Author: НОВА ТВ

Македонското јаболко ќе се извезува во Украина без царина, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа. По почетокот на бербата на Преспанското јаболко, денеска во Ресен, Хоџа посочи дека набрзо ќе биде потпишан договор со Украина, кој ќе отвори нов пазар значаен за регионот, не само за јаболката, туку и за останатите земјоделски производи. – Се отвора нов пазар. Ги завршивме преговорите со Украина и јаболкото во оваа земја ќе се пласира со нула посто царина. Останува само техничкиот дел на потпишување на договорите, кој заради пандемијата неможеше да се реализира. Но тоа ќе биде набрзо и…

Read More

Носењето заштитна маска од денеска станува задолжително во Букурешт на прометни јавни места, како што се пазари, јавен превоз, малопродажен простор, како и на работно место. Градскиот комитет за итни случаи во Букурешт се состана вчера на итен состанок, откако инциденцата во главниот град во последните 14 дена достигна 4,35 случаи на зараза на 1.000 жители. Букурешт официјално влезе во црвеното сценарио (над тројца инфицирани на 1.000 жители) на 25 септември, што доведе до воведување на некои рестриктивни мерки. Ресторани и кафулиња со затворен простор можат да работат со 50 проценти од нивниот капацитет, а барови, клубови и дискотеки –…

Read More

Вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората. Денеска е 23-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности. Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на…

Read More

Во САД до денеска се дадени 390,1 милиони дози вакцини против Ковид-19, додека низ земјата се дистрибуирани 417,8 милиони дози, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) на својата веб-страница. Тој број е малку поголем во однос на саботата, до кога беа поделени околу 389,4 милиони дози. Целосно се вакцинирани 183,7 милиони граѓани (55,3 проценти), а 213,4 милиони луѓе примиле барем една доза (64,3 проценти), се наведува на сајтот на ЦДЦ. Дополнителна, трета доза на вакцината против коронавирус примиле 2,66 милиони луѓе од 13 август, кога ЦДЦ одобри употреба на трета доза за лица со ослабен имунитет.

Read More

Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени беше регистриран утрово, јужно од градот Ираклио на грчкиот остров Крит, според официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми, жителите на градот Ираклио ги напуштија домовите и објектите и се на улиците, а според првичните информации, земјотресот траел долго и бил почувствуван на целиот остров. Земјотресот беше регистриран во 9 часот и 17 минути по локално време, епицентарот е на копно, а не во морскиот дел, 23 километри северозападно од градот Арви, што се наоѓа јужно од Ираклио. Засега, нема информации за повредени,…

Read More

Пилотот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, ги сподели своите впечатоци по вчерашната трка во Формула 1 возена во Сочи за Големата награда на Русија. Германецот го освои 12. место. – Кога почна да врне, трката се претвори во лотарија. Опцијата беше 50:50 да ги смените гумите или не. Знаевме дека дождот доаѓа, но ми се чинеше дека ќе остане слаб, па решив да останам на истите пневматици. Отпрвин беше толерантно. Се надевавме дека заштедивме многу време и направивме добар напредок, но потоа одеднаш почна да врне силен дожд и во тој момент нашата трка беше загубена. Кога почнува да врне…

Read More

Директорот на американската фармацевтска компанија Фајзер, Алберт Бурла изјави дека светот за една година ќе се врати во нормала по пандемијата, при тоа најавувајќи годишна вакцинација против Ковид-19. – Мислам дека ќе можеме да се врати на нормалното. Но, тоа не значи дека нема да има нови соеви (на вирусот). И не мислам дека тоа значи оти ќе можеме да живееме нормален живот без редовна вакцинација, вели Бурла. Тој вети дека следните денови ќе достави до американскиот регулатор податоци од истражување што Фајзер го спровела за вакцинирање деца на возраст од пет до 11 години.

Read More

Трета доза на вакцина од денеска достапна за граѓаните над 60 години возраст, здравствените работници и пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба, без оглед на возраста. Третата доза вакцина треба да биде од производителот „Фајзер“, а дополнително ќе следат препораки за вакцини од други производители. Министерот за здравство Венко Филипе најави и скрининг на генералната здравствена состојба на населението, како и брзи антигенски тестови за учениците. – Граѓаните над 60 години кои примиле втора доза во моментот кога ќе поминат шест месеци ќе добијат СМС-порака дека може да се јават и да примат трета доза вакцина. Таа порака ќе биде потсетување…

Read More

По парламентарните избори одржани вчера, Германија има долг пат до новата влада најверојатно да биде составена од тричлена коалиција. Големата коалиција, која повторно би се состоела од ЦДУ/ЦСУ и СДП, според анкетите, е влада поддржана од само осум проценти од Германците. Меѓутоа, поради кризата, се уште е можна варијанта, но ЦДУ постојано нагласува дека никогаш не сака да биде помал партнер на СПД. По изборите и СПД и ЦДУ/ЦСУ најавија дека сакаат да формираат влада. Со оглед на тоа што СПД, според сегашните резултати, е победник на изборите, може да формира влада со Зелените и ФДП. Местото на германската канцеларка…

Read More

Времето и денеска ќе биде натпросечно топло, но ќе има мала до умерена облачност. Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 степени додека дневните ќе достигнат до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде слично со температура до 33 степен. Од вторник ќе преовладува претежно облачно со нешто повисоки утрински температури, а дневните температури значително ќе опаднат. Врнежите ќе започнат како послаби во ноќта кон вторник и ќе биде врнежливо со поинтензивни врнежи во западните делови кои во вторник понекаде ќе бидат проследени со повремени грмежи и засилен ветер. Минималните температури во вторник ќе се движат од 7…

Read More

Изборната кампања за Локалните избори 2021 закажани за 17 октомври почнува денеска и ќе трае 20 дена односно до 15 октомври на полноќ. Политичките партии и независните кандидати веќе ги најавија своите активности во кампањата иако најголем дел од кандидатите за градоначалници и советници во изминатите месеци веќе имаа неформални средби со граѓаните и претставување на своите програми на социјални мрежи. Најголемите партии и коалиции кампањата ја почнуваат речиси традиционално од истите градови. Централниот настан на караванот „Најдоброто за твојата општина“ предводен од СДСМ е закажан во Битола, а претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар. Во вторник…

Read More

Заклучно до вчера попишани се вкупно 1 540 301 лице, 479.806 домаќинства и 670.988 станови. Денеска е 23-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 197 033 граѓани од дијаспората. Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf . Надлежните ги повикуваат граѓаните да ја исполнат својата граѓанска и законска должност и да се попишат. Апел упати…

Read More