Author: НОВА ТВ

Никогаш во кариерата не сум предводел екипа, која примила шест голови и одговорноста за тоа е само моја, изјави тренерот на Рома, Жозе Мурињо по вчерашниот катастрофален пораз на италијанската екипа на гостувањето кај норвешки Бодо Глимт од 6-1 во рамки на УЕФА Конференциската лига. Италијанските медиуми пренесуваат дека тоа за Рома веројатно е најтешкиот европски пораз бидејќи дојде од просечна норвешка екипа, за разлика од поразите од 7-1 што римскиот клуб ги доживеа во минатото од гигантите Манчестер јунајтед и Баерн Минхен. Норвешката екипа ја понижи Рома, а стрелец на четири голови беше нивниот напаѓач Ерик Ботеим. – Јас…

Read More

Нашата политика во наредните четири години е развој на „Паметна општина“ преку дигитализација, односно употреба на информациско-комуникациски технологии, што придонесува за зголемување на оперативната ефикасност, споделувањето и разменувањето информации со јавноста и го унапредува квалитетот на општинските јавни услуги и благосостојбата на граѓаните, најави кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ, Душко Весковски. Според него реализацијата на оваа политика вклучува поголема партиципативност на граѓаните во планирањето и креирањето на буџетот на Општината, поголема контрола на буџетските трошоци и нивно намалување, подобрување на услугите и интеракцијата со граѓаните, ефикасно планирање и одржување на инфраструктурата, како и ефикасно и подобро управување и…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до…

Read More

Најжешката тема на ЕУ самитот – цените на енергијата и кризата која им претстои на граѓаните на ЕУ – заврши без силен одговор од страна на лидерите на ЕУ, јавува дописничката на МИА од Брисел. Драстичниот раст на цените на гасот и струјата неизбежно ќе значи криза особено во зимските месеци за граѓаните и бизнисите во ЕУ. Земјите членки се поделени за одговорот кој треба да се донесе на оваа криза и првиот ден од ЕУ самитот не донесе убедлив излез од ќор сокакот. Заклучоците објавени ноќеска во голем дел ја оставаат топката во рацете на земјите членки, а се…

Read More

Холивудскиот актер Алек Болдвин пукал од реплика пиштол на филмски сет во Ново Мексико, при што ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза, соопштија локалните власти. Смртоносниот инцидент се случил за време на снимањето на независниот игран филм „Rust“, ​​соопшти канцеларијата на шерифот на областа Санта Фе. Од канцеларијата на шерифот потврдуваат дека за време на снимањето на филмот биле застрелани две лица. Халина Хачинс (42), директор за фотографија и Џоел Соуза (48), режисер, беа застрелани кога Алек Болдвин (68), продуцент и актер, испукал од огнено оружје“, се вели во соопштението на полицијата.

Read More

Продолжува скринингот за Ковид-19 во основните и средните училишта, а досега не е откриен ниту еден позитивен случај. Од почеток на пандемијата досега во државата од Ковид-19 починале над 7.000 граѓани. Ревакцинирани се 46 отсто од полнолетната популација, а во битката против Ковид-19, Министерството за здравство ќе го набави и лекот „Молнупиравир“. -Скринингот за Ковид-19 кој се спроведува во основните и средните училишта не откри ниту едно дете позитивно на коронавирусот, соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека до крајот на неделата ќе бидат тестирани околу 500 ученици. Скринингот на Ковид-19 се спроведува со цел да се…

Read More

Поминаа четири дена од кампањата за вториот круг на Локалните избори 2021, а кандидатите за градоначалници и лидерите на поголемите партии полека ги зголемуваат своите активности. Партиите од владејачката коалиција потврдија дека владиното мнозинство останува стабилно и сплотено и дека ќе ги поддржат нивните кандидатите за градоначалници во вториот круг, а истото го направија и партиите од опозицијата. Вчера официјална средба во Собранието имаа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијансата за Албанците, Христијан Мицкоски и Зијадин Села, на која ја потврдија заемната поддршка за нивните кандидати во вториот круг. Ден претходно Мицкоски имаше телефонски разговор со лидерот на Алтернатива, Африм…

Read More

Квалитетот на транспортната инфраструктура и трговската логистика, според Извештајот на Европската комисија за напредокот на државава, останува низок. – На трансевропскиот патен „Коридор 8“ му треба значителна надградба на ниво на автопат. Во јуни 2021 година, вториот рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид беше пролонгиран. Изградбата на железничкиот „Коридор 8“ кон Бугарија се соочува со значителни одложувања. Надградбата на прекуграничните железнички врски и олеснувањето на премините на железничкиот „Коридор 10“ се одвиваат со задоцнување. Заедничката железничка гранична станица со Србија кај Табановце се уште е во фаза на планирање. Одржувањето и услугата на регионалните и локалните патишта и…

Read More

Шпанија, Португалија и Швајцарија поднесоа заедничка кандидатура за организација на Европското првенство (ЕП) во ракомет во машка конкуренција во 2028 година, објави Европската ракометна федерација (ЕХФ). Трите земји ги споија во едно кандидатурите, откако претходно Шпанија и Португалија излегоа со заедничка кандидатура, додека Швајцарија поднесе кандидатура за ЕП 2026 и ЕП 2028. Прифаќајќи ја заедничката кандидатура на Шпанија и Португалија за ЕП 2028, Швајцарија ги повлече своите кандидатури за завршните турнири во 2026 и 2028. Трите земји во заедничката кандидатура, меѓу друго, како место за одигрување на завршните натпревари на првенството го наведао стадионот на фудбалскиот гигант Реал, „Сантијаго Бернабеу“.…

Read More

Депозитите во септември бележат годишен раст од 8,3 проценти, а кредитите од 6,3 проценти, објави Народната банка. На месечно ниво, има пад на вкупните депозити за 0,8 проценти поради намалувањето на депозитите на корпоративниот сектор за 2,8 проценти и растот на депозитите кај домаќинствата за 0,5 проценти. Според податоците што ги објави централната банка, забележано е зголемено кредитирање и на месечно и на годишно ниво кај двата сектора, но со поголем обем кај домаќинствата. Кај корпоративниот сектор се бележи нагорна промена и на годишно и на месечно ниво за 4,8 проценти и 0,6 проценти, а кај домаќинствата за 7,5 проценти…

Read More

Хрватската академија на науките и уметностите (ХАЗУ) и предложи на владата како еден од условите за пристапување на Србија во ЕУ, да побара од владата во Белград „јавно и недвосмислено да го признае хрватскиот јазик“ како посебен и независен стандарден јазик и еден од официјалните јазици на ЕУ, соопшти Хина, а пренесе белградски ФоНет, повикувајќи се на изјава на Одборот за нормирање на хрватскиот стандарден јазик на ХАЗУ. Изјавата е прифатена од раководството на Академијата, со што стана официјален став на Хрватската академија на науките и уметностите, се наведува во соопштението. Одборот, како се наведува, ја усвоил изјавата „земајќи го…

Read More

Односите меѓу НАТО и Русија се на ниско ниво, ситуацијата е најтешка од крајот на Студената војна, но треба да се остави простор за разговори, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. – Мораме да разбереме дека односите меѓу Русија и НАТО се на ниско ниво. Не е било потешко од крајот на Студената војна, рече Столтенберг пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО. Столтенберг додаде дека и покрај тешкотиите, важно е да се задржат каналите за комуникација со Русија. – Цврсто веруваме дека кога работите се тешки, кога се соочуваме со предизвици во нашите односи како што…

Read More