Author: НОВА ТВ
На Волстрит берзанските индекси достигнаа нови највисоки нивоа во историјата додека инвеститорите ги чекаат одлуките на лидерите на американската централна банка за намалување на монетарните стимулации. Dow Jones зајакна за 138 поени, или 0,39 отсто, на 36.052 поени, додека S&P 500 порасна за 0,37 отсто, на 4.630 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,34 отсто, на 15.649 поени. Dow Jones достигна рекордно високо ниво трет ден, а S&P 500 и Nasdaq индексот четврти ден по ред бидејќи кварталните деловни резултати на компаниите беа подобри од очекуваните. Досега, приближно 320 компании во индексот S&P 500 објавија резултати, при што околу 82…
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорача вакцинирање деца на возраст од пет до 11 години со вакцината Фајзер/Бионтек против Ковид-19, откако американската Агенција за лекови ја одобри вакцината за таа возрасна група кон крајот на минатата недела. На тој начин 28 милиони деца на таа возраст во САД ќе имаат право да ја примат таа вакцина. Препораката неодамна беше одобрена од Американската агенција за лекови (ФДА), додека препораката на Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) донесена синоќа е последниот чекор за започнување на нова фаза од кампањата за вакцинација на децата. Децата ќе ја…
Офицерскиот Дом во Битола, што скоро една деценија беше затворен и неупотреблив, вечер повторно ги отвора вратите за уметниците и публиката, за гости и туристи, за љубопитни и инспиративни посетители. За Офицерскиот Дом во Битола пишувале хроничари, аналитичари, историчари, поети и писатели, новинари и фоторепортери, и затоа богата е историографијата на овој репрезентативен објект, палата, непроценливо архитектонско здание, старо повеќе од 1 век. Темелите на Офицерскиот дом во Битола се поставени во 1909 година, и според тогашниот обичај „Давање Курбан“ од страна на Абдул Керим Паша, ктитор на објектот. Офицерскиот дом има визба, приземје, кат и галерија, а за ликот…
Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ допатува во Белград, во прва официјална посета на Србија откако стапи на функцијата. На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ тој беше пречекан од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и вицепремиер во српската Влада, Бранислав Недимовиќ, пренесува „Вијести“. И покрај свеченостите, како интонирањето на химните, гардата и црвениот тепих, најголем впечаток остави дрес-кодот на министерот во Владата на Србија, кој беше облечен во фармерки и немаше вратоврска. Ваквиот пречек на Кривокапиќ на социјалните мрежи го коментираа функционери на црногорските опозициски партии. „Кога ќе ве пречекаат онака како што заслужувате. Во фармерки и на ниво. Со…
Откако неколку дена се бележеше тенденција на опаѓање, вчера беше забележан повторно раст на заболени од Ковид-19. Беа регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања, при што повторно најмногу новозаболени има во Скопје. Минатата недела најголем раст на новозаболени имало кај населението од 20 до 29 години. Од Министерството за здравство соопштија дека по Скопје, најмногу новозаболени има во Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8. Регистрирани се 415…
Владината коалиција е против предвремени избори. Велат дека парламентaрното мнозинство е стабилно и треба да продолжи. Предвремените парламентарни избори според нив единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции. Порачуваат дека на Северна Македонија и е потребна Влада со јасен евроатлантски курс на дејствување, која испорачува резултати во интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза. Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, истовремено и портпарол на ДУИ вчера истакна дека на државата не и требаат предвремени избори, бидејќи земјата ќе влезе во…
Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок денеска и утре во Белград, на којшто во име на Владата на Република Северна Македонија ќе учествува вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, по што ќе биде одржана и прес–конференција. Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата.
Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси поради повреда нема да биде во составот на ПСЖ на утрешниот натпревар против Лајпциг во Лигата на шампиони (ЛШ). Францускиот клуб соопшти денеска дека Меси „чувствува болки во левото колено“ и поради тоа ќе го пропушти гостувањето во Лајпциг. Меси беше заменет во петокот во триумфот на ПСЖ над Лил од 2-1 поради проблеми со мускулите. Аргентинецот постигна еден од трите гола на ПСЖ во победата над Лајпиц на домашен терен пред две недели. ПСЖ води во групата А со седум бодови, еден повеќе од второпласираниот Манчестер сити.
Енергетска криза е на глобално ниво и постои, а ние сме свесни за нејзините димензии и сме подготвени да одговориме и работиме на тоа. Ќе реагираме не само со Буџетот во 2022 година, туку и со актуелниот Буџет за годинава зашто ефектите од енергетската криза веќе се чувствуваат во нашата економија. Не можам сега да кажам колку ќе биде тоа во однос на цените, а ниту сум надлежен за тоа, ниту, пак, Владата е, туку е регулаторното тело, истакна денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој порача дека во актуелниот Буџетот има средства од програмата за Ковид од околу 6…
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), денеска со жрепка ги одреди дуелите во рамки на четвртфиналето од националниот куп во кој бранителот на трофејот Силекс ќе игра на домашен терен против штипска Брегалница. Пелистер во Битола ќе биде домаќин на Вардар, Струга ќе му гостува на актуелниот шампион Шкендија, додека Македонија ЃП ќе го пречека актуелниот лидер во Првата лига Шкупи. Натпреварите се на програмата на 24 ноември со почеток од 13:30 часот.
На барањето на Наставничкиот пленум за зголемување на платите на сите вработени во образованието за 20 отсто од почетокот на идната година, Министертството за образование и наука одговори барањето да биде упатено до пратениците во Собранието каде, како што наведува во соопштение, со месеци е заглавен предлог-законот со кој се обезбедува континуиран раст на платите на наставниците. – Владата и Министерството за образование и наука работи во интерес на наставниците и обезбедување нивна правна сигурност и подобрување на нивниот статус. Во таа насока е Законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните…
Во тек се Годишните конкурси на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година, што годинава за првпат се одвиваат по електронски пат. Од Министерството потсетуваат дека рокот за пријавување истекува на 6 ноември (сабота), во 12:00 ч. напладне, кога апликацијата автоматски ќе се затвори. -Годишните конкурси беа објавени на 4 октомври. Оттогаш, Министерството за култура е во постојан контакт со корисниците преку отворените телефони и е-адресите наменети за техничка поддршка на апликантите. Изразуваме задоволство од заемната комуникација која е од полза за сите нас. Тековно ги решаваме отворените прашања со цел секоја…