Author: НОВА ТВ
Процентот на новозаразени во училиштата вчера бил 0,01, како и во двата дена претходно, а од 1 септември досега вкупните случаи не надминувааат 0,2 отсто. Според министерката Мила Царовска, тоа укажува на стабилност со вирусот во училиштата, но доколку Комисијата за заразни болести предложи промена на моделот, МОН ќе го примени. -Министерството за образование и наука е во дневна координација со сите здравствени служби и неделно информира на состаноци на Главниот координативен штаб за состојбите во училиштата. Многу е значајно училиштата последни да се затворат, а први да се отворат и ова не е паушална изјава што ја посочувам како…
Професорот по меѓународно право Љубомир Фрчковски, кој беше и поранешен министер и за внатрешни и за надворешни работи, на дебатата во Владата посветена на 30 години независност „Патот до независноста“, осврнувајќи се на периодот непосредно по прогласувањето независност, рече дека во такви историски моменти на промена, најважна работа е важноста на одговорноста на политичките елити во тие моменти. – Најважната работа е важноста на одговорноста на политичките елити во такви моменти на промена. Во транзициските земји независно од ефуоријата на народот, тежината на политичките елити има посебна важност. Одговорноста на политичките елити во Македонија тогаш беше значајна и кај македонскиот…
Нашата земја во периодот кога се осамостојуваше за среќа помина без оружени конфликти, а моето лично мислење за рефередумското прашање е дека во тој период најважни беа заложбите за мирно разрешување на сите комплексни прашања, истакна премиерот Зоран Заев на трибината „Патот до незавсиноста“ што на негова иницијатива денеска се одржа во Владата по повод 30-годишнината од независноста. На трибината, на која учествуваат и дел од директните учесници во политичките случувања од тоа време, Заев рече дека во тој турбулентен период на глобалната и регионалната политичка сцена, било очекувано настаните да бидат проследени со немири и вооружени конфликти, но оти…
Партијата на Слави Трифонов од победник на последните избори сега падна на четврто место во анкетите
Според најновата анкета на Галуп, доколку изборите за Националното собрание се одржат во првата половина на септември, ГЕРБ -УДФ ќе добие 22,5 отсто од гласовите на возрасните Бугари, а БСП – 16,1 отсто, пренесува дописник на МИА од Софија. Според истражувањето, „Демократска Бугарија“ би добила 15,8 отсто, „Има таков народ“ – 15,5 отсто, Движењето за права и слободи – 11,9 отсто, а последни што же го обезбедат изборниот цензус се „Стани, Бугарија! Доаѓаме!“ Со 4,8 отсто. Истражувањето беше спроведено пред поранешните привремени министри Кирил Петков и Асен Василев да ги објават своите намери да се кандидираат на изборите. Двајцата се…
Природните катастрофи, како резултат на климатските промени, усмртиле повеќе од 17.240 луѓе во светот од почетокот на пандемијата на коронавирусот, покажа најновото истражување. Во соопштението на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) и Центарот за клима на двете организации се наведува дека дополнителни 658,1 милиони луѓе биле изложени на екстремни температури. – Светот се соочува со хуманитарна криза без преседан, во која климатските промени и Ковид-19 ги туркаат заедниците во крајности, изјави претседателот на ИФРЦ, Франческо Рока на прес-конференција во Њујорк, каде беше презентиран најновиот извештај. Организациите ги повикуваат светските лидери да преземат итни мерки не само…
Движењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа в затвор од јануари, денеска ги обвини Гугл и Епл дека попуштиле пред уцените на Кремљ со отстранување на апликацијата која овозможува организирање гласање против партијата на претседателот Владимир Путин. – Денеска во 08,00 часот по руско време, Гугл и Епл ја отстранија нашата апликација „Навални“ од нивните продавници. Со други зборови, тие попуштија пред уцените на Кремљ, објави на социјалната мрежа Телеграм соработникот на Навални во егзил, Леонид Волков. Со оглед на тоа што речиси на ниту еден противник на Кремљ не му е дозволено да учествува на парламентарните…
Ивановска: Ги охрабрувам граѓаните да пријават корупција, но и да го почитуваат Законот за укажувачи
Во јавноста се прави забуна меѓу оставка од морален аспект и професионална одговорност. Можеби затоа оставката на министерот за здравство, Венко Филипче ни се чини задоцнета, меѓутоа е понудена и треба да се прифати, изјави Билјана Ивановска, директорката на Државна комисија за спречување на корупцијата во Утрински Брифинг. Во однос на локалните избори, како што истакна Ивановска, ДКСК е подготвена. Во функција е веб-апликација за пријавување на нерегуларности, како и апликација од регистарот на службени возила, со која се набљудува нивната злоупотреба. -Имаме обезбедено набљудувачи, кои ќе бидат распоредени во неколку градови. Првпат оваа година имаме тројца аналитичари, економисти кои…
Времето за викендот ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и ветер. Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Услови за краткотраен пороен дожд ќе има во недела и понеделник. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време со нешто пониски дневни температури.
На иницијатива на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се одржува трибина насловена „Патот на (Северна) Македонија до независноста“. Покрај премиерот на трибината говорат и Стојан Андов, Љубчо Георгиевски, Васил Тупурковски, Љубомир Фрчкоски, Ѓулистана Марковска, Насер Зибери, Џевдет Хајредини, Мухамед Халили, Денко Малески. https://www.youtube.com/watch?v=9ojrKnpTtco
Поранешниот селектор на украинската репрезентација Андриј Шевченко е еден од кандидатите за предводник на турската репрезентација, информира „ Kicker“. За оваа позиција се кандидира и Стефан Кунц, кој е на чело на германската младинска селекција (играчи до 21 година). Претходно, тој веќе ја посети Турција на покана од Фудбалската федерација на земјата, но страните не постигнаа никаков договор. Турската репрезентација беше предводена од Шенол Гунеш. Тој ја напушти функцијата овој месец откако беше поразен од Холандија (1:6) во квалификацискиот натпревар за СП 2022 година. Шевченко (44) работи со украинската репрезентација од 2016 година. Под негово водство, тимот стигна до четвртфиналето…
Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше да повика германски истражители од највисок ранг, кои што треба да ги испитаат сите околности, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ. Германските истражители, посочи Маричиќ, пристигнаа вчера и сите институции се ставија на рапослагање да помогнат во истрагата. – Вчера вечерта беше свикан Кризниот штаб и сите документи се предадени на надлежните институции. Обезбедено е местото на настанот и сите предуслови за брза и успешна истрага ги имаат институциите, а ние како Влада сме заинтересирани час поскоро да излезат…
За три години САД ќе бидат уништени доколку Демократската партија остане на власт, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за телевизискиот канал „Њузмакс“. Според него, доколку републиканците не успеат да добијат мнозинство во американскиот Конгрес на среднорочните избори во 2022 година и да ја предводат владата во 2024 година, тогаш „за три години на земјата нема да и остане ништо“. Трамп додаде дека во последните осум месеци од претседателствувањето на американскиот претседател Џо Бајден, САД „се лизнаа како никогаш досега“. Републиканецот Трамп редовно ја критикува актуелната американска администрација, како и одлуките на нејзиниот сегашен лидер Џо Бајден. Поранешниот…