Author: НОВА ТВ

Министерството за внатрешни работи цврсто стои зад приказната за полициска соработка наречена Конвенција за полициска соработка на Југоисточна Европа, која и до денес дава конкретни резултати и нуди перспектива за натамошен развој на стратешката и оперативната соработка во сите земји кои се дел од оваа платформа, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешниот 22-ри состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа, што се одржува во Скопје. Спасовски оцени дека прекуграничната соработка и заедничките оперативни активности преку навремена размена на податоци и информации, се предуслов и за успешно спроведување на мерките на национално…

Read More

Изминатиов период се евидентирани големи загуби и пад на економиите во скоро сите сектори. Потребата од квалитетен кадар кој одговара на потребите на бизнисот и натаму е проблем, поради што треба да се преземаат заеднички активности. Соработката со владите мора да продолжи, а неопходно е и елиминирање на бариерите за водење бизнис во регионот преку преземање нови и продолжување на почнатите иницијативи, порача Асоцијацијата на балканските комори (АБК) од генералното собрание. Со собранието кое се одржа онлајн, претседаваше Бугарската трговско-индустриска комора, а во фокусот на дебатата беа поддршката на компаниите, новите услуги кои ги креираат коморите и регионалната соработка. Коморите…

Read More

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје зад себе има богат 72-годишен пат исполнет со резултати достојни за почит, пат длабоко втемелен во сите пори во нашето општество. Големиот избор на квалитетни и иновирани студиски програми, постојаниот стремеж за достигнување на квалитетот на образовните програми на европските и светските универзитети, како и следењето на трендовите на атрактивност на студуските програми го прават Универзитетот не само водечки во земјава, па и пошироко, туку и најдобар избор на идните студенти. Ова денеска го истакна ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски преку онлајн обраќање до матурантите, идни членови на академската…

Read More

Во Централна, Источна и Југоисточна Европа побарувачката за кредити е зголемена и пристапот до кредити е олеснет, но подобрувањата првенствено се однесуваат на физички лица, а не на стопанството, покажува новата студија на Европската инвестициска банка. Истражувањето укажува на позитивни трендови во банкарското кредитирање во Централна, Источна и Југоисточна Европа Во последните шест месеци состојбата кај проблематичните кредити е подобрена, но не се очекува ваквото подобрување да продолжи и во наредните шест месеци, што укажува на одредена неизвесност. ЕИБ го објави своето истражување за банкарството на Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ), кое укажува на оптимистички очекувања за банкарскиот систем…

Read More

Пентагон ќе се фокусира на изградба на бази во Гуам и во Австралија со цел подобро да ја подготви американската армија да и се спротивстави на Кина, изјави висок претставник на американското Министерство за одбрана. Таквите потези се поттикнати од ревизијата на американската глобална одбранбена стратегија, која претседателот Џо Бајден му ја наложи на државниот секретар за одбрана Лојд Остин да ја спроведе набргу откако тој ја презеде функцијата во февруари, објави Си Ен Ен. Остин започна со ревизија на американската глобална одбранбена стратегија која беше строго доверлива, но висок претставник на одбраната изнесе некои детали околу наодите. – Бајден…

Read More

Најниска температура во земјава изутринава е измерена во Лазарополе -4 и во Маврово -3. На останатите места насекаде е над нулата, а максимални шест степени се измерени во Гевгелија, соопшти УХМР. Во Лазарополе наврна и најмногу снег 28 сантиметри, на Попова Шапка снежната покривка е 21, а во Маврово 11 сантиметри. Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврна во Охрид 34 литри на метар вадратен, потоа во Дебар 32, Маврово 29, Тетово 24, Крушево 21, Скопје 15, а најмалку во Гевгелија пет литри. Околу полноќ во северните делови на земјава започна да дува засилен ветер од северен правец. Умерен…

Read More

Сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу во интервју за БНТ тврди дека автобусот што учествуваше во несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија, пред да замине од Турција бил на сервис и се било во ред. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Хаџиу ја отфрлил можноста некои од патниците да внеле во автобусот запаливи материи. Хаџиу потврди дека тој и неговото семејство биле дел од екскурзијата во Истанбул, но патувале во другите автобуси. Неговите деца биле во последниот автобус. Опожарениот автобус бил произведен во 2007 година, но бил купен од пред околу три години. Според сопственикот, досега немало технички…

Read More

Претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе преминуваат во снег. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската котлина. Попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи постепено разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната 3 од 9 степени. Во Скопје наутро променливо облачно со повремен дожд кој во повисоките делови од котлината ќе преминува во снег. Потоа облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе…

Read More

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира новиот вид на коронавирусот Омикрон како „многу висок“ глобален ризик. Во документот СЗО нагласува дека научниците сè уште многу малку знаат како Омикрон ќе влијае на текот на пандемијата. – Омикрон имаа мутации чиј број е без преседан, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз развојот на пандемијата. Вкупниот глобален ризик поврзан со Омикрон е исклучително висок, се наведува во извештајот на СЗО. Проценката на СЗО се заснова, меѓу другото, и на фактот дека Омикрон, кој беше откриен во Јужна Африка, има голем број мутации кои претставуваат поголем ризик од повторени…

Read More

Телата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија во која настрадаа наши сограѓани, авионски ќе бидат донесени во петок, а преку организиран државен протокол останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови. Во текот на вчерашниот ден уште тројца од повредените пациенти кои се лекуваа во болницата „Пиргов“ во Софија, се вратија во државава. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера информираше дека предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во автобуската несреќа ќе биде направено преку организиран државен протокол. – По остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија, надлежен за трагедијата од 23 ноември,…

Read More

Комисијата за заразни болести вчера донесе одлука дека нема потреба од нови мерки за заштита и превенција од новиот сој на коронавирусот Омикрон. Министерот за здравство, Венко Филипче заклучи оти епидемиолошката состојба е стабилна, а двонеделната инциденца се намалува со некаде околу 14 проценти и минатата недела има околу пет проценти помалку дијагностицирани случаи во однос на онаа недела претходно и во болниците има поголем број на слободни кревети. – Гледаме дека некои земји преземаат некаква форма на рестрикција. Сепак, нашиот заклучок е дека остануваме со сегашниве мерки. Се уште нема доволно познати информации. Иако Светската здравствена организација укажува на…

Read More

На планинскиот превој Стража изутринава од 06:30 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила. Забрана за камиони има и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на планинскиот превој Ѓавато. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема, информиаат од АМСМ и ЈП Македонијапат. На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ…

Read More