Author: Менче Атанасова Точи

Владата ја крие професионалната биографија на директорот на Агенцијата за лекови, Роберт Бекироски. Од таму сметаат дека тоа е личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци

Read More

Граѓаните можат да донираат матични клетки исто како што тоа го прават крводарителите. Со тоа тие ќе влезат во Светската база на податоци во која има околу 30 милиони дарители. На Институтот за имунологија за НОВА потврдија дека веќе имаат околу 3000 граѓани од Македонија кои се пријавиле да донираат  матични клетки. Професорот Дејан Трајков од Институтот за имунологија вели дека процедурата е едноставна и не е штетна, освен ако не се плашите од вадење на крв. „ Кој сака да помогне, да биде хуман може да се пријави и да биде вклучен во базата на податоци. Потребно е само…

Read More

Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев тврди дека има сериозни индиции на злоупотреба на лековите на рецепт од некои матични лекари, кои потоа со торби се пренесуваат во некои од соседните земји

Read More

Основното јавно обвинителство води истрага за уште еден случај во кој гинекологот Николче Дамчевски е обвинет од пациентка која ја лажел дека е бремена, дознава НОВА. Најверојатно станува збор за жена која долго време не можела да остане бремена, па помош побарала кај Дамчевски кој вршел вештачко оплодување.  Од ОЈО ја потврдија информацијата на НОВА, но повеќе детали за случајот не откриваат. „Во Основното јавно обвинителство Скопје се води уште eден предмет против лицето за кое покажувате интерес. Предметот се однесува на истородно кривично дело со она за кое лицето беше осудено со првостепена пресуда на Основниот суд Скопје 1 Скопје.…

Read More

Ден Дончев говори за здравството кое не било приоритет на претходната власт, за лошата состојба во болниците и операционите за кои вели „ во кланиците во Швајцарија добитокот се коли во похумани и похигиенски услови од операционите сали кај нас“, за тоа како понатаму

Read More

Николче Дамчевски, гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена денеска е осуден на година и пол ефективна казна затвор, а изречена му е и забрана за вршење дејност во траење од осум години

Read More

Директорката Ирена Пановска Ставридис и економскиот директор Маја Дерменџиев демантираат дека Финансиска полиција влегла на Клиниката за хематологија за да ја проверува набавката на лекот Мабтера. Демантот го објавуваме во целост. „Земајќи предвид дека на Вашиот медиум објавивте прилог со наслов „Финансиска полиција влегла на клиниките за хематологија и ревматологија“ со кој тврдите дека цел на инспекторите била некаква последна набавка на лекот “Мабтера” кој според вас била донесена со паралелен увоз по интервентна постапка, обврска на менаџментот и стручниот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија да реагираме на овие погрешни наводи кои внесуваат страв и паника кај нашите пациенти и го нарушуваат нашиот…

Read More