Author: Менче Атанасова Точи

Тројца млади пациенти со тешка форма на Цистична фиброза и брзо прогрeдирачка белодробна болест, по три години голгота и борба за неопходната терапија која за нив значи живот, се на прагот да го добијат лекот Калидеко(Ивакафлор). Ова за НОВА го потврдија од ФЗО, откако пред две недели побаравме одговор дали ќе бидат одобрени финансиски средства за да се набави терапијата која им е непоходна. Овие млади луѓе, едната е девојка на возраст од 19 години и другите двајца, еден на 30 и дете на 12 години имаат ретка форма на Цистична фиброза(поради одреден тип на мутација) од која боледуваат само…

Read More

Се чисти и дезинфицира шок собата во ГОБ„8 Септември“, откако пред две недели најтешко болните со Ковид се префрлени на првиот спрат. Полека се подготвува да профункционира оперативниот блок, да се отвори една оперативна сала за операции кои беа ставени на чекање, за пациенти кои не се позитивни на Ковид

Read More

Дваесет и четиригодишната пациентка од Тетово која почина од Ковид, немала никакво претходно заболување. Tака стои во медицинското досие на Клиникатата за инфективни болести каде што се лекуваше од 28 јуни, кога била донесена во многу тешка состојба. Токму, тоа дека нема никаква претходни заболувања во анамнезата создава дилема кај инфектолозите, како можело да се случи толку млада и на изглед здрава жена, да почине од компликации од Ковид-19. „Имаше лесно подобрување во текот на лекувањето, но настана попуштање на срцето и тромб емболија во белите дробови. Изгледаше здрава, немаше вишок на телесна тежина, што создава сомнеж дека можеби стварно…

Read More

Градската општа болницата „8 Септември“ да не биде повеќе Ковид центар и да почне нормално да функционира за другите пациенти, побарале од Синдикатот на болницата на средбата со министерот за здравство Венко Филипче. На состанокот на кој бил присутен и претседателот на Синдикатот за здравство и фармација, било побарано болницата да се врати во првобитната состојба, а за пациенти со Ковид да бидат на располагање само 50 кревети. Информацијата за НОВА, ја потврдија од Синдикатот на ГОБ“8 Септември“. „Баравме да се врати во првобитна состојба болницата,  а за пациентите со Ковид да има на располагање 50 кревети на приземјето и…

Read More

Медицинската сестра од Клиниката за неврологија била повикана на средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, откако претходно за случајот се информирал од медиумите. Таа е казнета затоа што учествувала како испитаник во научен проект за скрининг на здравствени работници за Ковид-19, а за тоа не го известила директорот на Клиниката Француската Амбасада се заинтересира за случајот со медицинската сестра од Клиниката за неврологија која беше казнета затоа што учествувала како испитаник во проект за скрининг на здравствени работници за Ковид-19, а за тоа не го известила директорот на Клиниката. Медицинската сестра вчера била повикана на средба со амбасадорот Кристијан Тимоние,…

Read More

По две недели одмор ќе добијат здравствените работници во ГОБ “8 Септември“, болница која веќе четири месеци функционира како Ковид центар. Ова за НОВА го изјави проф.др. Христијан Костов, директор на болницата. Списоците за одмор за лекарите се веќе направени, се прави распоред за медицинските сестри за да се види кои ќе имаат приоритет за одмор, а кои ќе останат да чекаат за од септември. „ Од 10 јули ќе можат да користат одмор по две недели. Списоците за лекарите веќе се направени, а за медицинските сестри се прават анализи бидејќи некои од нив кои беа позитивни или во самоизолација…

Read More

Да се стопира приемот на нови пациенти со Ковид-19 во ГОБ„Септември“ затоа што веќе нема место место-оделенијата се преполни, а вработените се преморени и исцрпени, бараат од лекарите од болницата. Во овие оддели сликата е тажна, медицински сестри паѓаат од умор, колабираат, повраќаат на работа. Анстезиолозите се преморени, во битката со пандемијата без прекин четири месеци

Read More

Станува збор за меѓународен научен проект со кој се скенира состојбата на здравствените работници како најризична група и преку серолошко испитување да се утврди колку од нив биле во контакт со коронавирусот, дали развиле антитела, дали при повторен напад од вирусот имаат развиено имунитет и да се откријат можни активни случаи

Read More

Глигор Исаев заедно со неговите родители се најде на списокот меѓу 138 луѓе кои се објавени јавно дека не ги примиле решенијата за самоизолација. За разлика од неговата сопруга на која решението и е пратено на вибер и потврдено како примено, тој и неговите родители не добиле решенија за самоизолација иако, како што вели, полицијата доаѓа по двапати на ден да ги контролира. Тие четворицата,  во државата влегле на 20 јуни на граничниот премин Табановце патувајќи 30 часа со авомобил од Германија. Вели дека потпишале изјава на граничниот премин и од тогаш не добиле Решение за самоизолација, ниту тој, ниту…

Read More

Дваесетгодишно момче со симптоми на мозочен удар пред неколку дена било примено на Клиниката на неврологија. Момчето имало проблеми со говорот, во одењето и други симптоми кои се слични на мозочен удар, но откако тестот покажал дека е позитивен на Ковид-19, се посомневале дека причината за ваквата состојба може да биде коронавирусот, по што го префрлиле во ГОБ„8 Септември“. „Беше примен со симптоми кои се слични на мозочен удар, но за нас како лекари беше невообичаено ваква дијагноза на толку млада возраст. Откако тестот покажа дека е позитивен на Ковид-19 и по кажување на семејството дека претходно неколку дена имал…

Read More

Цел тим од осум вработени Клиничка биохемија во ГОБ“8 Септември“ се ставени во самоизолација откако еден од нив се покажал позитивен на коронавирус. Таму два тима од по осум лаборатни одат во две смени. Сега се преполовени. Пет тимови по двајца лаборанти се задолжени да земаат бриsеви за Ковид. И двајца лекари од Итната медицинска помош се заболени со Ковид-19. Тие се на домашно лекување со лесна клиничка слика. Со еден од нив со кој НОВА, стапи во контакт вели дека нема други вработени во изолација бидејќи биле со заштитна опрема, со што вели не е загрозена сугурноста на останатиот…

Read More

Доктор Мирослав Бошковски, матичен лекар во Приватата здравствена установа во Куманово, донираше крвна плазма за четириесетгодишниот пациент од Ресен, позитивен на коронавирусот. Бошковски, кој и самиот го прележал вирусот, по апелот за помош кој што се споделуваше на социјалните мрежи, се пријавил за донирање и да спаси живот. „Знаејќи дека сум крвна група Б+ и оздравен од Ковид19, претседателката на Лекарската комора д-р Старделова ми го испрати апелот за донирање плазма кој се ширел неколку часа по социјалните мрежи. Веднаш почнавме да се јавуваме на сите назначени телефони и стапив во контакт со семејството на пациентот и д-р Грубовиќ од…

Read More