Author: Менче Атанасова Точи

Освен договорот, операциите на срце кај деца ќе се прават и без лиценциран детски кардиохирург по заминувањето на Чадиковски, што се коси со законската регулатива  Не постои договор за јавно приватно партнерство меѓу Министерството за здравство и специјалната болница за кардиохирургија „Филип Втори“ иако здравствените власти проектот спектакуларно на прес-конференција го најавија во Влада во декември минатата година, дознава НОВА од добро упатени извори. На прашање на НОВА дали постои договор за јавно приватно партнерство и барање да го добиеме на увид, од Министерството за здравство со одговор дека „ФЗОМ има склучено годишен договор за операции на деца до една…

Read More

Државниот инспекторатот за труд бара да се поништи огласот за медицински сестри во Општата болница во Струга, бидејќи е извршен спротивно на Законот за работни односи, односно изборот е направен по истекот на рокот од 45 дена. Ваквата одлука инспекторите ја донеле при извршениот инспекциски надзор на 16.07.2019 и констатирано е дека одлуката е донесена спротивно на чл.23, став 2 од Законот за работни односи. Заради констатираната неправилност согласно член 258 А од Законот за работни односи на ЈЗУ Општа болница Струга и е дадено Укажување за отстранување на утврдената неправилност со Поништување на одлуката од 11.07.2019 за избор на…

Read More

Се повлекуваат од употреба сите лекови кои содржат циноксацин, флумеквин, налидикинска и пипемидинска киселина. Носителите на одобренија ги известуваат лекарите дека од пазарот ќе бидат повлечени овие лекови поради штетени дејства врз здравјето на луѓето. Иако, вакви известувања во соседните земји стигнаа и до граѓаните преку медиумите,  кај нас со оваа алармантна состојба не се запознаени сите лекари и лежерно ги препишуваат овие лекови на пациентите. Се ограничуваат за примена сите кинолонски и флуорокинолонски антибиотици ( Ciprofloxacin, levofloxacin, ofloxacin, moxifloxacin и norfloxacin) за системска и инахлациска примена поради ризик од настанување, на како што сe вели во писмото„онеспособувачки, долготрајни и…

Read More

Филипче како министер за здравство под чија палка е овој најголем проект во државата- не знае под кои услови ќе биде финансирањето, колкави ќе бидат каматните стапки и на колку години граѓаните ќе го исплаќаат кредитот

Read More

Јане Велковски се уште не го добил лекот Спинраза кој актуелната власт му го вети уште пред две години, дознава НОВА. Пред еден месец медиумите излегоа со информација дека „министерот Филипче го израдува малиот Јане со лекот“, но од лекот се уште нема ништо. Владата пред еден месец, по две годишно одложување  конечно ја усвои информацијата за потребата од набавка на лекот за ова ретко заболување од кое боледуваат 7-мина во земјава. Иако се најавуваше дека со ова одлука на Владата лекот ќе стигне секој момент, малиот Јане се уште чека да ја добие неопходната терапија. Јане денеска наполни 11…

Read More

Позитивната листа на лекови се уште не е променета и во неа нема нови лекови иако министерот за здравство Венко Филипче пред година и половина најави дека ќе ги укине 14 комисии за ревидирање на листата воведени од екс министерот Тодоров. Пред точно четири месеци  пак, Филипче излезе со изјава во Влада дека со заштедата од намалување на цените на околу 550 лекови(генерички и иновативни) ќе обезбедат буџет со кој понатаму ќе ја прошират позитивната листа на лекови. Филипче тогаш рече дека цените се намалуваат од 40 до 50 отсто, а вкупната заштеда на годишно ниво ќе биде над 2…

Read More

Извори за НОВА тврдат дека тендерот за Јавно приватно партнерство за Стерилизација е копија на тендерот во Албанија од 2015 година тежок 91 милион евра кој се покажал за неуспешен и за кој се води голема истрага во оваа соседна земја

Read More

Нема издржана анализа за јавно приватно партнерство за стерилизацијата, а физибилити студијата се држи во тајност. Тендерската документација има недоречености и отвора можност за ризик , ова за НОВА го тврди Анета Симоновска претседател на Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација

Read More

По цели шест месеци заврши конкурсот за избор на лекари во Општата болница во Струга, кој ги проби сите рокови. Агонијата е прекината денеска по голема неизвесност, работа со договор на дело, неплатени дежурства во време кога во цела држава, а посебно во Струга има недостиг од лекари. Новиот директор Муамед  Асани за НОВА потврди дека денеска конечно донел одлука и денеска конкурсот е затворен. „Денеска донесов одлука, избрани се по конкурс 10 лекари, 6 медицински сестри, двајца фармацевти и исто толку лаборанти со високо образование и по еден биохемичар и медицинско техничко лице“, изјави за НОВА Муамед Асани, директор…

Read More

Нема стимулативни мерки за младите лекари, здравствениот систем е колабиран, во државата нема лекари“, велат во ПРОЦЕС, др. Ненад Лазаров од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти- АСМЛ и др. Миралем Јукиќ од Здружението на лекари специјализанти -ЗЛС

Read More