Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Околу 25 пациенти во инвалидски колички кои биле дојдени на Комисија за утврдување на инвалидитет со часови чекале во ходникот на Хируршките клиники бидејќи ниту еден од лекарите од комисијата не се појавил за да ги прегледа
Дел од аптеките денеска останаа без неколку вида на инсулин и тоа токму тие што се увезуваат со паралелен увоз. Откако инсулините почнаа да ги увезуваат на ваков начин, а лекот не доаѓа директно од производителите, туку од „трета рака“дијабетичарите се сомневаат и во нивната исправност Дел од аптеките денеска останаа без неколку вида на инсулин и тоа токму тие што се увезуваат преку паралелен увоз. Тоа се инсулини кои не доаѓаат директно од производителите туку од „трета рака“ или од велдрогерија до веледрогерија. Нив во државата со одлука на преходната власт ги увезуваат пет веледрогерии. Утринава на пациенти кои отишле…
Недоволниот број на респиратори за дишење, инкубатори, немањето простор за интензивна нега, болничките инфекции од кои умираат бебиња, лошите услови, нарушените меѓучовечки односи меѓу лекарите се дел од причините за зголемената смртност на новороденчиња, тврдат на Клиниката за гинекологија
Постојат сомнежи дека матични гинеколози за сума од 500 до 800 евра им ги продаваат на црно вагиналетите од кои минатата недела трудница за малку ја избегна смртта, а нејзиното бебе почина, тврдат на Клиниката за гинекологија
Бебето веднаш починало, а лекарите одвај успеале да го спасат животот на трудницата, дознава НОВА од извори на клиниката. Вагиналетите кои и ги дал матичниот лекар не биле регистрирани за употреба во државата.
Доктор Дамир Тепшиќ, матичен лекар од Самоков е добитник на наградата „Св. Наум Охридски“, највисокото признание на Лекарската комора на РМ
Докторката, гинеколог која била таа вечер на дежурство привремено е суспедирана од работа додека не се расчисти случајот со починатите бебиња, потврдија од Министерството за здравство.
Од истата советничка листа се повлекуваат и Мерита Исмаили Марку која е советник во кабинетот на министерот за здравство и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев
Неврологот Арбен Таравари, ќе го советува министерот за здравство Арбен Таравари. Неврологот, Мерита Исмаили Марку и советник во кабинетот на министерот за здравство, ќе го советува министерот од областа од неврологијата. Од документот до кој дојде НОВА се гледа и дека државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев ќе го советува министерот од областа на Максилофацијалната хирургија. Ова се високите државни службеници во Министерството за здравство кои како Национални советници, очигледно ќе се советуваат сами себе. Тие се дел од листата од 21 советник кои ги избрал министерот Таравари, а документот го потпишале и шефот на кабинетот Бесник Хамити…
Вратите за него овој пат ги отвори Градската општа болница „8 Септември“, од каде за НОВА потврдија дека на Демиров му е ампутирана едната нога до под колено и дека е во стабилна состојба
Фармацевтската јавност одамна укажува на сомнежот дека лековите од паралелниот увоз не се безбедни. Фрапантните податоци кои ги изнесува асоцијацијата Фармабренд Нова ги подгреваат сомнежите. Постои сомнеж дека 40 проценти од лековите кои влегуваат во државата со паралелен увоз се фалсификат, тврдат за НОВА во асоцијацијата Фармабренд Нова, во која се обединети претставниците на странски производители на иновативни лекови во земјава. Овие фирми кои увезуваат оригинални, современи лекови во државата за ваквата алармантна состојба ја известиле и Лекарската комора на РМ. Од таму тврдат дека имаат сознанија за повеќе случи каде што биле пријавени нерегуларности кај лекови од паралелниот увоз…
Државата треба да се изнајде начин на финансирање за третман за намалување на штети од употреба на дроги бидејќи третманот кој ги покрива севкупните потреби дава најдобри резултати, тврди за НОВА, Јири Рихтер директор на САНАНИМ