Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува односот од страна на државен службеник кон новинарот Африм Јонузи од ТВ21 за време на денешната прес конференција во едно скопско основно училиште. Имено, на вчерашната прес конференција, организирана од страна на Министерот за образование и наука и Градоначалникот на Општина Чаир со Директорот на основното училиште ,,Конгреси и Манастири” во општината Чаир во Скопје, новинарот Африм Јонузи од ТВ21 бил попречен во извршување на своите професионални задачи да сними инсерти од страна на лицето Шеријат Шаќири кој според кажувањата од страна на колегите е вработен како помлад соработник за оперативна поддршка…
Пишува Нано Ружин Во својот Политички тестамент, Кардиналот Ришеље запишал: …Преговарајте и само преговарајте…било да сте император, крал, дипломат..преговарајте без престанок, тајно или јавно, на сите можни места, бидејки тоа е за доброто на вашата држава“. Триста години подоцна амблематичниот дипломат Хенри Кисинџер авторитетно констатира дека во својата класична димензија „душата на дипломатијата се состои во приближувањето на дивергентните ставови преку дипломатското преговарање“. Дипломатијата е алатка на надворешната политика иако често погрешно дипломатијата и надворешната политика се изедначуваат како идентични дејности. Надворешната политика е стратегијата на државата додека дипломатијата е методат за реализација на оваа стратегија. Во триесетгодишната историја на независноста,…
– Не можеме, а да не реагираме на неодговорната изјава на претседателот Радев за „сепаратистичките ставови и тврдењата за малцинство што ги исповеда народот со кој се среќава претседателот Пендаровски“. Неговата изјава е лага и клевета и како таква е срамна за сите а особено за претседател, бидејќи срамот паѓа на сите граѓани, стои во соопштението од ОМО Илинден Пирин кое вечерва е дистрибуирано до медиумите по повод изјавата на бугарскиот претседател Радев, прашан да ја коментира средбата на македонскиот претседател Пендаровски со претставници на македонската заедница во Бугарија, на што одговорил. – Македонските Бугари се борат за еднаквост, која…
Претседателот Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност , одговарајќи на новинарско прашање за реакцијата од бугарското министерство за надворешни работи за средбата со претставниците на македонската заедница во Бугарија, рече дека и самиот бил изненаден зашто реакцијата била само констатација без супстрат, без аргумент. -Ако некому смета самата средба на претседател на државата со Македонци кои живеат било каде во светот,тоа не е мој, не е наш проблем. Ги сослушав Македонците од Бугарија и ги упатив дека остварувањето на нивните права може да го направат само во рамки на државата во која живеат или преку меѓународните судови, информира…
Безбедносната состојба е стабилна и нема индиции кои би укажале дека би довеле до загрозување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски по 14-тата седница на Советот за Безбедност на која седница за прв пат како нови членови присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски и Министерката за одбрана Славјанка Петровска. – Ако било што доведе до поинаква состојба, институциите се целосно подготвени да реагираат, прецизира Пендаровски. Што се однесува до состојбата во Западен Балкан, во контекст на тензиите во Босна и Херцеговина, Советот оценил дека тие се намалени и како резултат на активностите на…
– Секогаш кога Али Ахмети сака да се допадне на меѓународната заедница во неговите средби се откажува од Косово, и ја фали иницијативата на Србија Отворен Балкан каде Косово не се споменува, и измислува зелена агенда,а кога треба да се делат тендери, Ахмети станува загрижен патриот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на објавата на ФБ на лидерот на ДУИ во која најавува промена на стратегијата кон двете најголеми партии. Ахмети не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција туку треба да ги провери и кадрите кои 20 години се извор на криминал и корупција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Зелената агенда…
Години континуирани напори на различни актери да и наштетат на ДУИ, како и да го искористат за остварување на целите за нивните секојдневни партиски политики, напиша доцна синоќа лидерот на партијата Али Ахмети на својата фејсбук страница во рамки на што објави и видео со делови од изјави на претставници на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во зависност од тоа ДУИ со која од овие две партии коалицира/коалицирала во даден момент. Со ова лидерот на ДУИ се чини им отвори фронт и на двете најголеми партии со кои коалицирал без малку во последните дваесет години на власт, фронт во…
Министерството за финансии денеска го објави податокот за нивото на јавниот и државниот долг заклучно со 31.12.2021 година. Согласно објавените податоци јавниот долг заклучно со 31.12.2021 година изнесува 60,9 % од БДП. Јавниот долг се одржува на стабилно ниво. И во услови на здравствена криза која трае во последните две години, а последниот квартал на 2021 година се соочуваме и со енергетска криза, со политиките и мерките што ги преземаме нивото на јавниот долг на крајот на 2021 година забележа намалување во споредба со нивото на јавниот долг на крајот на 2020 година. На крајот на 2021 година јавниот долг…
По 9 месеци лекување од леукемија на Клиниката за детски болести, денеска конечно си отиде дома 4 годишната Ајше, која пред присутните на детската клиника додека го отчукуваше ѕвончето, сподели дека најмногу и недостасувала сестричката Алара. – На Универзитетската клиника за детски болести едно девојче успешно е излекувано од леукемија, изјави министерот за здравство Беким Сали koj денеска ја посети Клиниката со цел да види, како што рече, до каде се стигнати градежните работи во Одделот за онкологија, што наскоро се планира да биде отворен. – Онколошкиот центар на Клиниката за детски болести е еден од поуспешните во регионот и…
ВМРО-ДПМНЕ ги почна, како што велат, суштинските разговори со парламентарните партии потписници на Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по што ќе разговараат и со другите парламентарни партии. Формирањето една изборна единица, е носечка тема во разговорите за што веќе Предлог-законот е стигнат во собранието и на него веќе стојат потписите од неколку парламентарци, информира координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. – Во текот на денешниот ден имавме средба со Демократскиот сојуз претставуван од колегата пратеник Павле Трајанов и со ВМРО – Народна партија и на средбата беше колегата пратеник Љупчо Балковски, со кој што поразговаравме…
Изминуваат 15-те дена кои Општина Карпош им ги даде на верниците во Злокуќани сами да ја урнат бесправната градба на џамиското минаре. Подготовките се во тек, изјави за НоваТВ секретарот на скопското муфтивство Неџми Ферати. – Имавме средба со џамискиот одбор и се договоривме да се урне минарето бидејќи е правено без дозвола за градба. Се сретнавме и со верниците им кажавме и се договоривме да нема тензии и да се урне минарето, изјави Ферати за НоваТВ. Пред неполн месец мештаните на Злокуќани алармираа дека во нивното соседство буквално, како што изјавуваа, преку ноќ се издигнало минаре и дека тоа…
Во последниот Ковид19 биланс, регистрирани се 1.908 нови случаи на Ковид19 од 5.834 тестирања. Од нив и натаму најголемиот број се во Скопје 972 по што доаѓаат останатите градови со околу девет пати помалку новоинфицирани лица. Сликата во бројки за останатите градови изгледа вака: Кавадарци – 112, Куманово – 111, Битола – 105, Велес – 62, Тетово – 58, Прилеп – 54, Неготино – 46, Струмица – 45, Охрид – 43, Гостивар – 34, Гевгелија – 30, Штип – 27, Кичево и Кочани – по 24, Радовиш – 22, Ресен – 21, Валандово – 17, Крива Паланка – 16, Струга…