Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Како прислушуваните разговори открија вистински настан за време на локалните избори во Охрид, а човекот кој бил пресретнат од „барабите“,како што ги нарекува министерката Јанкуловска, од лежува казна затвор од шест месеци за напад на службени лица
Претставникот на ЕУ Делагацијата Мауро Ди Вероли за НОВА изјави дека Европската унија преку рамковната директива за периодот до 2020 година ги повикува земјите членки и земјите кандидати, да ги усогласат политиките и законодавството и да направат важни чекори во обезбедувањето на домашни политики за интеграцијата на Ромите
Илјадници граѓани се осудени, без нивно знаење на казна затвор во траење од три месеци или условно од една година бидејќи податоците на УЈП покажале дека имаат поголем приход од прикажаниот во обрасците што ги пополнувале во ФЗОМ
Таткото на градоначалникот на Кавадарци Петар Панов, денеска повторно физички и вербално ги нападнал браќата Методиј и Панчо Милкови, иако е осуден на четири месеци условна казна бидејќи во декември 2013 година му нанел тешка телесна повреда на неговиот сограѓанин Методи.
Во фаза на изработка е Национална стратегија и регистар за ретки болести преку кои ќе прецизира кои ретки болести ќе се финансираат со парите од акцизите на алкохолот и цигарите. Неколку здруженија на пациенти со ретки болести велат дека се дискриминирани. Во ПРОЦЕС на оваа тема зборуваат Драгољуб Димов од Здружението за цистична фиброза и Виктор Горгиевски од Здружението за акромегалија
Случајот на прилепчанката Мери Стојаноска која обвинува за нестручно изведена интервенција за време на нејзиното породување, по што починало и нејзиното новороденче, стигна во Лекарската комора на РМ. ДСЗИ бара од комората да се формира Комисија за стручен надзор која ќе спроведе постапка и ќе го испита случајот
За волонтерите кои работат по 10, 15 години, индикативно е што се бараат и луѓе кои работеле најмалку 3 месеци во институциите. Токму овој момент за волонтерите е спорен и тие стравуваат од нови партиски вработувања во државните институции
За случајот со пациентот Тони Карачоски кој денеска беше пронајден мртов, чувствувам морална одговорност бидејќи се друго што беше во моја надлежност веќе е превземено, изјави вечерва за НОВА Снежана Најдовска, директорка на психијатриската болница во Демир Хисар
Укинати се бесплатните микробиолошки брисеви за бремените жени од социјално загрозени семејства, за 75 проценти е намален буџетот за гинеколог во Шуто Оризари. На оваа тема во ПРОЦЕС разговараме со Игор Јадровски од ХЕРА и Салија Бекир Халим, параправничка и теренска работничка
Санитарната и здравствена инспекција од Битола констатирала дека нема неправилности во породувањето кај родилката Мери Стојаноска од Прилеп. Стојаноска вели дека извештајот отвара сомнеж бидејќи датумот на инспекциска контрола кај матичниот гинеколог не се совпаѓа со тоа што го пишува во извештајот и смета дека во него има многу недоследности
И лекарите се жалат на условите во прилепската болница. „Ние најчесто во Прилеп доаѓаме после дежурство од Битола и продолжуваме вкупно 48 часа непрекината работа. Проценете сами колкав е ризикот за да се направи грешка. Таму нема топла вода ниту греење, имаме проблем со светлата, со инструментите за работа“, вели за НОВА гинекологот Гоце Чакаревски
Мери Стојанска (28) отишла да се породи во болницата во Прилеп, а од таму заминала со тешки комликации и бебе кое починало по четири дена на Клиниката за детски болести. Taa обвинува за нестручно изведена интервенција за време на нејзиното породување на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп