Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курц: ЕУ мора да ги исполни ветувањата за Балканот

0
By НОВА ТВ on July 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 5, 2021 22:02

Австрискиот канцелар Себастијан Курц на самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес, истакна дека Европската Унија мора да ги исполни своите ветувања.

„Унијата мора да го засили својот ангажман, имајќи ја предвид фрустрацијата во врска со нејзината улога на Западен Балкан“, рече Курц.

Ние мора да ги исполниме нашите ветувања, рече тој, осврнувајќи се пред сè на неисполнетото ветување за отворање пристапни разговори со Скопје и Тирана, пренесоа медиумите.

Курц изрази надеж дека ќе се постигне напредок за време на словенечкото претседателство. Тој ја поддржа иницијативата на словенечкиот премиер Јанез Јанша за одржување на Самит на ЕУ за Западен Балкан во октомври.

Курц го подвлече ангажманот на Австрија за приближување на Западен Балкан кон Унијата и во тој поглед потсети на самитот што се одржа во Виена кон средината на јуни.

„Австрија секогаш ќе стои на страната на Западен Балкан“, рече тој.

Според него, ЕУ е комплетна само кога сите земји од Западен Балкан ќе бидат членки на ЕУ.

Курц истакна дека е потребно да се зајакне соработката во областа на борбата против илегалната миграција. Бројот на илегални мигранти повторно расте и ние мора уште повеќе да ги поддржуваме нашите партнери на линијата на фронтот, рече тој.

Во исто време, Курц го поддржа инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан.

Германија денеска беше домаќин на осмиот Самит на Берлинскиот процес, што се одржа во виртуелна форма со вклучување на претставници на земјите од Западен Балкан и функционери на ЕУ.

балкан ЕУ Курц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.