Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Само за споредба доматите се продаваат за 50-60 денари, а во Грција пред намалувањето се продаваа за едно евро по килограм, краставици се продаваат за 30 денари, кајсиите од 80 до 120 денари, додека кај нашиот јужен сосед може да се купат за едно евро
Хелсиншкиот комитет го повикува јавниот обвинител да се заинтересира за случајот на претепаните деца од ромска националност од страна на Алфите и да покрене постапка против полициските службеници по повеќе основи, согласно Кривичниот законик на Република Македонија
Државата што побргу да изнајде начин со кој ќе се финансира превентивата на ХИВ/СИДА и ТБЦ, бидејќи по 2016-та година кога Македонија ќе престане да добива пари од Глобалниот фонд постои опасност да се зголеми стапката на заболени, реагираат од Секретаријатот на Националниот координативен механизам кој управува со грантовите на Глобалниот фонд
Оние кои во овој период планираат да патуваат во Саудиска Арабија, особено со масовното заминување на аџилак, треба да избегнуваат контакт со камили, да не конзумираат месо што не е термички обработено, да купуваат безбедна вода за пиење и да одржуваат лична хигиена, порачуваат здравствените власти
Кога граѓаните и должат на државата тогаш стапува на сцена принудната наплата. Но, кога државата им должи на граѓаните постојат други правила на игра. Во ПРОЦЕС овој пат разговараме за проблем кој го создава државата, за луѓето со посебни потреби кои самите заработуваат за живот, а Министерството за труд и социјала со месеци не им ги враќа парите за придонеси кои тие ги уплаќаат редовно до 15-ти во месецот
Во изминатите неколку месеци во Лекарската комора биле доставени повеќе дописи од доктори во кои тие известуваат дека при укажување на лекарска помош се почесто се напаѓани како вербално, така и физички од страна на пациентите или нивните најблиски роднини
Дваесетгодишната битолчанка која вчеравечер беше повредена на концертот
на „Сепултура“ во Младинскиот културен центар, се наоѓа на одделот за интензивно лекување при Хирушките клиники, велат од службата за информирање оттаму, за НОВА
Десетина скопски клиники непотребно ги враќале пациентите во родните градови по упат од матичен лекар иако можеле самите да ги креираат електронски. Само за еден месец во Фондот за здравство стигнале 26 поплаки од пациенти, 13 од нив се проверени и се констатирани пропусти во работењето
До Лекарската комора досега не стигнал официјален документ за или против работењето на доктор Ставриќ, така што секој е невин додека не се докаже спротивното. За жал тоа се докажа во една кратка судска постапка која не траеше повеќе од еден ден, одговори Чакаларовски на прашањето на НОВА, за официјален став во однос на апсењето на нивниот колега .
Арачиновци се жалат дека не можат да ги платат високите сметки за струја поради високата стапка на невработеност во ова село . Особено се уплашени поради работите кои ги изведува ЕВН последните денови, бидејќи сметаат дека со поставувањето на новите струјомери ќе бидат директно исклучувани од централата
Обреновац е град на духови, во него нема живот. Освен неколку стари луѓе и хотелот каде што е сместен кризниот штаб, во градот практично нема ништо. Ова за НОВА го изјави Владимир Лазаревик кој е дел од тимот на мисијата на СЗО за поплавените подрачја во Србија
Од комората ни одговорија дека Чакаларовски е на службено патување, а заменик претседателот Џабир Бајрами замоли да не го прашуваме ништо, се до вторник кога ќе има редовен состанок на раководството на Лекарската комора