Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
А, обвинителството нели може да започне истрага по допрен глас? МВР, дали гинекологот бил сам во сето ова? Што се правело јајце клетките, со ембрионите? Кои деца чии се, каде се? Да му се заледи на човек крвта во вените! Како од филмовите од Алфред Хичкок. Овој пат, во македонска режија
Приказната која пред камерата на НОВА ја обелодени млада жена, може да ја прошири истрагата на тоа што с е случувало со материјалите од сопружниците и ембрионите кои биле замрзнувани
Додека ФЗОМ и ОЈО не реагираат во случајот со гинекологот, многу граѓани изјавија дека ќе сведочат за своите голготи. Едни од нив се и брачен пар од Неготино кои освен ваучер од 80 000 денари за Ин витро платиле и 90 000 за како што велат, лажна операција
Дали случајот со гинекологот кој девет месеци лажел пациентка дека е бремена отвора можност за поголема истрага во која треба да се вклучи МВР и Фондот за здравство? Каде завршувале ембрионите, што се случувало со јајце клетките, зошто нема извештаи за тоа?
Во Министерството за здравство уште во 2013 та година била поднесена претставка од пациентка која пријавила дека три месеци била манипулирана и лажена од гинекологот Никола Дамчевски дека е бремена
Истиот гинеколог успеал два месеца да ја лаже Јасмина А. од Кавадарци дека е бремена при што и давал непотребни лекарства иако жената веќе имала две деца и можела да забремени по природен пат. На сопружниците им ветувал дека може да направи да добијат машко бебе и за тоа им земал 5000 евра
Во 21 век во Македонија огромен број пациенти умираат од бактерии со кои се заразуваат во болниците. Одат да се лекуваат од едно, а умираат од болнички бактерии. Семејствата најчесто не се ниту свесни за тоа.
Жената која нејзиниот гинеколог цели девет месеци ја манипулирал и лажел дека е бремена, не е единствена. Веднаш по објавувањето на сторијата на НОВА, во редакцијата се јавија десетина жени кои раскажаа слични искуства со гинекологот против кој е поднесена тужба. Некои од нив застанаа со име и презиме зад своите изјави, други сакаа да бидат објавени со нивните иницијали. Своето искуство со гинекологот го сподели Л.К од Скопје. Таа вели дека штом го видела текстот на НОВА знаела за кој лекар се работи. „Истото ми се случи и мене со гинекологот Никола Дамчевски додека работеше во една приватна болница.…
Гинеколог од Скопје цели девет месеци ја манипулирал и лажел неговата пациентка дека е бремена иако во нејзиниот стомак не постоело никакво бебе. За време на лажната бременост, докторот правел гинеколошки прегледи, мерел грло на матка, вербално ја убедувал дека е бремена, ја терал да прима непотребни лекарства и терапии
За тоа како се носеле незаконски одлуки во Лекарската комора, а раководството си вработувале свои блиски роднини. Како се менаџирало со парите? Зошто комората не прави ништо за лекарите да не заминуваат во странство? До каде е изборот на ново раководство?
Државата ги скрати парите за инсулин, игли, ленти и мерачи на шеќерот во крвта за 60 милиони денари или вкупно еден милион евра. Кратењето на средствата за болните од дијабетес е објавено во Службен весник на 3 април годинава