Author: Mirjana

Цената на парното од први август ќе рипне за 14,18 отсто, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски рече дека новата цена на парното исклучиво зависела од цената на гасот кој поскапе за два пати од лани. Бислимовски апелира до институциите на локално и на државно ниво да ги имплементираат препораките на ЕУ за штедење на енергија зашто еден степен помала температура прави заштеда од 5 проценти на енергенси. „За просечна сметка од 1800 денари, значи дека ќе се зголеми за 250 денари. Од почетокот на годината цената на парното е зголемена за 28,18%, и доколку не…

Read More

Воздухопловните сили на САД испраќаат ескадрила од своите авиони Ф-22 „Raptor“ во Полска, како дел од нивната поддршка за мисијата „воздушен штит“ на НАТО. Целта, како што пренесуваат медиумите, е да се одвратат потенцијалните руски закани во Источна Европа. Вкупно шест ловци Ф-22 од 90-та борбена ескадрила неодамна се преселиле од нивната домашна база Елмендорф, Алјаска во базата на британските кралски воздухопловни сили во Лејкенхит. Според официјалното соопштение на претставниците на командата на американските воздухопловни сили во Европа и Африка, „шестката“ наскоро ќе се пресели во 32-та тактичка воздухопловна база во Полска. Како што пишува Јутарњи лист, уште пред почетокот…

Read More

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Б.(53) од Охрид, поранешен директор на Општата болница во градот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. „Во периодот од 01.11. 2021 до 30.04.2022, во својство на вршител на должноста директор на ЈЗУ Општа болница Охрид, со искористување на својата службена положба и овластување, со погрешно пресметување на платата по основ на друг коефициент, на секретарот на болницата му овозможил да земе повисока основна плата, при што на буџетот на болницата била нанесена штета од 100.357денари“, се вели во полициското соопштение.

Read More

На 28.07.2022 во 09.50 часот во Пробиштип, полициски службеници го лишиле од слобода 31- годишниот  Д.М. од Пробиштип. Тој се сомничи дека во периодот од мај до јули оваа година, по запознавање со две жени од Битола на социјалната мрежа Фејсбук и по започнување љубовна врска со нив, кај едната извршил кражба, а другата ја измамил за сума од 6500 евра и 72.000 денари, за што беше пријавено на 27.07.2022. Тој бил спроведен и задржан во СВР Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.

Read More

Русија го прифати американското барање за разговори меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс. Тој рече дека Вашингтон се уште очекува разговорите да се одржат во наредните денови, објави Ројтерс Блинкен рече дека ќе го искористи планираниот повик за да го притисне Лавров да одговори на „значајната понуда“ од администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден до Москва за да обезбеди ослободување на американските државјани – кошаркарката Бритни Гринер и маринецот Пол Вилан – кои се затворени во Русија. .

Read More

Климатските промени и нивните последици станаа наша реалност, која се манифестира на различни начини. Ние сме првата генерација што сериозно се соочува со последиците од климатските промени. За жал, човекот предолго е фокусиран на личниот развој и на создавање услови за поудобен живот и во таа желба за удобност и леснотија, се отуѓи од природата. Нашата отуѓеност ни се врати како бумеранг во форма на климатски промени кои претставуваат сериозна закана по нашите животи. Ова лето, шумски пожари беснеат низ Европа, а температурите во одредени области на југот на Европа надминуваат и 45 °C, што дополнително ја разгорува опасноста од…

Read More

Регулаторна комисија за енергетика за денеска најави повеќе детали околу цената на парното греење , откако вчера одржа подготвителна седница на која бил прифатен тарифниот систем според кој од понеделник односно од 01.08.2022 година, парното, според една калкулација на РКЕ, се покачува за околу 15 отсто. Денеска треба да е појасно прво: се околу покачувањето на цената и второ: дали државата би субвенционирала дел од ова покачување. РКЕ објави дека  прифатено било  снабдување со топлинска енергија за домаќинствата по 2,7795 денари од киловатчас. Овој износ, пресметано значи дека цената е покачена за 15 проценти повеќе од постојната цена која важи…

Read More

Во Собранието за денеска се закажани продолженија на две пленарни седници – 71. и 82. седница. На дневен ред на 71. седница се годишните извештаи на Народниот правобранител, како и годишните извештаи за работата на Судскиот совет, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година. Исто така, ќе се расправа и за Предлог законот за изменување на Законот за работни односи, како и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка. На оваа седница, како што е наведено на веб-страницата на Собранието,…

Read More

Стопанската Комора, како дел од активностите во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ (за подобрување на условите за работа на компаниите во регионот и за олеснување на увозот и на извозот на стоки, како и на слободното движење на трудот и на капиталот), со свои вработени е директно присутна на најфреквентниот граничен премин во нашата држава, на кој само во јуни и во јули во двата правци границата ја поминале вкупно околу еден милион патници. Во текот на јули вработените во Стопанската Комора на „Табановце“ констатираа: секој ден просечно по 40-ина камиони чекаат на преминот; за товарни возила во функција е…

Read More

По 20 дена интензивна потрага во море, на копно и од воздух, откако спасувачите волонтери од ОФКАТ го „прочешлаа“ Солунскиот залив, делот околу Халкидики, но и целото Егејско море, потрагата по Мартин прекинува на терен, но не запира, јави дописничката на МИА од Атина. Од ОФКАТ за МИА објаснуваат дека потрагата не запира, туку прекинува на терен, но продолжува на друго ниво, односно преку адвокати, сослушувања и слично. За досегашната потрага велат дека пребарале насекаде, во Солунскиот залив и по крајбрежјето од спротивната страна, на Халкидики, но и во Егејското море. Преку нивниот официјален Фејсбук, од волонтерски спасувачки тим соопштија…

Read More

Со цел да се надминат сите состојби кои се однесуваат на т.н   „затворски туризам” односно начинот на упатување на осудените лица на казна затвор како и други проблеми и решенија кои се во насока на усогласување на Законот за извршување на санкциите со меѓународните стандарди од областа на извршувањето на санкциите, Министерот за правда со решение уште од 16.06.2022 година формира работна група задолжена да работи на измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите. Работната група започна со својата работа на 07.07.2022 година а на состанокот беа разгледани повеќе предлози доставени од надлежни институции. Беше утврдена и динамиката на…

Read More

„Сето ова е само привремено. Пак ќе биде добро. Ќе имаме нов Советски Сојуз, голем и силен. Повторно ќе има мир. Никој нема да замине“ – изјави Шојгу во првиот јавен настап од почетокот на војната со Украина, а кое јавно обраќање на Твитер го објави украинскиот дипломат Олександр Шерба. „До оние кои мислат дека сето ова се случува затоа што НАТО отишол предалеку – слушате ли – твитна Шерба споделувајќи го видеото од обраќањето на Шојгу на Твитер. Украина претходно соопшти дека неиспровоцираниот конфликт е обид за повторно освојување на земјата која беше ослободена од власта на Москва со…

Read More