Author: НОВА ТВ

Пандемијата со Ковид-19 ја зголеми економската зависност на Германија од Кина во многу области, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан. Тој додаде дека е потребна отворена дискусија за тоа како да се намали прекумерната зависност од растечкиот азиски гигант. – Го видовме фактот колку станавме зависни од Кина, изјави Шпан на економската конференција организирана од дневниот весник „Зидојче цајтунг“, посочувајќи на зголемениот увоз на маски за лице и медицинска опрема од Кина. – Само за ова би било вредно да се разговара на нашиот сопствен економски самит, односно прашањето како да ја намалиме нашата зависност од Кина повторно…

Read More

САД и Јапонија денеска објавија ново трговско партнерство за зајакнување на соработката во областа на трудот, животната средина и дигиталната трговија. Трговската претставничка на САД, Кетрин Таи, која е во Токио на средба со новите министри на јапонската влада, изјави дека првичните состаноци на американско-јапонското трговско партнерство ќе се одржат на почетокот на 2022 година. „Ова партнерство ќе ја продлабочи соработката меѓу САД и Јапонија дефинирана со нашите силни билатерални трговски односи“, нагласува Таи во изјавата објавена од нејзината канцеларија во Вашингтон. „Нашата тесна соработка ќе ја поддржи економската рамка на администрацијата на Бајден-Харис за индо-пацифичкиот регион и ќе помогне…

Read More

Приливот на странски директни инвестиции во Србија достигна 3,18 милијарди евра годинава до првата декада од ноември. Тоа го тврди гувернерката на НБС Јоргованка Табаковиќ, наведувајќи дека Централната банка проценува дека вредноста на тие инвестиции ќе изнесува околу 3,4 милијарди евра до крајот на годината. -Очекуваме дека учеството на тековниот дефицит во БДП годинава ќе биде околу четири проценти, а на среден рок од четири до пет проценти, со се уште целосно покривање на нето-приливите на странски директни инвестиции. Зголемена е проекцијата на приливите на тие инвестиции за оваа година на околу 3,4 милијарди евра, изјави Табаковиќ на презентацијата на…

Read More

Македонскиот каратист Емил Павлов избори финале на Светското првенство во Дубаи. Македонецот ќе се бори за златото категоријата до 67 килограми, откако во полуфиналето го победи Мартиал Тадиси од Унгарија. Противник на Павлов во борбата за златниот медал ќе биде Стивен Дакоста од Франција. Мечот треба да се одржи в сабота околу 18 часот. На патот до финалето, Павлов ги победи Хомола од Словачка, Сајматов од Узбекистан, Хамат од Јордан, Елксави од Египет и денеска Тадиси од Унгарија.

Read More

На европските берзи утрово цените на акциите благо пораснаа, а тргувањето е претпазливо бидејќи се засилуваат инфлаторните притисоци, што може да ги наведе централните банки да ја заострат монетарната политика. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше на благ плус во 9.30 часот и со тоа достигна ново највисоко ниво во историјата. Лондонски FTSE индекс се намали за 0,25 отсто, на 7.308 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,09 отсто, на 16.262 поени, а париски CAC 0,10 отсто, на 7.159 поени. Трендовите на инфлација се во фокусот на инвеститорите. Утрово беше објавено дека во Велика Британија потрошувачките цени во…

Read More

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер нема да учествува на Австралија опен во 2022 година поради повреда. Грен слемот во Мелбурн ќе се одржи на почетокот на следната година. – Ќе можам да почнам полека да џогирам во јануари и да се вратам на тренинзите на теренот во март или април. Треба да бидам трпелив и да му дадам време на моето колено да заздрави. Следните неколку месеци ќе бидат дефинирани. Мислам дека ќе почнам да настапувам летото 2022 година. Би бил многу изненаден ако можам да се вратам на Вимблдон. Имав скинат менискус и ‘рскавица на коленото. Лекувањето на овие повреди…

Read More

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио денеска најави дека Новата година повторно ќе се слави на „Тајмс сквер“ плоштадот, по откажувањето лани поради пандемијата на коронавирус. – Стотици илјади луѓе ќе дојдат да слават. Конечно ќе можеме повторно да се најдеме еден со друг и тоа ќе биде фантастично!, изјави градоначалникот. Сепак, тој нагласи дека за влез на прославата ќе биде потребен доказ за вакцинација, а единствен исклучок ќе бидат децата до пет години и лицата коишто имаат медицинска причина за непримена вакцина, а кои ќе мора да имаат негативен тест не постар од 72 часа. Прославата на Новата година…

Read More

Една од главните заложби на Министерството за здравство во изминатите години беше унапредување на условите, вложување во модерна опрема и обуки на Клиниката за гинекологија и акушерство. Од МЗ соопштија дека оваа заложба ја претвориле во ефикасна стратегија која за само пет години дала фантастични резултати, ги унапредила условите за родилките и обезбедила врвна нега за новороденчињата. -Како директна последица на постојано унапредување на условите и модернизација на Клиниката, од 2016 до 2021 успеавме да ја намалиме смртноста кај предвреме родените бебиња од 26% на само 8% со тенденција овој процент и понатаму да паѓа. Континуираната обука и унапредување на…

Read More

По завршувањето на квалификациите за Светското првенство 2022, познати се 12-те учесници кои ќе играат во плејофот. Десет од нив беа второпласирани во своите групи, додека Австрија и Чешка доаѓаат преку Лигата на нации. За првпат во историјата бараж за Мундијалот ќе игра македонската фудбалска репрезентација. „Црвено-жолтите“ ќе бидат во групата на неносители заедно со, Турција, Полска, Украина, Австрија, Чешка. Во групата на носители се: Русија, Италија, Португалија, Шкотска, Шведска и Велс. По ждрепката закажана за 26 ноември ќе се формираат три групи со по четири селекции. Во секоја група ќе се игра по еден полуфинален и еден финален меч.…

Read More

Намалување од 8,1 отсто на бројот на новозаразени од Ковид-19 минатата седмица во споредба со претходната, бележи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во земјава. Од 8 до 14 ноември од Ковид-19 заболеле 3.218 лица, што е за 286 помалку од периодот меѓу 1 и 7 ноември. Минатата недела се тестирани 21 346 лица, за 3,5 отсто помалку од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 10,7 до 20,4 отсто, а просечно 14,8. Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години…

Read More

Српската православна црква, преку викарот на патријархот Порфириј, епископот моравички Антониј, се закани дека е можен раскол со Вселенската патријаршија ако биде признаена автокефалноста на МПЦ-ОА. Константинополскиот патријарх Вартоломеј во Украина направи преседан, кој, во случај да биде повторен на Балканскиот полуостров, може да доведе до прекин на евхаристиското општење на СПЦ со Фанар, кажал епископот Антониј на меѓународната богословска конференција во Киево-печерската лавра „Соборноста на црквата: богословски, канонски и историски измеренија“, соопшти на својата фејсбук страница Центарот за информации на Московската патријаршија во Украина. – Доколку бидат донесени какви било решенија по прашањето на Македонија и Црна Гора, може…

Read More

Килијан Мбапе постигна гол за француската фудбалска репрезентација на четири последователни натпревари. Ова е прва ваква серија за еден од најдобрите фудбалери на светот. Синоќа во Хелсинки на дуелот со Финска, погоди во 76.минута и ги постави конечните 2:0 за „триколорите“ во последното коло од квалификациите за Светското првенство 2022. Дваесет и двегодишниот Мбапе претходно се запиша во листата на стрелците на средбите со : со Казахстан (8:0) во Д-групата од квалификациите, како во финалето и полуфиналето на Лигата на нации против Шпанија (2:1) и Белгија (3:2). Франција како првопласирана во Д-групата обезбеди пласман на Мундијалот во Катар следната година.

Read More