Author: Менче Атанасова Точи

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го соопшти името на ординацијата каде што му била извршена интервенција на 29 годишно момче кое што вчера почина во Градската општа болница„ 8 Септември“. Станува збор за ПЗУ „Јанита“ која се наоѓа во општина Тафталиџе. Името на втората каде што лекарот изнајмил операциона сала се уште не се соопштува бидејќи таму, се уште трае инспекцискиот надзор. „ Се работи  за ПЗУ „Јанита“, а лекарот кој што ја извршил интервенцијата е Звонко Николовски, специјалист по општа хирургија. Тој за да ја изврши интервенцијата изнајмил операциона сала во друга приватна здравствена установа, каде што се уште…

Read More

Лекарот од приватната здравствена установа што му ја вршел интервенцијата на 29 годишното момче кое што синоќа почина во болницата „8 Септември“, изнајмил операциона сала во друга приватна ординација. Токму во таа ПЗУ сега инспекторите вршат инспекциски надзор, откако претходно биле во болницата „8 Септември“ и во приватната ординација во населбата Тафталиџе. „ Продолжуваме во друга ординација каде што лекарот изнајмил операциона сала. Ќе треба да се утврди дали смееле да вршат таква интервенција, каква опрема има, со каков кадар располага, кога се земени брисеви последен пат од операционата сала. Се надеваме дека до вечер ќе заврши инспекцискиот надзор“, изјави…

Read More

Стефанија Чакаровска, ќерка на Гоце Чакаровски кој е советник за здравство на премиерот Заев од пред една недела работи како секретарка-советник на заменик директорот во Агенцијата за лекови, Роберт Бекировски, дознава НОВА од свои извори. Информацијата ја потврди и раководството на Агенцијата  за лекови (МАЛМЕД).  Чакаровска на ова работна место е со договор на дело, со оглед на тоа што се стопирани сите конкурси заради претседателските избори. Извори за НОВА од Агенцијата велат за вакво работно место воопшто немало потреба, а нејзиното вработување било побарано од „горе“. Роберт Бекировски кој сега е нејзин претпоставен, а претходно ја извршуваше функцијата директор…

Read More

Извори за НОВА тврдат дека изградбата треба да се случи со концесија без јавен тендер и најверојатно со готов проект од компанијата бидејќи е неизводливо за до крајот на годината да се подготви главен, идеен проект и физибилити студија

Read More

Веќе трет месец нема безглутенско брашно на рецепт за болните од целијаклија и од други автоимуни заболувања, тврдат пациенти кои не можат да го најдат брашното во аптеките. Ова брашно кое е без глутен го користат пациенти кои во своето тело не смеат да внесат  глутен и со години наназад го земаат од аптеките на рецепт, преку позитивната листа. Килограм брашно приватно чини 260 денари, а со рецепт плаќаат 80 денари. На секој од нив му следува по 30 кг месечно. Од него прават леб, за секој ден по еден. „  Аптеките три месеци не даваат брашно на рецепт, нема…

Read More

Биљана Јовановиќ сестра на починатиот Славчо Петров, за НОВА ја раскажа својата приказна и предупреди луѓето да не веруваат на шарлатани и надрилекари како Петровиќ, кој се преставува како лекар и има Центар за природна медицина во село близу Лесковац

Read More

Невработените граѓани кои минатата година имале повисоки приходи сега ќе плаќаат половина од основицата на просечната плата, односно по 1 333 денари месечно Од денеска Фондот за здравствено осигурување започнува со автоматска пререгистрација на невработените и граѓаните со ниски примања кои треба да се јават во подрачните служби на Фондот само доколку имаат промени во личните примања. Невработените граѓани кои минатата година имале повисоки приходи и досега плаќаа по 2 480 денари за здравствено осигурување, сега ќе плаќаат половина од таа сума, односно по 1 333 денари месечно. Ова го овозможија новите измени на Законот за придонеси со што за…

Read More

Системска неорганизираност и шетање од болница до болница се причината поради која се изгубило драгоцено време во случајот со Аница С. која почина од сепса што ја добила поради пукнато дебело црево, велат лекарски извори од Хируршките клиники,  за НОВА. Жената со силни болки во стомакот била вратена од Ургентниот центар бидејќи немало место, по што била препратена и примена на Клиниката за нефрологија, велат нашите извори. Според извор близок на смесјтвото пак, на Нефрологија,  каде што увиделе дека пациентката не е за кај нив,( по параметрите кои укажувале дека се работи за нешто друго, како и силните стомачни болки)…

Read More

Шеесет и едногодишна жена починала во недела на КАРИЛ, од сепса која ја добила од пукнато дебело црево, откако претходно била препраќана од клиника на клиника и шетана по болничките ходници, при што било изгубено драгоцено време, тврди за НОВА извор близок на семејството.  Жената имала силни стомачни болки, но три дена лекарите не успеале  да дијагностицираат за што точно  се работи, ниту итно да ја оперираат. „Аница почина од прснато дебело црево,  од фекалии кои се разлиле во стомачната празнина, поради што сепсата навлегла во крвта. Изгубено  е драгоцено многу време, операцијата е направена многу доцна “, вели за…

Read More

За тоа како е откриен скандалот со 12 000 осигуреници на кои не им биле префрлани парите од ПИОМ во вториот приватен столб од пензискиот систем, како досега никој немал пристап до податоците, како купувањето на глас кај пензионерите донесе до ваква скандалозна ситуација со парите на идните пензионери. Каде е МАПАС во целата приказна како Агенција која прави ревизија, следење и анализа на пензискиот систем? Што очекува од ОЈО, како една неодговорна политика довела до дупка во пензискиот фонд? Има ли политичка одговорност на министрите за труд и социјала во изминатата деценија, во Студио на НОВА говори Мила Царовска…

Read More

Четворица специјализанти, медицинска сестра, и еден шалтерски работник се меѓу новите заразени со морбили. Еден од специјализантите бил потврден од претходно, а тројцата се нови заболени. Сите заразени со морбили се од Клиниката за детски болести, една медицинска сестра е од Институтот за белодробни заболувања во Козле. Сите имале директен контакт со заболени деца.  На Клиниката за инфективни болести потврдија дека здравствените работници биле прегледани таму и дека во моментот се наоѓаат на домашно лекување. „ Сите здравствени работници побараа помош кај нас, прегледани се, на нив е им е пружена медицинска помош и во моментот се наоѓаат на домашно…

Read More

Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) денеска ќе предложи до Комитетот за имунизација, 624 вакцини против морбили на кои имаше погрешни декларации, со истечен рок,  да бидат уништени. Од МАЛМЕД за НОВА потврдија дека ќе побараат од веледрогеријата „Македонија лек“ да ги уништи спорните вакцини во Дрисла. „ Овие вакцини се прогласени за неисправни според законската процедура и најверојатно ќе бараме нивно уништување. Спалувањето на вакцините е заради техничката грешка со декларацијата, а не заради тоа што се неисправни“, велат за НОВА од МАЛМЕД. На прашање на НОВА дали техничкиот пропуст е во надлежност на Агенцијата за лекови, од таму велат дека…

Read More