Author: НОВА ТВ

Македонската тениска сензација, Калин Ивановски (17 години), го заврши својот настап на јуниорскиот дел од гренслем-турнирот Вимблдон. Калин го заврши овогодишното издание на Вимблдон, кое дефинитивно ќе го памети како одлично искуство за понатамошниот дел од кариерата која треба да биде навистина светла и одлична со оглед на предиспозициите и квалитетот со кој располага нашиот тенисер. После двете победи над стартот 17-годишниот Калин Ивановски го привлече вниманието со неговите игри и денешното осминафинале беше директно пренесувано на „Спортклуб 1“. Ивановски беше поразен во осминафиналето со 2:0 во сетови, од седмиот носител Џек Пинингтон Џонс (5-7, 0-6), но во поголемиот дел…

Read More

Во последните 24 часа се направени 2.960 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 5, Тетово – 4 и Битола – 1, информира Министерството за здравство. Регистрирани се 5 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Крива Паланка и Берово – по 1. Регистриран е и еден починат пациент од Струмица (64г), во болнички услови . Направените тестови се преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–23, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип…

Read More

На 11 јули, ГЕРБ, „Има таков народ“ и БСП можат да сметаат на околу 90% од своите гласачи од изборите од 4 април годинава. Очигледно е дека водечките бугарски партии се стремат да ги зачуваат своите цврсти јадра, иако постоеше обид да го прошират гласачко тело. Последново се покажа како потешка задача за традиционалните партии, се наведува во заклучоците од истражувањето спроведено од „Егзакта рисрч груп“, спроведено во периодот 1-5 јули на 1.005 полнолетни бугарски граѓани во 92 населени места низ целата земја. Според истражувањето, 21,4% од гласовите би освоила коалицијата на ГЕРБ, со 20,8% следува „Има таков народ“, 15,8%…

Read More

Премиерот Зоран Заев во обраќање на конференцијата на „Економист“ во Атина ја истакна важноста на регионалната и економската соработка, особено за време на пандемијата и предностите и придобивките кога земјите работат заедно. Премиерот ги истакна можностите што нашата земја ги нуди за инвестиции, а се задржа и на договорот што денеска ќе се потпише меѓу двете земји за интерконекторот за природен гас.„Тоа е многу голем проект, околу 100 милиони евра. 54 милиони евра се на Северна Македонија. Тоа е интерконектор за природен гас што отвора огромна можност, не само за Северна Македонија, туку и за Србија, за Косово, за Западен…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон е подготвен да го прогласи понеделник за неработен ден во Англија доколку националниот тим победи во финалето на Европското фудбалско првенство во недела против Италија на стадионот „Вембли“, објавија британските медиуми. Извор од „Даунинг стрит“ вели дека можеби е доцна да се објави слободен ден следниот понеделник, но ништо не е исклучено. Портпаролот на Борис Џонсон изјави дека ако работодавците сметаат дека можат да ги пуштат своите вработени во понеделник, тие ќе го сторат тоа, иако е јасно дека работите зависат од дејноста на компанијата. Владата веќе го продолжи работното време на пабовите до 23.15 часот…

Read More

Ние ќе ја поддржиме Северна Македонија за членство во Европската унија само кога таа ќе ја корегира својата непријателска политика кон Бугарија. Постојат сериозни грижи дека новата влада ќе ја смени својата политика кон Северна Македонија, изјави лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов за „Радио Фокус“. – И „Демократска Бугарија” и „Исправи се“ директно преку своите лидери најавуваат дека се за промена на бугарската позиција. Според нив, треба да дозволиме Северна Македонија да започне преговори, бидејќи така било европски. Па, јас би ги прашал нив: За што ве избираат луѓето? За да бидете европски политичари или бугарски политичари? Кога се станува…

Read More

Сите судења каде судија е Горан Бошевски или е дел од судечкиот совет се одложени до назначување на нов судија, информираат од Основниот кривичен суд. Денешното рочиште за судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, „Траекторија“, каде претседател на судечкиот совет е Бошевски не се одржа. Како што информираат, од Кривичниот суд, за биле известени сите странки во постапката. Случајот „Траекторија“ се води против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски, како и против поранешниот премиер Никола…

Read More

Од септември минатата година имаме оперативен план со стратешки пристап за апсење и пронаоѓање на лица што се бараат по потерници, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето на „Утрински брифинг“. Тој додаде дека во оваа насока е оформен тим од исклучителни професионалци, кој дава резултати. Министерот за внатрешни работи истакна дека веќе стотина лица се уапсени од оние што се барале со потерници, а во топ приоритет се лицата што се осудени на повисока затворска казна или пак по кои подолг период се трага. -Вчера имавме едно такво приведување на лице кое беше осудено на дваесет години…

Read More

Министерството за надворешни работи денеска ги осуди предизборните спотови објавени во Бугарија во кои, како што се посочува, се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон нашата држава. -Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме. Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и…

Read More

Софија не е заинтересирана да биде надворешна граница на Европската Унија, смета професорката од Софискиот универзитет Татјана Дронзина. Во интервју за бугарски весник, таа коментира дека Софија „не е заинтересирана за ширење србомани во Скопје, кои, следејќи ги интересите на Србија, на крајот ги следеле интересите на Русија“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Дронзина, прагматично, односот на Бугарија кон Северна Македонија треба да пробие низ цивилизациската и геополитичката ориентација на официјална Софија. Според неа речиси  е невозможно ниту една бугарска влада во моментов, со овие ставови во јавноста, безусловно да ја поддржи европската интеграција на Северна…

Read More

Францускиот гигант ПСЖ ги разгледува опциите за засилување на својот тим со играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, објави ЕСПН. За време на тековниот преоден рок, парижаните веќе постигнаа согласност со голманот Џанлуиџи Донарума, потпишаа договор со Серхио Рамос, Ашраф Хакими и Jорженињо Ваиналдум, а преговараат за враќање на Моис Кин од Евертон. ПСЖ сепак бара уште еден одличен играч за врска, а во видното поле на клубот е 28-годишниот Погба, чија иднина е неизвесна поради договорот со „црвените ѓаволи“, кој истекува следната година. Веќе во јуни агентот Мино Раиола се состана со спортскиот директор на ПСЖ Леонардо…

Read More

Поранешниот селектор на Италија, Антонио Конте верува дека Италијанците ќе го освојат ЕУРО 2020. Во пресрет на финалето против Англија, тој ги посочи слабостите на противникот. „Слабоста на Англија е кога излегуваат од притисокот. Тие не се снаоѓаат добро како Шпанија. Меѓутоа, ако сепак излезат, Англичаните стануваат многу опасни поради брзината на нивните офанзивни играчи“, изјави Конте. „Италија треба да го покаже своето искуство во читањето на играта. Секако, ќе имаме многу помалку навивачи на стадионот, но нашиот тим е поискусен. Ние сигурно знаеме како да победиме “, изјави поранешниот тренер на Интер, Челси и Јувентус.

Read More