Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Извори од скопското муфтивство за НоваТВ потврдија дека муфтијата Ќенан Исмаили се вратил во земјава од службеното патување, па се очекува наскоро да се произнесат за случајот со џамијата во Злокуќани. Дали тоа ќе го направеле по пат на соопштение или на прес конференција, каде новинарите можат да поставуваат и прашања, засега се уште не било утврдено. Секретарот на скопското муфтиство, Неџми Ферати, потврди дека имотниот лист за местото каде се гради џамијата е во сопственост на ИВЗ но не знаеше да каже дали џамиското претседателство извадило дозвола за градба или се впуштило во „авантура“ да гради без дозвола. -…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за Дојче Веле, за предлог составот на Владата вели дека во неа се наоѓаат истите ликови чии политики беа поразени на последните локални избори, но и ликови кои што воопшто не се впечатливи додавајќи дека на овие позиции се дојдени како чувари на заевизмот и слепи послушници. „Сега во оваа влада се наоѓаат истите ликови чии политики беа поразени. Го имате Љупчо Николовски кој беше задолжен за антикорупција во времето кога оваа влада на сите скали е на првото место по корупција. Повторно министер е Маричиќ, кој е познат по неправдите и хаосот…
Претседателството на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) ќе иницира измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со цел да се подобри финансискиот и фискалниот капацитет, да се зголемат приходите на општините, а ќе побара и итен состанок со Владата за да се изнајде брзо и квалитетно решение за растот на цените на енергенсите. Претседателката на ЗЕЛС, Данела Арсовска на денешната прес-конференција информираше за заклучоците од втората седница на Управниот одбор, која се однесуваше на разрешување на предизвиците со кои се соочуваат општините, предизвикани од енергетската криза, особено од драстичното зголемување на цената на електрична енергија.…
Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил. Како што информираше министерот за оваа мерка обезбедени се 60 милиони денари. Со цел да се обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија, согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година Министерството за економија денеска објави јавен оглас за доделување на финансиска поддршка на лицата со ниски примања во 2022 година чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од…
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше изразено задоволство од нивниот позитивен развој, преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво. Република Северна Македонија и Република Албанија, беше констатирано на средбата, преку посветеноста на добрососедските односи, даваат силен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот, како и за неговата европска перспектива. Двете држави, како сојузници во НАТО, даваат свој придонес и во одбраната на вредностите на евроатлантската заедница. Во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија, двајцата претседатели ја констатираа потребата за деблокирање на процесот и скорешен…
Американец стана прв човек во светот на кој му е трансплантирано срце од генетски модифицирана свиња
Дејвид Бенет (57) се чувствува добро по експерименталната операција во Балтимор, која траела седум часа, информира Би-би-си известувајќи за првиот човек воопшто во чии гради почна да чука срце од генетски модифицирана свиња. Овој зафат бил последна надеж за спас на животот на Бенет а не се знае ни како ни колку ќе трае во периодот по трансплантацијата. Докторите во медицинскиот центар при Универзитетот на Мериленд добиле дозвола од регулаторните тела да ја направат операцијата бидејќи Бенет немал друга опција а поради лошото здравје тој не можел да биде ставен на листата за трансплантација на срце од починат донор. University…
Претставници на џамијата во Злокуќани денеска не се појавиле на закажаниот состанок со инспекциската служба на општина Карпош кој бил договорен за во 9.30 часот. Во саботата (8 јануари 2022 година) инспекциска служба на Општина Карпош излегла на терен но во моментот кога е извршена контролата не се вршени градежни дејствија, стои во соопштението. – Инспекторатот одреди 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повика одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но истите до сега не се дојдени. Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде…
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.01.2022…
Гласот за нафта, глас за демократија! Анализа специјално за Нова Тв на проф. д-р Татјана Дронзина од Софискиот Универзитет која своевремено живееше во Казахстан и работеше во Универзитетот Алмати во Казахстан и на проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје Што навистина се крие зад протестите во Казахстан? Сето ова сугерира дека енергетската политика и климатските промени – често гледани како прашање на домашната политика – всушност имаат растечко влијание и врз глобалната геополитика и врз геоекономијата. Казахстан е најголемата република по површина и количина на природни ресурси меѓу поранешните советски републики по Русија. Со други зборови, таа ја…
Според Европската макросеизмичка скала и првичните информации од таму епицентарот на потресот со јачина од 5,8 степени по Рихтер се наоѓа на подрачјето од Битола кон грчката граница, на два километри под површината на земјата. Потресот се почувствува околу 22.43 часот а не се исклучува можноста да се случиле и два последователни потреса. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, потресот е регистриран дека се случил на подрачјето на Грција со амплитуда од 5,5 степени. Според објавата следните 3-4 минути се случиле уште два потреса од 3.5 и 4.2 рихтерови степени со епицентар во Грција. Според првичните информации земјотресот е почувствуван речиси…
Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска денеска изјави дека нема амбиции да биде именувана за амбасадорка во НАТО. Во моментов, вели дека била фокусирана на министерските обврски, а за тоа што ќе се случувало во иднина, изјави дека ќе било познато зашто ионака ништо не останало тајна во нашата држава. Таа денеска беше на Криволак во извидница на градежните работи на објектите на полигонот и на обиколницата која води до таму. Шеќеринска се изјасни во суперлативи , за актуелниот амбасадор на Република Северна Македонија во НАТО, и дека со ова се потврдувала тезата колку е важно да се имаат добри луѓе…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остро ја демантира вчерашната изјава на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и претеникот од редовите на ВМРО, Петар Ристески за увозот на тутун, кој наводно го загрозува откупот на домашното производтсво. Секоја година во екот на откупот на тутун, ВМРО ДПМНЕ намерно шири невистини во врска со увозот на тутун со што му нанесува директна штета на тутунопроизводството но и на откупните компании. Вистината е дека тутунопроизводителите секоја година склучуваат договори со откупните компании, пришто откупните компании се обврзуваат целокупниот произведен тутун кој е договорен, да биде откупен. За реколтата 2021 склучени се 27.650…