Author: НОВА ТВ
Бројот на смртни случаи од туберкулоза повторно почна да расте, првпат по десет години, најмногу затоа што пандемијата на Ковид-19 го наруши пристапот до здравствени услуги, соопшти денеска Светската здравствена организација. – Ова е алармантна вест што треба да послужи како знак за тревога во светот за итна потреба од инвестиции и иновации за да се пополнат празнините во дијагнозата, третманот и грижата за милиони луѓе погодени од оваа болест, која е стара, но може да се избегне и излекува, нагласи генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус во соопштение. Главната причина е затоа што помалку луѓе се тестирани и…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: • Направени се 2.900 тестирања, а регистриран е 421 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 211, Куманово – 32, Штип – 26, Велес – 25, Кавадарци – 19, Кочани – 15, Прилеп – 13, Охрид – 12, Македонска Каменица – 9, Гевгелија – 7, Струмица, Кичево и Крива Паланка – по 6, Свети Николе – 5, Гостивар – 4, Битола, Радовиш, Берово, Виница и Демир Хисар – по 3, Кратово и Богданци – по 2, Тетово, Неготино, Ресен, Пробиштип, Валандово и Крушево – по…
ИКОМ официјално ја објави својата осумнаесетта Црвена листа, која содржи 119 предмети од 45 музеи од 10 земји во Југоисточна Европа, од кои Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Словенија. Црвената листа за културни објекти од Југоисточна Европа во ризик, е фокусирана на европскиот континент и истата ќе биде најголемата листа подготвена од ИКОМ, целта е ублажување на проблемот со недозволена трговија со културни предмети. – Иако поновата историја на регионот беше одбележана со политички пресврти и конфликти, што исто така придонесе за губење на културното наследство, современиот нерегулиран проток на културно…
Самоубиствата меѓу јапонските деца на училишна возраст достигнаа рекордно ниво во текот на изминатата учебна година, покажа извештај на Министерството за образование. Во текот на учебната година во 2020 година, Јапонија регистрираше 415 самоубиства меѓу ученици на возраст од 6 до 18 години – најголем број од 1974 година, откако се води евиденција, пренесува Си-Ен-Ен. Постојат голем број фактори зад самоубиствата, вклучувајќи семејни проблеми, лоши резултати во училиштето, односи со други деца и болести, објави јапонскиот јавен сервис НХК. Причината за повеќе од половина од самоубиствата пријавени минатата учебна година е непозната, соопшти НХК. Бројот е 31 отсто поголем од…
Ако Европа сака сериозно да биде сфатена како глобален играч, мора сериозно да размисли за одлуките кои претстојат. Балканот секогаш беше лакмусов тест за желбата, посветеноста, силата и амбицијата на Европа. Сега е време повторно да се покаже овој европски порив и амбиција, нагласи министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на денешниот Самит за Западен Балкан, насловен „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“, што се одржува во Скопје, во организација на престижниот „Економист“. Споменувајќи го недостатокот на ентузијазам во Европската Унија за процесот на проширување, министерката Шекеринска потенцирала дека Северна Македонија во меѓувреме работеше напорно и испорача повеќе од потребното.…
Потпретседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Џон Котс изјави денеска дека не е во надлежност на организацијата да се занимава со прашањето за почитување на човековите права во Кина, која ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри во февруари идната година. Кина веќе со години е цел на критики од бројни држави и меѓународни организации за кршење на човековите права и геноцид врз ујгурското муслиманско малцинство и други етнички групи во провинцијата Ксинџанг. Котс, кој воедно е и претседател на Олимпискиот комитет на Австралија, рече дека човековите права се важен дел од темелните начела на Олимписките игри, но оти МОК…
Српско – косовското прашање се третира со дијалог којшто го води ЕУ, а го поддржува Америка и Вашингтон целосно ги потврдува целите на овој дијалог, изјави американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи, Габриел Ескобар, во видео разговор во рамки на Самитот за Западен Балкан на „Економист“, што се одржува во Скопје. -Ние сметаме дека политичката енергија треба тука да се фокусира. Не на две паралелни патеки или на други типови на билатерални или мултилатерални ангажмани, туку на овој билатерален механизам на дијалог воспоставен од ЕУ и Лајчек, кој има доста амбициозен план којшто целосно го поддржуваме, подвлече…
Предизвиците со кои се соочуваат работодавачите со дефицитот на работна сила и образовни реформи прилагодени кон потребите на стопанстовото биле главна тема на денешниот состанок на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) со претставници на бизнис секторот во рамки на проектот „Деловен појадок“. Најголем дефицит на кадар, според претседателката на ОРМ, Владанка Трајковска, има во електро-индустријата и во угостителството. Смета дека се потребни реформи во образовниот систем за поголем број практични часови, а работодавачите да ги оспособат своите капацитети за повеќе пракса кај учениците. – Моментално на пазарот на трудот има голем број работоспособно население, кое не ги задоволува потребите…
Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман смета дека напаѓачот Роберт Левандовски треба да ја добие Златната топка на крајот на годината. – Левандовски ја заслужува Златната топка. Мислам дека треба да го добие признанието, бидејќи во последните три години беше поконзистентен од кој било друг фудбалер. Роберт е многу динамичен, има малку повреди, тренира интензивно, истакна Нагелсман за „Абенцајтунг“. Полскиот фудбалер минатата сезона настапи на 40 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи 48 голови и девет асистенции. Во тековната сезона, Левандовски настапи на седум натпревари од германското првенство, постигна седум голови и оствари една асистенција.
Американската политика е тесно усогласена со европските партнери за тоа што треба да се направи во регионот на Западен Балкан. Кажано со еден збор – тоа е евроинтеграција. Американската политика е насочена кон поддршка на европската политика на насочување на земјите од Западен Балкан кон друштвото на западните демократски земји. Точка. Тоа е нашата политика и се останато е само тактички пристап како тоа да се направи, изјави американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи, Габриел Ескобар, во видео разговор со регионалниот директор на „Економист“ за Европа Џоан Хоеј, во рамки на Самитот за Западен Балкан на „Економист“,…
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска ги промовираше програмата „Создади нова иднина“ и кандидатите за градоначалници во Ранковце, Кратово, Пробиштип, а на централниот митинг во Крива Паланка се обрати и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. -Ова не е фер и демократска трка со самото тоа што ВМРО-ДПМНЕ по третпат почнува предизборна кампања со комплетно замрзнат имот. Значи ние не можеме да функционираме како нормална политичка партија, истакна Мицкоски. Мицкоски истакна дека од власта затоа влечат очајнички потези во страв и паника од поразот да тргуваат со човечкото достоинство на народот. -На четири дена пред гласање делат десетици милиони евра, мислејќи дека…
Најмалку 250 Палестинци во израелските затвори почнаа штрајк со глад во знак на протест поради преместувањето во изолирани ќелии, соопштија денеска палестинските власти. Штрајкот со глад предводен од екстремистичкиот Исламски џихад изби во време на зголемени тензии во израелските затвори по неодамнешното бегство на шестмина затвореници од затворот во северен Израел, за кој се сметаше дека е добро чуван. Сите шестмина беа уапсени во рок од неколку недели, но бегството е срам за израелските власти, а Палестинците го поздравија, потсетуваат светските медиуми. Во моментов Израел во затвори држи повеќе од 4.600 Палестинци. Меѓу затворениците има екстремисти осудени за смртоносни напади…