот дека следува период во кој многумина судии ќе ги исполнат условите за пензионирање, па како итност се отвора прашањето за избор на нови судии“, истакна претседателката на Судскиот Совет, Павлина Црвековска, на конференцијата посветена Стратегијата за реформа во правосудсниот сектор 2017 – 2022, во организација на Институтот за европска политика и Асоцијацијата Зенит, со поддршка на Европската Унија. Таа додава дека иако во Стратегијата за реформа на пправосудниот сектор 2017- 2022, но и во други документи, се посочува дека бројот…
Папајоану: Се надеваме дека набргу ќе се свика првата меѓувладина конференција ЕУ-Северна Македонија
Надеж дека набргу ќе свика првата меѓувладина конференција ЕУ – Северна Македонија, како и поддршка за европската перспектива на нашата земја, но и на останатите од регионот, изрази портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на денешниот брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Додаде дека интеграцијата на Западен Балкан, за Атина, е пат во една насока, бидејќи е „во интерес на стабилноста, безбедноста и просперитетот, како на регионот, така и на Грција“. -Грција ја подджува интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, со исполнување на познатите услови и се надева дека најбргу што може ќе се свика првата…
Од дипломатските служби во Брисел за МИА потврдија дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе ја посети и Северна Македонија до крајот на овој месец, јави дописничката на МИА од Брисел. Според првичните информации што ги доби МИА, претседателката ќе ја посети Северна Македонија на 28 септември, на ист ден со Албанија, на 29-ти таа ќе отпатува за Косово и Црна Гора, а посетата ќе ја заокружи на 30-ти со Србија и Босна и Херцеговина Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска од Стразбур најави дека до крајот на овој месец ќе го посети Западниот…
Капитален проект, спој на висока технологија од Словенија и иновативност од Јапонија. Вака денеска државниот врв ја нарече пречистителната станица која треба да обезбеди чиста, здрава и квалитетна вода за пиење за преку 100.000 домаќинства во општините Штип, Пробиштип, Свети Николе, Лозово и Карбинци. Филтер станицата, со капацитет од 300 литри во секунда, ќе овозможи и наводнување на 4.000 хектари земјоделска површина, како и производство на електрична енергија од 50 гигават часови. Во тек е тест периодот по кој следува првата фаза – обезбедување вода за пиење за жителите од петте општини. За овој проект кој се реализираше во изминатите…
Поранешниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, кој се кандидира за претседател на Франција, предупреди дека други земји ќе го следат примерот на Велика Британија и ќе ја напуштат Европската унија доколку не се сменат правилата за имиграција. – Оние што сметаат дека Брегзит е зад нас, дека преговорите се одвиваа добро и дека можеме да се вратиме на работа како и обично, прават многу сериозна грешка. Ако ништо не се промени, ќе има други Брегзити, истакна поранешниот еврокомесар за францускиот неделник „Ле Поинт“. Барние, со претседателска номинација од десничарската Републиканска партија пред изборите во април, предизвика изненадување минатата…
Оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани се доставени до премиерот и се архивирани. Содржината на оставките не отстапува од она што веќе двајцата јавно го споделија, изјави на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски. Премиерот, рече Арсовски, веќе објасни дека проценката и одлуката по однос на поднесените оставки ќе ја базира, исклучиво на фактите од истрагата, согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово. – Очекувањата се тоа да се случи во следниот период. Премиерот, исто така, апелираше за брза и темелна истрага, изјави Арсовски.Оставките на министерот за здравство Венко…
Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике реагираше на свирежите на навивачите против Серхи Роберто за време на натпреварот против Баерн Минхен (0:3) синоќа во Лигата на шампионите. Роберто влезе во почетниот состав, но во 59. минута беше заменет со Јусуф Демир. – Ме боли затоа што го знам овој човек, тој е прекрасна личност која го сака клубот повеќе од било кој друг. Исто така, сакам да ги потсетам луѓето дека тој не е класичен дефанзивец. Неговата позиција е во центарот на теренот, во средниот ред. Сепак се жртвуваше играјќи на оваа позиција, и во многу случаи тоа го правеше феноменално.…
Владите на Република Северна Македонија и Република Косово утре во Скопје ќе одржат заедничка седница, на која ќе се потпишат низа договори и меморандуми со кои ќе се продлабочи и зајакне соработката меѓу двете држави. Договорите, како што информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот безбедноста, иноваци и технолошки развој и други области. Владата, на вчерашната 106-та седница ги утврди пакетот договори и меморандуми за соработка со Република Косово, кои што се предвидени да бидат потпишани на заедничката седница. – Оваа информација произлегува како резултат на ангажманот на работната група…
Сите треба да учиме од слабостите на системот, трагедиите да ги прифаќаме со најобјективни согледувања, претпоставки и одговорности. Никој не е венчан, ниту врзан за функцијата. Секој е заменилив, но истовремено, не смееме ни да се поставуваме несоодветно заради некакви скриени политички побуди или други скриени намери, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање кога ќе донесе одлука за понудената оставка на министерот Венко Филипче. Според него, чувството за морална одговорност е разбудено, но не може да се распушти државата кога се случуваат несреќи. Заев повтори дека ќе ги чека наодите од вештачењето и форензичките извештаи, вклучително и…
Во полицијата вчера е пријавена физичка пресметка во Неготино меѓу пет лица од Кавадарци, Струмица и од Скопје, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. – Во Полициската станица Неготино, А.Х.(21) од Струмица пријавил дека околу 16 часот во кругот на приватно претпријатие во Неготино, по кратка расправија, настанала физичка пресметка помеѓу него и Б.А.(38) од Скопје, од една страна и И.В.(20), Ј.В.(22) и Е.В.(30), сите од Кавадарци, од друга страна, појасни Додевски. Тој додаде дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Словенија ќе ја прошири оградата на границата со Хрватска, со цел да спречи илегална миграција, објави денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс. За време на посетата на Савињската област, што се протега од хрватската до австриската граница, Хојс ја разгледа ситуацијата на границата со Хрватска и како се контролира, најавувајќи поставување на неколку десетици километарска ограда против мигрантите. Од големата миграциска криза од 2015-2016 година, кога Словенија започна да поставува бодликава жица, таа веќе се протега на повеќе од половина од должината на меѓусебната граница меѓу двете земји. – Владата е во завршна фаза на потпишување договор за поставување…
На предлог на пратениците од парламентарното мнозинство на дневен ред на денешната собраниска седница се и дополнувањата на Законот за облигационите односи. Со предвидените дополнувања, се додава нов член кој гласи: Кога износот на стасаната, а неисплатена договорна камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече. Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, ова во практика значи дека нема повеќе да има ситуации каде некој граѓанин за долг од на пример 500 денари да плаќа 5.000, 8.000 па и 10.000 денари по основ на камати, односно со предложените измени се предлага каматата да не смее…