Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Го поздравувам чекорот на СДСМ да ја поддржи резолуцијата што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието. Резолуцијата ги содржи националните црвени линии, од кои ниту една влада не смее да отстапи, напиша статус на својот „Фејсбук“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги обединува сите општествени и политички фактори и да биде носечкиот столб за заштита на националното ткиво и стратешки цели на Македонија. Покажуваме дека обединети сме посилни“, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој во својот статус им се заблагодарува на МАНУ, УКИМ и на МПЦ-ОА за, како што потенцира, нивниот придонес во создавањето на текстот на резолуцијата. Мицкоски…
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе продолжат со средбите со колеги од останатите пратенички групи во Собранието, со цел да добијат поширок консензус за поддршка за резолуцијата, која ќе ја поднесат до законодавниот дом. Тие ќе се сретнат со пратеници од политичките партии Алијанса на Албанците – Алтернатива и ДУИ. Вчера стана јасно дека македонските парламентарни партии ќе ја прифатат Предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ што ги дефинира државните позиции за евроинтеграциите, но и позициите по однос на било какви негирања на македонскиот јазичен, културен или национален идентитет. ВМРО-ДПМНE бара Резолуцијата да биде со уставното име. Своја поддршка за предлог документот даде…
Тропската бура Елза доцна во понеделникот ја „напушти“ Куба, тргнувајќи кон север, односно кон американската држава Флорида, иако поројните дождови над островот продолжија, објави Ројтерс. Националниот центар за мониторинг на урагани на САД во 23 часот објави дека Елса се движи со 19 км на час. Повеќе од 100.000 Кубанци беа евакуирани од подрачја склони кон поплави или од домови кои се најдоа на патот на невремето. Илјадници се засолниле во државните засолништа. Иако Куба успева често да избегне жртви од невреме, овојпат тоа се случува во услови на тешка пандемска ситуација и стравувања од бум на инфекции. Од друга…
Селекторот на Данска, Каспер Хјулманд најави дека во полуфиналето против Англичаните, Данска ќе игра со срцето на Кристијан Ериксен. “Ќе играме со срцето на Кристијан Ериксен. Верувам во карактерот на нашиот тим. Љубовта и чувствата што ги добивме од нашите навивачи ни даваат крилја. Силно веруваме во себе и ќе се бориме до крај”, рече Хјулманд. “Среќни сме што навивачите се враќаат на стадионите, но би сакале да имаме и дански навивачи. Играњето на Вембли е мотив, но ќе биде тешко”. Хјулманд додаде дека треба да се стави крај на споредбите со Европското првенство во 1992 година. “Не сакам повеќе…
По најтоплиот месец јуни во историјата на метеоролошката статистика во Финска и некои делови на Шведска, температурите на воздухот од неделата се граничат со апсолутни рекорди во северниот дел на Европа. Температурите таму варираат од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Кево, на крајниот север од Финска, измерени се 33,5 степени Целзиусови. Тоа е највисока температура забележана во овој дел од земјата, од 1914 година кога рекордната температура изнесуваше 34,7 степени Целзиусови. На национално ниво, јуни беше најтопол месец во Финска од 1844 година, а просечната температура беше 16,5 степени Целзиусови. Во соседна Шведска, јуни повторно беше најтопол месец, а…
Велика Британија ги укинува ковид мерките. Заштитните маски нема да бидат задолжителни, а правилата за дистанцата ќе бидат укинати. Ова денеска го потврди британскиот премиер Борис Џонсон. По 16 месечните рестрикции во Англија се укинува и упатството за работа од дома. Британскиот премиер соопшти дека ќе се укинат сите лимити на посетители во внатрешните и во отврените објекти. – Ќе дозволиме повторно да се отворат бизнисите, вклучивајќи ги и ноќните клубови. Ќе ги укинеме ограничувањата на посетителите на театрите, концертите и на спортските настани, рече британскиот премиер Борис Џонсон. Законските ограничувања во борбата против Ковид-19 треба да бидат укинати на…
Австрискиот канцелар Себастијан Курц на самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес, истакна дека Европската Унија мора да ги исполни своите ветувања. „Унијата мора да го засили својот ангажман, имајќи ја предвид фрустрацијата во врска со нејзината улога на Западен Балкан“, рече Курц. Ние мора да ги исполниме нашите ветувања, рече тој, осврнувајќи се пред сè на неисполнетото ветување за отворање пристапни разговори со Скопје и Тирана, пренесоа медиумите. Курц изрази надеж дека ќе се постигне напредок за време на словенечкото претседателство. Тој ја поддржа иницијативата на словенечкиот премиер Јанез Јанша за одржување на Самит на ЕУ за Западен Балкан…
Во изминатите четири години во земјава има 60 000 нови вработувања. Ова во гостување на Телевизија 24 го рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Тој наведе дека во претходната владејачка гарнитура имало 730 000 вработени, а сега тој број е искачен на 790 000. Битиќи не го изостави растот на просечната и минималната плата. „Од просечната плата од 22 000 дојдовме до 28 000 денари. Јас знам дека моите сограѓани добиваат повеќе пари во нивните џебови. Нема повеќе плата од 9 000 денари. Секој еден денар нашите жители ќе биде употребен кон привлекување на инвестиции“, рече Битиќи во гостувањето…
Седум години по првиот Самит за Западен Балкан (ЗБ) одржан во Берлин во 2014 година, шефовите на владите на Албанија, на БиХ, на Косово, на Црна Гора, на Северна Македонија, на Србија, како и шефовите на држави или влади на Австрија, на Бугарија, на Хрватска, на Франција, на Грција, на Италија, на Полска, на Словенија и на Обединетото Кралство и претставници на Европската унија (ЕУ) и на меѓународните и регионалните тела и организации се сретнаа на видеоконференција (поради тековните предизвици што ги наметна пандемијата на ковид-19) во Берлин на 5 јули 2021 година за Самитот на Западен Балкан во рамките…
Поддршката на Грција за европската перспектива на регионот, како и подготвеност на земјата да обезбеди помош на границата со Северна Македонија и Албанија во рамките на зелениот коридор за непречен проток на добра, изразил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на Самитот на Берлинската иницијатива за Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис во неговот излагање, како што информираат од неговиот кабинет, ја соопштил подготвеноста на Грција да помогне во проширувањето на иницијативата за зелени коридори, со цел непречена дистрибуција на неопходните добра меѓу Западен Балкан и ЕУ, со обезбедување помош на границите со Северна…
Резолуцијата за дефинирање на македонските црвени линии во однос на спорот со Бугарија не треба да поттикнува поделба, иако резултира на недоверба во самиот процес. Ова во гостување на ТВ Алфа го кажа пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи. Таа потврди дека автори на самата Резолуција се МАНУ, УКИМ, додека формата ја дала пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. – За мене е очекувано да биде оваа Резолуција прифатена од СДСМ. На пример, како би звучело во предизборие на локални избори да кажуваат дека биле против Резолуција која што вели – ‘Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и…
Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговори на Северна Македонија со Европската Унија. Ова денеска го изјави германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со лидерите од Западен Балкан. Спорот Македонија – Бугарија се отворил како тема на осмиот состанок на Берлинскиот процес. Меркел наведе дека регионот моментално се соочува со три тешкотии и тоа, спорот меѓу Македонија и Бугарија, спорот меѓу Србија и Косово, како и случувањата во Босна и Херцеговина. „Некои тешкотии не можете да ги предвидите. Долго гледавме како Северна Македонија и Грција преговараа за името. Откако се реши спорот, Северна Македонија стана…