Author: НОВА ТВ
Мојата порака е борба, посебно до прогресивните сили, чуварите на иднината, интеграциската иднина на нашата земја и чуварите на вредностите на едно општество за сите, да излезат на изборите и да гласаат онака како што мислат дека е најдобро за нив, за нивните општини и за нашата татковина, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали ќе поднесе оставка доколку кандидатот на коалицијата на СДСМ загуби в недела на изборите за градоначалник на Скопје. – Потврдувам дека сум борец човек и апелирам на борба. Го исправив нашиот народ со сите детални информации што треба да ги…
Во СВР Велес вчера околу 13.00 часот вчера било пријавено дека во двор на велешко средно училиште во Велес, по кратка расправија, дошло до физичка пресметка меѓу група малолетници. Како што информира попладнево портпаролот на СВР Велес,Верољуб Додевски, во тепачката учествувале тројца малолетници од населба Чашка, од една страна и двајца малолетници од село Извор и село Оморани, од друга страна. – По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, најави Додевски.
Премиерот Зоран Заев не очекува инфлацијата да надмине три отсто до крајот на годинава и вели дека државата е целосно подготвена за стабилизирање на цените од енергетскиот шок кој се случува во Европа. – Инфлацијата не очекуваме да биде поголема од три проценти, а според последните податоци кои ги имаме е 2,8 проценти. Не очекуваме зголемена инфлација ни за годинава, ниту за годините што следат до 2026-та. Курсот на денарот е стабилен има и стабилни цени. Меѓународниот пазар има влијание врз цените на некои од производите, како што беше со маслото за јадење чија цена се зголеми пред шест месеци…
ВМРО-ДПМНЕ не е поместена ниту милиметар од режимската и насилничка матрица. Сосем малку им требаше да продолжат онаму кај што ги запревме во 2016 година – После првиот изборен круг, членови и активисти на ДПМНЕ продолжија да се закануваат со насилство кон граѓаните кои не се дел од оваа партија, истакна пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска. -За тоа доказ се и фотографиите зад мене – ова се само мал дел од заканите кои членовите на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги испраќаат, а за кои сведочат граѓаните секојдневно на социјалните мрежи. Еве дел од нивата содржина: „Ајде во втор круг со ново мнозинство…
Не се констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик од страна на радиодифузерите во тек на известувањето во првиот круг од кампањата за Локалните избори 2021, покажува Извештајот за медиумското известување за периодот од 27 септември до 15 октомрви, што го објави денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Според медиумскиот регулатор, сите комерцијални сервиси на национално ниво вложиле напори да обезбедат медиумско покривање на изборната кампања и речиси сите, освен што информирале во дневно-информативните емисии, за учесниците во изборите резервирале и повеќе посебни информативни програми. – Кампањата не беше покриена во согласност со принципите на еднаквост за кандидатите…
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна хет-трик на вчерашниот натпревар во Премиер лигата против Манчестер Јунајтед (5:0). Ова се 105., 106. и 107. голови на Египќанецот во Премиер лигата. Салах постави рекорд за овој индикатор кај африканските играчи. Тој го победи поранешниот напаѓач на Челзи и Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба (104 гола). Третиот Африканец кој постигнал 100 или повеќе голови во Премиер лигата е соиграчот на Салах и Сенегалецот Садио Мане (100 гола). Салах има постигнато 107 гола на 167 натпревари, Дрогба има 104 гола на 254 натпревари, а Мане има 100 гола на 238 натпревари.
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Tетово за откривање и законско санкционирање на странски државјани, односно државјанки кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето, најчесто во угостителски објекти, во изминатите девет месеци од годинава биле затекнати вкупно 124 странски државјанки, најмногу од Република Албанија (55), Република Србија (26), Русија (20), Украина (10) и од уште седум други европски држави, од соседството и пошироко, информира полицијата. Од затекнатите, 58 женски лица- странски државјанки или го немале законски регулирано нивниот престој или престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле претходно пријавениот туристички престој, со што постапиле спротивно на Законот…
Граѓаните многу добро знаат само со СДСМ имаме слободни, фер и демократски избори, реагираа од партијата по прес-конференцијата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив изборните нерегуларности се одлика на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кога ја злоупотребувала полицијата за да заплашува, малтретира и уценува граѓани, а МВР било претворено во ВМРО-МВРО. -Тоа време заврши. Ги отфрламе сите обиди за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ кои очигледно се без ниту еден доказ. Граѓаните на 31 октомври масовно ќе излезат на гласање и со демократски методи ќе спречат враќање на режимот и злоупотреба на институциите во партиски цели, соопштија од СДСМ.
Концентрациите на стакленички гасови достигнаа рекордно ниво во 2020 година, објави денеска агенцијата на ОН – Светската метеоролошка организација, предупредувајќи дека светот е далеку од постигнување цели за ограничување на покачувањето на температурата. Извештајот на Светската метеоролошка организација покажа дека нивото на јаглерод диоксид се зголемило на 413,2 честички на милион во 2020 година. Ова е поголем пораст од просечната стапка на раст во последната деценија, и покрај привремениот пад на емисиите за време на затворањето поради Ковид-19. Шефот на агенцијата, Петери Талас рече дека споменатите бројки ќе доведат до зголемување на температурите „далеку над“ целта од Парискиот климатски договор…
Амнести интернешнл до крајот на годината ќе затвори две канцеларии во Хонг Конг, а нејзиниот локален огранок во недела ќе ја прекине работата, соопшти групата за човекови права. АИ, чие седиште е во Лондон, соопшти дека ќе продолжи со истрагите, активностите и кампањите, но од другите канцеларии во Азија и Пацификот. -Одлуката, која ја донесовме со тешко срце, беше донесена поради Законот за национална безбедност во Хонг Конг, што им оневозможи на организациите за човекови права во Хонг Конг слободно да работат без страв од сериозни реакции на владата, изјави Ањхула Синг Баис, шефица на Меѓународниот комитет на Амнести. АИ…
Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла невистините кои втор ден по ред ги шири партијата ВМРО-ДПМНЕ за наводно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”. -Повторуваме дека во јавноста не е изнесен ниту еден доказ ниту дека тоа се договарало, ниту дека МВР на било кој начин е дел од таква наводна операција, ниту пак дека тоа реално се случувало. Ја информираме јавноста дека МВР нема креирано таква вибер група и дека активностите на МВР и во Прилеп и во било кој друг град не се координираат преку вибер групи. На денот на изборите, 17 октомври,…
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и од ноќеска на полноќ остануваат исти, а на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 отсто. Малопродажната цена на Еуросупер БС 95 и натаму останува 76,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 78,5, Еуродизел (Д-Е V) за 68,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за…