Author: Менче Атанасова Точи

Почина 31 годишниот Христијан Неделковски кој осум години живееше приклучен на батерии, со вградени две пумпи во срцето (БИВАД), интервенција која беше направена во болницата „Херцентрум“, во Берлин. Тој во средината мај беше примен на одделот за интензивна нега во Државата кардиохирургија, откако пумпите алармите дека нешто се случува с о неговото срце. Христијан беше првиот пациент на кого му беа вградени пумпи во срцето пред осум години, а рокот на траење на овие пумпи е пет години.  Христијан во февруари годинава алармираше дека му е потребна трансплантација на срце кога заедно со Исмет Хаџиу единствениот пациент со вештачко срце,…

Read More

Свадбата во Нерези од која има 14 заболени со Ковид-19, а семејството досега нема дадено ниту еден контакт од присутните на веселбата, не е предмет на истрага на Основното јавно обвинителство бидејќи ниту една надлежна институција не го пријавила случајот. Оваа семејна веселба со 100 -тина гости им создаде голем проблем на епидемиолозите затоа што не сакаат да им ги дадат контактите, а со коронавирусот може да се шири од човек на човек, неконтролирано. Кластерот „Нерези“, може да експлодира како бомба, а институциите не реагираат. Лекарски извори за НОВА велат дека сега и тие што станале позитивни не откриваат дека…

Read More

За Снежана Караџовска направивме се за да може да го добие потребниот третман во болницата АОФЕ во Остемберг, Холандија. Многу труд вложивме, променивме и Правилник, а јавноста има погрешен впечаток за целиот случај. Ова го тврдат двајцата директори на ФЗО, Миле Сугарев и Орхан Рамадани кои побараа да се слушне и нивната страна, со повеќе детали. НОВА ја доби и целокупната обемна документација за случајот. Сугарев и Рамадани, бараа хронолошки да го опишат текот на настаните, прво го покажаа Решението кое Караџовска го добила на 13.12. 2019 и со кое, како што велат, и е отворен патот да оди во…

Read More

Над 80 од вкупно 113 пациенти со Ковид-19 во ГОБ„8 Септември“, се ставени на кислородна поддршка. Ова е прпат во историјата на болницата од како е создадена како воена, толкав број на пациенти да се ставени на кислород во исто време, вели за НОВА, проф.др. Христија Костов директор на болницата која од 16 март е претворена во Ковид центар. Поради напливот од нови пациенти се отвораат нови оддели. Досега осум одели се ставени на располагање на Ковид центарот. „ Никогаш досега во историја на болницата немало толку пациенти на кислодна поддршка. Но, не се жалиме, мора да биде така иако…

Read More

Во недостиг на соодветни услови за изолација на ваквите пациенти ќе има зголемен ризик за ширење на инфекцијата на сите пациенти кои ќе бидат амбулантски и хоспитално третирани на клиниката. Дополнително, со ИЈЗ немаме никаков договор, а со изведувањето на овие тестови на нашата клиника , би се изгубило драгоцено време за итно постапување кај одреден број состојби, што е спротивно на правилата на медицинската етика, порачуваат лекарите од Клиниката за Токсикологија Итните пациентите да не се препраќаат на клиниките доколку не им се направи брз тест за коронавирус. Ваква одлука било донесено на состанокот одржан на 11 јуни на…

Read More

Снежана Караџовска, жената на која и се ампутирани двете нозе по сообраќајна несреќа во Турција ќе добие протези, но исклучиво преку македонска фирма за ортопедски помагала со која ФЗО има склучено договор. Откога ќе ги подигне треба да си ги однесе сама во Холандија или во договор меѓу фирмата и болницата да и бидат испратени по приемот за операција. Ова е суштината од одговор од Фондот за здравство за кој Караџовска чека цели шест месеци објаснување каде закочија работите зошто таа не може да отпатува на лекување,  а НОВА две недели за прашањата кои ги испрати на 31 мај. Но,…

Read More

Бројот на заразени со коронавирус , од мекиците во Охрид се искачи на 20,  а 80 луѓе се контакти ставени во изолација. Се зголемува бројот на новозаболени од семејната прослава на која се славело раѓање на бебе, во двор во семејна куќа. Според информациите на надлежените на прославата за два дена продефилирале 200 луѓе. Меѓу заболените е и таткото на бебето за кој се претпоставува дека е изворот на овој нов кластер. Тој е хосипитализиран во болницата во Битола, со лесна клиничка слика. “Бројот на новозаболенис е зголемува. На почетокот во епидемилошката анкета навеле само 30 контакти, но како почнаа…

Read More

Се огласи семејството на родилката-лекарка од ГАК за чие однесување се крена јавноста и институциите бидејќи не кажала дека има заболен или сомнителен член на семејството со што беа ставени во самоизолација многу лекари, медицински сестри и друг персонал во две болници. Откако беше ставена во изолација ја напушти ГАК на свое барање, се породи во приватна болница “Ремедика“ каде се утврди дека и таа е позитивна. Сега се наоѓа во самоизолација, дома бидејќи вчера на свое барање ја напуштила и Инфективна клиника, каде беше префрлена по породувањето со царски рез. Новороденчето е изолирано и одвоено од неа на две…

Read More

Исчезнала Изјавата од медицинското досие на родилката-докторка во која потпишала дека нема заболен член на семејството, а при прием криела дека нејзиниот свекор е позитивен на Ковид, дознава НОВА. Случајот е пријавен во МВР

Read More

Во двете родилишта(ГАК и Чаир) тврдат дека родилките лажат дека имаат некој заболен од семејството при прием, даваат лажни податоци или не се искрени при епидемиолошките анкети за Ковид со што ги доведуваат во опасност и родилките и персоналот

Read More

Сите седум пациенти кои починаа во изминатото деноноќие се пациенти со претходни коморбидитети и пациенти кои спаѓаат во ризична група, потврдија за НОВА во Министерството за здравство. Јавноста денеска е шокирана од големиот број на починати, но и 125 нови заболени во последните 24 часа. „Од починатите на Инфективна клиника: Пациентот (79г) Скопје -Сарај, е хоспитализиран на 21 мај, лекуван претходно од TBC (туберколоза), пациентката (66г) од Струга-Лабуништа е хоспитализирана на 8 јуни, а имала висок крвен притисок и дијабет, пациентката (54г) од Скопје – Студеничани е хоспитализирана на 5 јуни, а имала хронично обструктивна белодробна болест и гојазност. Од…

Read More