Author: Менче Атанасова Точи

Преставникот на канцеларијата на УНХЦР во Македонија, Мохамад Ариф во интервју за НОВА изјави дека Високиот комесаријат за бегалци го подигнува нивото на итност за состојбата со бегалците. Преставништвото зајакнува со повеќе луѓе, во Женева веќе добиле финансиски средства и се подготвени да интервенираат, особено во меѓузоната каде што ситуацијата е катастрофална

Read More

Синот на Сириецот кој почина од срцев удар, не дозволува телото на неговиот татко да биде погребано во Македонија. Информацијата за НОВА ја потврдија во УНХЦР. Тој е веќе во државата, откако по дводневно чекање влезе во Македонија, преку Грција

Read More

Ниту една од организациите не отишле да го превземат од граница 25 годишниот син на Сириецот кој пред два дена почина во Гевгелија. Младиот човек кој имал германски пасош, ноќта ја поминал на границата, спиел на отворено чекајќи некој да го однесе кај неговиот малолетен брат кој е сместен во згрижувачко семејство

Read More

Сириски бегалец починал денеска во Гевегелија, оставајќи го својот 16 годишен син сам, дознава НОВА. На 42 годишниот Сириец му се слошило, но и покрај пружената медицинска помош лекарите не можеле ништо да направат

Read More

Родители бараат еднакво, споделено старателство врз децата по разводот, во однос 50-50, а државата да не биде соучесник во неодговорното родителство со тоа што најчесто одредува „викенд –татковство“. Можен ли е ваков модел на старателство кај нас и кој е неговиот концепт? Во ПРОЦЕС зборуваат Горан Стоев од Иницијативата за промена на Законот за семејство и Драги Змијанац директор на Првата детска амбасада Меѓаши

Read More

Од 1-ви јули се затвора породилишето во Ресен. Министертвото за здравство одлучило да стави клуч на родилишетото кое постои 70 години, а жените од Ресен и околината да одат да се породуваат во Битола или Охрид, дознава НОВА

Read More

Верче Стојчевска, жената на која минатата и се слошило во фабриката „Дрекселмаер“, починала од мозочен удар. Нејзиниот сопруг Зоран вели дека не се жалела на работата, освен на третата смена која и била напорна, а за случајот ќе се изјасни откако ќе ги добие документите од компанијата

Read More

Како целокупната општествено- политичката ситуација влијае на зголемување на говорот на омраза. Зошто нападите врз новинари, активисти и граѓани, не се сфаќаат сериозно од правосудните органи, а не казнувањето уште повеќе ја подгрева атмосферата. Кои се најчестите основи за говор на омраза и каде се ги има. Во ПРОЦЕС на оваа тема зборуваат Јасмина Голубовска од Хелсиншкиот комитет и активист и Љуми Бекири од Студенски пленум и активист

Read More

ИВЗ: Државата да си ја превземе обврската и да обезбеди капацитети за сместување на мигрантите. Џамиите каде што се носат треба да се испразнат бидејќи утре започнува рамазанскиот пост.

Read More

Менче Атанасова Точи: Владата ги одобри измените на Законот за азил, но не го спаси образот на оваа држава, на овој народ. Мачениците конечно ќе можат да се качат во воз или автобус и како слободни луѓе, достоинствено да поминат низ нашата држава. Верувам дека дури тогаш светот ќе дознае за нашите логори, во кои условите се полоши од затвор

Read More

Како неефикасниот систем успеа да создаде можности за криминални групи кои ги напаѓаат и ограбуваат мигрантите, вршат криумчарење и трговија со луѓе? Може ли да ескалира состојбата во Центарот за мигранти пред рамазанските пости, поради катастрофалните услови. Што ќе се смени со измените на Законот за азил?

Read More

Во Центарот во Гази Баба има појава на заразни болести, а државата ги држи мигрантите како заложници во услови полоши од притвор, незаконски, со месеци. Затоа е потребно итно донесување на Законот за азил и зголемување на капацитетите, соопшти денеска Народниот правобранител Иџет Мемети

Read More