Author: НОВА ТВ
Ќе разговораме за актуелната политичка ситуација, истакна пред почетокот на заседавањето на Извршниот одбор на СДСМ, потпретседателот на партијата, Оливер Спасовски. -Ќе зборуваме за сето она што е интерес на граѓаните и државата, односно останување на патот по кој се движи државата, за мирот и стабилноста, бидејќи најважно е сигурноста да ја почувствуваат граѓаните, кажа Спасовски. Пред почетокот на состанокот, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи истакна дека оставката на претседателот на партијата, Зоран Заев не се очекува да биде предмет на расправа. -Заев во овој момент е потребен за општеството и за владеењето во државата. Ќе разговараме за енергетската криза…
Денеска, Владата на САД најави нови 2,7 милиони долари помош за земјата за борба против КОВИД-19 преку УСАИД и потсети на неодамнешната донација во опрема и потрошни материјали во вредност од 400,000 долари наменета за Северна Македонија за истата цел. Со ова, од почетокот на пандемијата, вкупната помош од САД за Северна Македонија за справување со КОВИД-19 надминува 9,2 милиони долари. Новата помош обезбедена преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) ќе биде реализирана во партнерство со Светската здравствена организација за натамошно јакнење на капацитетите на здравствениот систем за подготвено дочекување и одговор на кризи од типот на пандемијата…
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо би можел да го напушти Манчестер јунајтед доколку „Црвените ѓаволи“ не обезбедат место во Лигата на шампиони, објавија британските медиуми. Роналдо во август годинава се врати во Јунајтед од Јувентус, потпишувајќи двегодишен договор. Весникот „Дејли Експрес“ пишува дека Португалецот не е задоволен од последните резултати на клубот и јасно му ставил на знаење на раководството дека не сака да игра во Лига Европа. Роналдо сезонава на 12 натпревари постигна девет голови, додавајќи и една асистенција.
Сарајот на Ахмед Нијази Бег во Ресен и Дом на култура „Драги Тозија“, добива целосно нов покрив, напиша на својот фејсбук профил министерката за култура Ирена Стефоска. -Во тек е реконструкцијата која се одвива во две фази, а е предвидена во годишната програма на НУ Завод музеј Битола, финансирана од Министерството за култура. Првата фаза е во вредност од околу 2 милиони денари. Со ова трајно се решава еден долгогодишен проблем кој е од големо значење во целокуоната заштита на нашето културно богатство, додаде Стефоска. Министерката истакна дека е започнат и процесот на санација, конзервација и реставрација на старото училиште…
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 38-годишен државјанин на Република Албанија, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 7 ноември 2021 година, во 20:00 часот, во Дебарца, бил запрен од полициски службеници додека управувал со патничко моторно возило Цитроен берлинго со албански регистарски ознаки и во сопственост на друго лице. При извршен претрес во возилото биле пронајдени 100 килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 100 полиетиленски…
Од Основното јавно oбвинителство на Република Северна Македонија денеска информираа дека нивните службеници од тетовското обвинителство се уште работат на предметот отворен поради пожарот во модуларната болница на 8 септември во Тетово, при што животите ги загубија 14 луѓе. Од таму потенцираат дека истрагата се уште е во насока на собирање на материјални и вербални докази за утврдување на кривична одговорност. -Јавните обвинители кои преземаат дејствија во насока на расчистување на причините за пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, интензивно постапуваат. Се очекува во обвинителството да пристигнат извештаите од наредените вештачења, меѓу кои и вештачењето од експертите од Република…
Повеќе од две децении, САД се посветени во поддржувањето на Северна Македонија во модернизирање и развивање на нејзината Армија, со цел таа да биде поспособна и поинтероперативна со силите на САД и НАТО. Почетокот на обуката на припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група со американски инструктори претставува значајна пресвртница во односите за одбранбена соработка меѓу САД и Северна Македонија, порача американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз во обраќањето по повод почетокот на обуката во касарната „Јане Сандански“ во Штип, на која присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. – Минатата година, Северна Македонија ја исполни стратешката цел за приклучување кон…
Иницијативата за гласање доверба на Владата е поднесена до Собранието, истакна денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој кажа дека иницијативата ја поднесуваат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, пратениците од БЕСА и пратениците од Левица. Функционерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека 61 пратеник ја потпишал оваа иницијатива и таа со 61 потпис е доставена до Собранието. -Очекуваме претседателот на Собранието согласно законите и Деловникот, во најкус можен рок да свика седница. Во тек се интензивни разговори со уште неколку пратеници во Собранието и очекувам во моментот на гласањето да има повеќе од 61 пратеник. Ние високо ја…
Не мора да значи дека ако Скендер Реџепи не сака да стои на иста листа со Левица дека мнозинството го немаме, истакна претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села пред Собранието. Тој кажа дека партиите од опозицискиот блок прават се само Заев да го одржи зборот и да си поднесе оставка. -Ако се зборува за антиалбанска и анти-НАТО албанска партија, зошто зборуваат само за Левица која е нова и мала партија? Зошто не зборуваат за ВМРО и СДСМ, или се чуваат затоа што еден треба да седнат со нив и да разговараат за влез во Влада, подвлече. -Што се однесува…
Со воведување на новите мерки од саботата, за влез речиси секаде во Грција поребен е документ за Ковид-19 што се скенира преку специјална апликација, меѓутоа државјаните на трети земји, кои иако имаат валиден сертификат не можат да влезат затоа што грчката апликација за проверка не ги препознава овие сертификати, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, во текот на викендот со овој проблем се соочија туристи како од Северна Македонија, така и од Србија, Сингапур, САД и други земји што не се членки на ЕУ. Сепак, ова не значи дека сертификатите не се валидни или не се признати…
Данела Арсовска од денеска и официјално е новиот градоначалник на Скопје и прва жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на државата. – Јас очекувам дека бргу ќе се запознае со проблематиката во градот која е комплексна во многу сфери, меѓутоа екипата што остана овде е сериозно професионална и очекувам дека ќе и помогнат да има успешна работа, рече досегашниот градоначалник Петре Шилегов. По примопредавањето на функцијата, новата градоначалничка на Град Скопје имаше видео обраќање преку кое порача дека посветено ќе се работи на ветените проекти. – Драги скопјани, денеска го отпочнувам својот четиригодишен мандат како ваш градоначалник,…
За поздравување е вчерашната реакција на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој ја осуди изјавата на Шкодране Дардишта, која се закануваше со војна, изјави денеска на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. – Оградувањето на Али Ахмети е за секој поздрав, истакна Ангелов, прашан за коментар, во врска со статусот што го објави на „Фејсбук“, Дардишта, која е членка на Одборот на директори на „Македонски телеком“. Ангелов рече дека го осудува таквиот воинствен и распалувачки говор, нагласувајќи дека додека таа седи во удобната фотелја, со огромна плата, а нејзината реторика може да ги распали младите. –…