Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Бензините од полноќ поскапуваат за 0,5 денари, додека дизелот останува со иста цена, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Согласно одлуката на Регулаторната комисија, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто во однос на Одлуката од 05.07.2021 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат и остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени…
Илјадници граѓани протестираа на повеќе локации во Куба, нешто што ретко се забележува во комунистичката земја, пренесе Франс прес. „Слобода!“ и „Долу на диктатурата!“ скандираа демонстрантите, револтирани од економската криза, која се влоши од пандемијата на новиот коронавирус. „Куба не си ти!“, извикуваа лицата што протестираа, собрани пред една од канцелариите на Кубанската комунистичка партија – единствената политичка сила во земјата. Протестите беа пренесувани во живо на социјалните мрежи, во Куба, во принцип, единствените дозволени собири на луѓе се митинзите на владејачката Комунистичка партија. Неколку стотици луѓе протестираа на познатиот крајбрежен булевар Малекон во главниот град Хавана. Неподготвени од спонтаните…
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ги сподели своите емоции по освојувањето на Купот на Америка. – Победата сакам да ја посветам на моето семејство, кое секогаш ми дава сила да продолжам, моите пријатели кои многу ги сакам, сите што не поддржуваат, 45-те милиони Аргентинци кои имаа тешки моменти поради проклетиот коронавирус, особено оние кои директно ги допре. И, секако, оваа победа му ја посветувам на Диего Марадона, кој секогаш навиваше за нас. Додека славиме, да не заборавиме дека има уште многу да се вратиме во нормалниот живот. Дозволете ни да извлечеме сила од оваа победа за да продолжиме заедно да се…
Законот за бесправно изградени објекти е во нацрт верзија, веќе се комплетира и деновиве ќе биде доставен до Владата на усвојување. Во оваа правна рамка нема да биде ставен објект кој што е во заштитено подрачје, а аспектот на проширување ќе е за граѓаните со ниски примања, за да не плаќаат давачки кон општините, информираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Министерот посочи дека очекува сите засегнати и заинтересирани страни да земат активно учество во разгледување на текстот на Законот, заради тоа што, како што рече, направени се сериозни дополнувања и подобрувања. – Законот за бесправно изградени објекти…
Градот домаќин на Олимписките игри – Токио денеска воведе нова вонредна состојба, на помалку од две недели пред почетокот на Олимпијадата, поради веројатноста дека новите мерки ќе можат да помогнат да се спречи зголемувањето на случаите со КОВИД-19, објави Ројтерс. Минатата недела, организаторите објавија дека на гледачите нема да им биде дозволено да присуствуваат на скоро сите спортски настани, со што замреа надежите дека Олимпијадата ќе стане масовен спектакл. Присуството на гледачи од странство беше забрането уште пред неколку месеци, а сега владините претставници бараат Јапонците да ги следат Олимписките игри на телевизија. „Ги замолуваме луѓето да ги поддржуваат спортистите…
Претседателот Стево Пендаровски вечерва ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на 61-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид со почеток во 21:00 часот, информираа од неговиот кабинет. Реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето“, којшто традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата, годинава свечено ќе биде отворен со гала балетскиот концерт „Големиот Чајковски“ во изведба на уметниците од Националната опера и Балет. „Гoлемиот Чајковски“ е сочинет од најубавите дела на рускиот композотор, со изведби на делови на балетската трилогија „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“, и извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј…
Рокот за ревакцина со втората доза на „АстраЗенека“ од 12 недели сега се крати на шест, информира министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска беше во посета на поликлиниката во „Шуто Оризари“, каде денеска започна вакцинација без закажен термин. Тој додаде дека ваквата одлука, која стапува веднаш, е донесена во согласност со Комитетот за имунизација, а инаку нема никакви промени во однос на препораката за старосната граница – таа останува да се аплицира на возрасните лица над 60 години. -Во упатството има една флексибилност, односно ревакцината да биде во период од четири до 12 недели. Ние бевме многу внимателни чекајќи…
Поради зголемениот број на увезени случаи на заразени со коронавирус минатата недела, Словенија одлучи од 15 јули да ги смени критериумите за влез во земјата и повеќе нема да зависи од која држава доаѓаат патниците, туку само од нивниот ковид статус. Според одлуката на словенечката Влада, за влез во земјата без карантин ќе важи европската дигитална потврда за вакцинација или дигитална потврда од трети држави, а основен критериум за влез е доказ дека некое лице прележало Ковид-19, целосно е имунизирано или има негативен резултат од тест. Единствен исклучок се странците кои имаат земјиште или недвижен имот во Словенија (т.н. двојни…
„Системот продуцира неморални луѓе во раководството на државата и тоа се гледа“, истакна претседателот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, во своето прво обраќање во јавноста по вчерашните предвремени парламентарни избори, втори за оваа година. Тој кажа дека неговата партија нема да прави коалиција со никого, бидејќи, како што вели Трифонов, самиот збор „коалиција“ веќе имал лоша перцепција во јавноста. Тој сепак ќе предложи кандидати за состав на Влада, но во Собранието нема да бара поддршка од останатите партии, туку останува на нивна волја дали ќе го поддржат или пак не, додавајќи дека очекува во скоро време претседателот на државата…
За вторпат во историјата на европските првенства шампионот на стариот континент стана познат по изведување пенали. По одличната интервенција на италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, беше ставена точка на натпреварот и со конечни 3-2 „Азурите“ имаа причина за славење и тоа сред „Вембли“. Италијанската фудбалска репрезентација за вторпат во историја станува европски шампион, а иако Англичаните овојпат имаа сериозна шанса, тие никогаш не застанаа највисоко на пиедесталот. Регуларниот дел од играта заврши 1-1. По само две минути игра бекот Лук Шо погоди за 1:0 за водство на Англичаните, а тој резултат остана актуелен по првите 45 минути. Италија успеа да ја…
Партијата „Има таков народ“ на телевизискиот водител и шоумен Слави Трифонов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија , според податоците на агенцијата Галуп од паралелното пребројување на 90 проценти од гласовите. Коалицијата ГЕРБ-СДС останува втора политичка сила. Галуп наведува дека станува збор за резултати според нивна прогноза, а официјалните ќе бидат објавени од ЦИК. „Има таков народ“ освоија 23,2 процента од гласовите, ГЕРБ-СДС – 23 отсто, БСП – 14,3 проценти, „Демократска Бугарија“ – 13,4 отсто, ДПС – 11,5 проценти, „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 5,1 процент. Останатите пратии не го преминаа дозволениот праг за влез во Парламентот. Според Галуп,…
Речиси израмнети резултати, со многу мала разлика во полза на ГЕРБ над „Има таков народ “, иако се уште постои шанса за пресврт – вакви се првите резултати од излезните анкети на избирачите при малата активност на предвремените парламентарни избори во Бугарија, пишува „Медиапул“. Засега, БСП го задржува третото место, а на четврто е „Демократска Бугарија“, која го подобри резултатот во споредба со претходното гласање од четврти април. ДПС се петти, а коалицијата „Исправи се” е на шестото место. Засега, ова се политичките сили кои го преминуваат цензусот, а најверојатно коалицијата „Патриоти“, од која дел е и ВМРО-БНД на Красимир…