Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Москва е загрижена поради изјавата на британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб за преминување на британски бродови во водите на Црното Море, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин. – Се разбира, ваквите изјави нè загрижуваат, изјави портпаролот на Кремљ. Песков исто така рече дека Москва и Лондон не одржуваат консултации за премин на бродови во Црното Море. – Не, нема консултации. Сега, всушност, односите се замрзнати, рече портпаролот на Кремљ. Русија ќе преземе неопходни мерки доколку се наруши нејзината државна граница во Црното Море, рече Песков, коментирајќи ги изјавите на Рааб дека британски бродови „ќе продолжат…
Вчеравечер Извршниот одбор на СДСМ ја одржа својата втора седница на која беа назначени нови претседатели на партиските комисии. Од партијата велат дека комисиите на СДСМ се важни тела, предводени и составени од докажани, професионални и угледни личности, кои даваат свој придонес во креирањето и реализацијата на политиките по кои е препознаена СДСМ. Комисија за економија: Размена Дуровиќ Чекиќ Комисија за здравство: Соња Михајловска Комисија за образование: Елизабета Наумовска Комисија за надворешни работи: Зоран Попов Комисија за труд и социјална политика: Милан Живковиќ Комисија за спорт: Наумче Мојсовски Комисија за локална самоуправа: Јане Миланов Комисија за животна средина; Каја Шукова…
Градоначалникот Петре Шилегов денеска во Основен суд Скопје 2 го застапуваше Градот Скопје во процесот за уривање на галијата поставена во коритото на реката Вардар, во непосредна близина на хотелот „Холидеј ин“. Судот за денеска закажа рочиште за да постапува по одлуката на Апелацискиот суд со која се укинува неговата одлука за запирање на уривањето на галијата по жалба на управителот. Шилегов, како што се наведува во соопштението од Град Скопје, е докажан адвокат, а согласно со Законот, законски застапник на институцијата Град Скопје е градоначалникот и тој има право да го застапува Градот во секоја постапка. – Сите го…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека очекува ДУИ да застане зад интересот на своите сограѓани и да ја поддржи резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугарија. -Очекувам ДУИ да ги надмине своите милитантни однесувања и барем еднаш да застане зад интересот на нивните сограѓани Македонците како мнозинска заедница. Вистински да застане зад новата агенда што ја најави, а тоа е зелената агенда, и наместо химната, знамето и грубото кршење на Уставот од страна на Талат Џафери, да имаме навистина еден вистински државнички и братски однос во државава. И наместо да ги гледаме нашите лични интереси и…
„Европската перспектива на Северна Македонија и регионот не е само во интерес на овој дел од Европа туку и геостратешка потреба на Унијата во овој клучен период, јасно препознаена и во Брисел и во главните градови на земјите членки“, кажал заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на видео-средбата со државниот секретар во МНР на Словенија, Гашпeр Довжан, на која се разговарало за за приоритетите на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ во следните 6 месеци и вклучувањето на европското досие на Северна Македонија во тој контекст. -Тоа кореспондира и со приоритетите на нашите словенечки пријатели за…
Кралот на Холандија Вилем-Александар го осуди пукањето на познатиот истражувачки новинар Питер де Врис, опишувајќи го како напад врз демократијата, кој го шокирал, пренесе Ројтерс. Де Врис беше застрелан синоќа на улица во Амстердам и се наоѓа во критична ситуација. „Ова е напад врз новинарството, што е камен-темелник на нашето владеење на правото“, им рече кралот на новинарите за време на државната посета на Германија. „И како такво, тоа е напад врз нашиот уставен поредок“, рече тој. Холандскиот кралски двор обично не коментира поединечни инциденти, па говорот на Вилем-Александар сведочи за големата популарност и важност на Де Врис. Нападот врз…
Претседателот на Владата Зоран Заев денеска одржа работна средба со претседателот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски и претседателите на неколку грански синдикати од јавниот сектор: Љубиша Каранфиловски на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Миќо Стојановски на Синдикатот на работниците од сообраќај и врски и на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, во присуство на Слободан Трендафилов од ССМ. Како што соопшти владината прес-служба, на работниот состанок, остварен на барање на синдикалните лидери била поздравена поддршката и изразениот слух на Владата за остварување на работничките права и постигнување на социјалниот дијалог во насока на социјално-економска поддршка на работниците.…
Спасувачките екипи пронајдоа тела на 19 жртви од падот на патничкиот авион Ан-26 во Камчатка, објави ТАСС, повикувајќи се на информации од руските служби. „Спасувачките екипи досега пронајдоа тела на 19 жртви. Може да биде потребно генетско тестирање за да се идентификуваат повеќето од нив. Досега е идентификувано едно лице“, открил извор на агенцијата. Вкупно во авионот имало 28 лица, од кои шест членови на екипажот и две деца. Нема преживеани од несреќата. Вчера беше објавено дека патнички авион Ан-26 исчезнал од радарите над рускиот полуостров Камчатка на далечниот исток. Авионот на локалната авиокомпанија летал од Петропавловск-Камчатски кон селото Палана…
Раководството на Барселона е подготвено драстично да ја намали цената на крилниот напаѓач Филипе Кутињо. На „Камп Ноу“ се подготвени да се разделат од Бразилецот доколку добијат понуда и од околу 25 милиони евра, пишува „Фудбал Еспања“. Кутињо беше донесен во Барса од Ливерпул за бомбастична сума од 135 милиони евра. Сепак, тој ги разочара со својот настап Каталонците, кои веќе бараат начин да се ослободат од него, иако ќе бидат во голема загуба. Клубот веќе се раздели со Франциско Тринкао, кој замина на позајмица во Вулверхемптон, а на Самуел Умтити и Миралем Пјаниќ им беше понудено да се разделат…
Во период кога надежите за победа над вирусот зависат од вакцината, Светската здравствена организација предупредува дека феноменот на лажни вести може да го загрози спроведувањето на програмата за вакцинација, пренесува француската новинска агенција АФП. -Коронавирусот е прва пандемија во историјата во која технологијата и социјалните медиуми се масовно користени, со цел луѓето да бидат безбедни, информирани, продуктивни и поврзани, соопшти СЗО. Но, „ковид-19“ истовремено го менува и начинот на функционирање на медиумите и примањето информации во светот кој се соочува со уште една, паралелна пандемија од дезинформации, односно т.н. инфодемија. СЗО се обидува да се бори против дезинформациите и со…
„Економијата полека, но сигурно закрепнува“, уверува вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој кажа дека оваа тенденција ја покажуваат сите макроекономски показатели и статистички параметри. -Владата во изминатата една година и четири месеци направи сериозни напори да го помогне стопанството, особено за да ги амортизира последиците од глобалната корона криза. Сега можеме да кажеме дека економијата е во пораст, вели Битиќи. Тој откри дека индустриското производство е континуирано во пораст последните три месеца, односно во март растот изнесувал 7,6%, во април 46%, а во мај растот на индустриското производство бил 16%. Битиќи додаде дека извозот расте со стапка над 44%,…
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска во Владата ја промовира бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“. На прес-конференцијата присуствуваат и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и директорот на Развојната банка на Република Северна Македонија, Кире Наумов. Бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“, проектирана на 10 милиони евра, е дел од шестиот пакет антикризни мерки. Предвидува грантови до 15.000 евра за фирми од најпогодените сектори: туризам, угостителство, ивент индустрија, приватни здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, доколку отворат нови рабтни места и ги зголемат приходите. Во април годинава Владата ги задолжи Кабинетот на Битиќи и Министерството за финансии во соработка со…