Author: НОВА ТВ

Полициски службеници синоќа привеле четири лица, кои околу 19 часот кои биле забележани како дават пари во замена за глас на претстојните локални избори на местото викано Аџево на подрачјето на Полициската станица „Драчево“. Како што соопшти МВР, осомничените Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. (50) и Ј.М. (35) се приведени под обвинение за вршење на кривичното дело „поткуп при избори и гласање“ од член 162 од Казнениот законик. При приведувањето кај четворицата осомничени се пронајдени 121000 денари и 250 евра. За случајот е известен јавен обвинител и по добиени судски наредби извршени се и претреси во домовите на лицата, а…

Read More

Закани упатени кон кандидатот за градоначалник на Прилеп и неговото семејство, испратени преку социјалната мрежа Фејсбук беа предмет на истрага на Основното јавно обвинителство Прилеп и МВР. Заканите ги упатил 27-годишник од Прилеп, преку објави на социјалната мрежа Фејсбук. Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик. Пријавеното лице во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода на граничниот премин Табановце при влез во државава и приведено на испитување во обвинителството. Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави…

Read More

Државната изборна комисија, на прес-конференцијата закажана за напладне, најави информации за текот на гласањето на болни или немоќни и лица во куќен притвор, гласањето на лица во самоизолација и домашен карантин, гласањето во КПУ и старските домови. Наредната прес-конференција е закажана за 20 часот.

Read More

Потврдена е опалесценција и мирис на нафта покрај насуканиот брод Вера Су, кој е заглавен во близина на Камен Брег, објави бугарското Министерство за животна средина. Итен увид на местото на настанот беше извршен вчера по сигнал на Граничната полиција. Земени се два примерока морска вода – еден од крајбрежна точка и еден од водата непосредно до бродот. Во земениот примерок, опалесценцијата на површината е јасно видлива. Во областа има силен мирис на нафтени производи. Вредноста на азот-амониум е 0,147 mg / l и ги надминува за трипати повеќе претходно измерените вредности на овој индикатор од крајбрежната точка, забележуваат од…

Read More

Во село Долно Соње, општина Сопиште, на 14 октомври 2021 во 16.10 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги ја лишиле од слобода А.В.М.(46) од Скопје која се барала со потерница за издржување затворска казна, информираа од Министерството за внатрешни работи. Таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Read More

Најголемата фудбалска надеж на Барселона, 18-годишниот Педри, им порача на навивачите по потпишувањето на четиригодишниот договор дека каталонскиот клуб ќе успее да се справи со сите проблеми со кои во моментов се соочува. Педри вчеравечер потпиша нов договор со Барселона со кој се обврза на верност до 2026 година, но самиот истакна оти се надева дека ќе остане во клубот „многу подолго“. -Им се заблагодарувам на сите во клубот. Многу сум среќен, иако клубот не минува низ убав период. Меѓутоа, ние сме најголемиот клуб во светот, минуваме низ тешки моменти, но ќе го решиме сето тоа на најдобар начин, изјави…

Read More

Екстремистичката група Исламска држава-Корасан (ИД-К) денеска ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад врз шиитската џамија во Кандахар, во кој загинаа 41 лице. За време на големата молитва во петокот, во најголемата џамија во вториот по големина град во Авганистан одекнаа експлозии во кои беа повредени најмалку 70 лица. Џихадистичката организација соопшти дека двајца бомбаши самоубијци извршиле одделни напади во џамијата. Ова е прв напад на групата ИД-К во Кандахар, град во кој е родено талибанското движење.

Read More

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 43 – годишен гостиварец, за кој постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -Осомничениот на 15 октомври 2021 година, околу 22:30 часот, во домот во кој живеел во заедница со оштетените, започнал расправија по што ги нападнал оштетените и нанел телесни повреди. Тој побарал парични средства, но откако сопругата му кажала дека нема, започнал да ја удира со шлаканици. Потоа побарал пари и…

Read More

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, ја известува јавноста дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес, информираат од ЈО. Според нив, јавните обвинители посветено постапуваат во борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето, давајќи придонес кон нивно сузбивање и превенирање. -Ја известуваме јавноста дека во текот на изборниот ден, на 17…

Read More

Британската полиција соопшти дека убиството на пратеникот Дејвид Ејмс вчера во Есекс било терористички напад, пренесоа светските агенции. Истрагата ја води полициската единица за борба против тероризмот во Лондон. Во соопштението во раните утрински часови денеска, полицијата во британската престолнина го опиша нападот како терористички напад, додавајќи дека истрагата „открила потенцијален мотив поврзан со исламистичкиот екстремизам“. Шеесет и деветгодишниот Ејмс од Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон беше избоден повеќепати во напад вчера попладне во Методистичка црква во местото Лиј, источно од Лондон. Дваесет и петгодишен маж бил приведен на местото на злосторството под сомнение за убиство, а полицијата запленила…

Read More

Лацио е домаќин на Интер во дербито на 8. коло во Серија А. Натпреварот се чека со голем интерес поради враќањето на Симоне Инзаги на „Олимпико“ за првпат откако стана шеф на „нероазурите“. Шампионите се трети во поредокот со 17 бодови, додека „орлите“ заостануваат со шест бода и се на шестата позиција. Голем проблем за Лацио и Маурицио Сари е повредата на ѕвездата и голгетер Чиро Имобиле. Медицинскиот персонал прави се што е во нивна моќ да го подигне напаѓачот за дербито. Инзаги на располагање ќе ги има двајцата Аргентинци – Лаутаро Мартинез и Хоакин Кореа, кои имаа обврски со…

Read More

Париз со години е една од градските средини со прекумерно загадување на воздухот. Сега, престолнината на Франција сака да ја подобри климата во градот со засадување 170.000 нови дрва, јави ДПА. Дополнителни дрва треба да бидат засадени секаде каде што има простор, по улиците, на плоштадите, во парковите, како и на насипите на градската обиколница, соопшти градската управа. Целта е борба против климатските промени. Дрвата апсорбираат јаглерод диоксид (CO2), го подобруваат квалитетот на воздухот и придонесуваат за ладење на градот за време на летните топлотни бранови. Покрај тоа, дрвата се природна бариера за бучава и визуелно загадување, што ќе го…

Read More